VELUX EHF Champions League 2017/18

Кој е вашиот фаворит сезонава?


  • Вкупно гласачи
    30
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
8 мо колo-очекувања:kafence:

Бешикташ-Антички


Турците Селџуци имаат за нијанса подобар тим,и подолга клупа,ако не местат и не повампири некој Антички ракометар треба да тепаат.
Да видиме и Вилипче дали ќе дебитира конечно против својот екс тим.

Киелце-Алборг

Треба да има ревија од голови,како на првата текма,и сигурна победа на домаќините .

Мотор-Спортинг

Треба да е тесен меч,секој резултат е во игра,Мотор освен во првите две кола игра многу променливо,а Спортинг ако сака нешто повеќе во оваа група ќе мора денес да се покажат,клучен меч за зелените.

Вардар-Шалабајзери

Шалабајзерите имаа 3 екстра тешки текми за само 5 дена,се истурија од играње.
Мораше да пукни тиквата со Мелсунген,едноставно преморени беа,без доволна ротација,ете и Гвардиола се повреди,бог и батина во одбраната ,со само 10ина играчи не се победува на мечеви во гости со екстра јаки екипи,и Лајпциг и Мелсунген за Германски услови се повеќе од солидни екипи,да не прајме муабет за Вардар и Барса..
Денес се зависи од Вардар,ако изигра екипата како знаат,со тактички дисциплинирана игра ќе тепаат.
Ако влезат со индивидуален стил да завршуваат ќе има проблеми како лани кога Шалабајзерите со 7 версус 6 тактика ги отепаа.
Пак би требало Јакобсен да проба некоја си слична тактика,и тој знае дека ако не измисли нешто ново многу тешко ќе добие во Скопје против еден ваков Вардар.
Ќе видиме,треба да е интересен меч,Вардар треба да тепа со некоја разлика од 1-4 комада.

Веспрем-ПСЖ

Уште еден екстра меч,штета само шо ги бапнаа двата во ист термин,логика у курац,не знам зошто вакви безврска термини одредува ЕХФ.
Веспрем дома е многу тешко да се добие,ако не се лажам во ЛШ последните 4.5 сезони имаат само 2 порази и тоа баш од ПСЖ лани и од Барса,се друго победи.
Страшна атмосфера прават дома,и навистина ПСЃ ќе треба да изигра далеку подобро од неделата ако сака и во Веспрем да собери барем бод.
Овој пат не ми се верува така лесно да ја решетаат мрежата,и да дадат 33 гола,ќе стегни Љубо во одбрана 100%,иако против играчи како оние на ПСЖ не е доволно само добра одбрана,туку и голманите да скинат зицери.шо е можно повеќе,истото важи и за ШСЃ.
Треба да е уживање за гледање овој меч,мислам дека Веспрем има сила за победа,дури и фаворит е според бујкмејкерите,иако според имињата ПСЖ е во предност,блага.

Недела

Скјерн-Елверум


Комшиски дуел,треба да има 100 милиони голови овде.
Реално Скјерн е најјака екипа во групата,и со победа овде ќе си ја накриват капата,а и двојно се појјаки.

Цеље-Кил

Вистински тест за децата на Бранко Тамше,да го потврдат брејкот од Шпаркасе Арена,кога се надминаа себе си и ги помочаа Швабите пред 10К публика.
Сеа ќе видиме од шо се направени,дали беше само моментален блесок или нема да се уплашат од преценетите звезди на уште попреценетиот тренер Гисласон(лигушот).
Со победа утре(шо реално можат да ја остварат) децата на Тамше ќе се одлепат на +2 во однос на Кил
А и фактот шо Мешков игра со Фленсбург во гости е еден податок плус,со победа ете ги на 5то место.
Арно ама Шваба си е Шваба,на гости се поопасни,сигурно нема утре така лесно да е за Цеље,не ми се верува Гисласон пак да оди со орелот Зајц:pos:.
Но клучот е во голманите,ако Цеље има ден во напад и ги запука Швабите со +25 комада мислам дека имаат реални шанси за нешто плус.
И секако Лесјак како ќе избрани-реално Кил е во предност овде зошто има два екстра голмани,Цеље ако сака нешто повеќе ќе мора да напрај се САМО ДА НЕ ГИ РАЗБРАНИ,ако имаат напад ќе тепаат,и сакам да тепаат,многу симпатична екипа ми се,ултра модерен ракомет играат.:bravobe:

Нант-ППД Загреб

Нант со победа ќе заокружи една добра серија резултати,реално за класи се појјаки од децата на Камени,ама мора да го потврдат ова на терен.

Сегед-Барса

Уште еден интересен меч,да видиме како Сегед ќе изигра,дали научиле нешто од поразите или пак ќе го сркнат.
Реално и да изигра нешто екстра Сегед многу тешко ќе ја тепаат Барса,ама и Шпанците не се на нивоУ,чкрипат,посебно сеа додека се уиграат со Арон.
Жалуз од оломнани нема добра текма дадено:pos:,кога го избуши Вардар,десно само со Дика Мем,на пикер топло ладно со Шипршак кој се губи со јаките екипи.
Сегед од друга страна со многу проблеми,пред се во одбрана,муви бркаат голманте,редовно сркаат по 30 ,утре ако примат и приближно на 30 ќе губат.
Треба да е добар меч,се бива,Пастор не е од вчера тренер,можно е да извади некој луд резултат,знае да постави тактика стариот.
Сепак Барса е голем фаворит во текмата,иако против Сегед во Унгарија никој не може да е сигурен во победата.

Висла-Кристианстад

Меч TO BE OR NOT TO BE за Висла,последна шанса за лузерите да го избегнат фенерот.
Ако не тепаат утре толку од сите амбиции,реално Висла има многу добра екипа,ама некако повредите ги изреметија,пред се на Тарабокиа кој беше вистински лидер на екипата,без него како муви без глави се во организацијата и имаат мал милион технички грешки,играат со Крајевски на плеј,или со Дуарте и Обрадовиќ,а доста тешко оди,сепак Тарабокиа е далеку од овие.
Во Шведска на крај се изгубија,иначе заслужија барем бод,ако сакаат да имаат какви такви шанси за нешто плус утре мора да тепаат.

Фленсбург-Мешков

Треба да тепа Фленс,иако не се за фрлање Белорусите,топ екипа имаат,сепак во Фленс-Арена треба ептен јака игра за да се тепа домаќинот.

Монпеље-Медведи

Ревијален меч,за уигравање на некои резервисти на Канаје,и тој мора да ја штеди екипата,еве Гребиј и Симоне во аут.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Металург е големо срање од тим моментално кое што незнае кај тера, не дека има некои шанси да го врати стариот сјај, дури неможе да изгради тим кој што ќе биде од средна класа.
Начукаа 5 порази во низа, играта им е тешка катастрофа, формата на играчите исто, едноставно многу тешко одат работиве.
Овој Јовиќ после секој прокнижан пораз се вади дека искуството пресудило.. :cuc::pos:
Епа добро бе мастер јовиќу, ти како голем експерт, ќе можеш да предвидеш во баба ванѓа стил кога Жарета Пешевског ќе го стекне потребното искуство и да стане добар играч? 26 ги начука веќе, или сеуште е тој дибекот премногу млад и недоволно искусен за неговите противници кои имаат по 22-23 години .. :pos:
Квалитетот е во прашање мастер јовичу и твојата тренерска неспособност, тоа признај го а не искуството секогаш да биде пресудно.
Никој не очекува дека секој играч ќе биде алфа и омега секој натпревар, но ти во тимот имаш играчи кои не даваат знаци на живот веќе подолго време.
Велковски е најголемиот мизерник што го имам видено да игра на позиција десен бек, таков лош десен бек досега немам видено, изгубен е тоталка жалниот, голот не го гледа кога е во нападот, во одбраната е една од најголемите мизерии кој што има играно во Металург, таков лош одбранбен играч мислам дека никогаш немал клубот.
Па уште и со К.Лазаров го споредувате, сигурна била иднината после пензионирањето на Кире, наследник бил МАРТИН ФАКИНГ ВЕЛКОВСКИ... :pos::pos:
Арсеновски ти е сличен играч на Велковски, само на друга позиција.
Со таа тежина и висина неможе да се носи на позиција пикер, значи со таква висина и тежина да успееш во ракометот реално треба да си ВОНСЕРИСКИ ТАЛЕНТ, во вистинска смисла на зборот, овие се сосема спротивно од тоа, деца кои се изгубиле во спортот наречен ракомет.
Кузмановски ме интересира како ќе напредува, доста паднат е во формата, но мислам дека ако ја смени средината и добие вистински соиграчи ќе дотурка далеку, овде добива шанса, но тимот е како без компас, го стават често на среден бек, па дури и на десен.:pos:
Иста грешка ја прават и со Танкоски, детево има некој потенцијал, има муда за влез, тоа е многу важно за спортист.
Уште од почетна фаза во кариерата го играат на десен бек? која тренерска логика е ова стварно не ми е јасно?
Дете кое никогаш не одиграло утакмица на својата природна позиција да го форсираш на сосема друга позиција?
Каков напредок гледат во тоа не ми е јасно?
Па купете некој десен бек и остајте ги децата да играат кај што се надарени не туку им ги комплицирате кариерите..
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Доста солидно (во напад) одиграа Античките,голманот ги пресече во второ со тие неколку скинати зицери,пред се на Јокиќ во клучни моменти кога му скина контра од 3 метри.
Одбраната на Металург го изгуби мечот.
19 комада примија во второ,од нив речиси пола беа како да немаше никој во зона,кога стигна Фарук Вражалиќ да игра (принудно)на десен и да ги прај мајмуни двометраши во зона се е кажано,како на тренинг си подаваа Турците и си праеја чисти зицери,
Прибак МОТМ,вистински лидер на екипата,во страшна форма е дечкото,како само си играше со одбраната,ги отепа,па онај Јокиќ,Докиќ кога го помина во второ,како брз воз:pos:,излегува другарчето на 10 метра,ќе бранел :pos:,каде бе внуче?
Најслаба алка е таа дупка на 2ка,ги буши кој стигна од таму,:sneaky:Санталов:sneaky:,ете вчера и Прибак и тој другиот, Турак,Ерсин,па и Вилипче закуца 2 комада убав тој,и тоа на подалечна измена:icon_lol:,ами да играше во второ ќе беше како Рамазан Доне:backa:
Сума сумарум-Бешикташ во моментот е подобра екипа од Античките,реално,доста солидна екипа имаат,посебно првата постава,со некоја корекција за догодина можат да личат на далеку посериозна екипа.
Толга Озбакар ПИКЕРИШТЕ,онај треба сериозно да се проба во некоја посериозна екипа,со онаа градба и позиционирање има да растура,додуша и Жаре има слична градба ама НЕ Е СЕ ДО ГРАДБАТА:pos:,треба некој и да ги КУЦА ТИЕ ЗИЦЕРИ.:sekcza:
Кај Античките ќе треба сериозно да си поработат на одбрана,да примаш ти 30+ комада пер утакмица нема да победиш,барем не во СЕХА,а камоли во ЛШ.
Арсиќ сезонава е многу паднат во форма,лани беше сосема друга приказна.
Томовски треба да го искористи ова,исто и Даниловски,да го истиснат другарчето,сеа дури не е вратен СТАРИО ОД ДОМОВИНАТА:anco:,кога ќе се врати ништо:pos:.

Вардар страшно изигра:bravobe:
Небаре меч во СЕХА со Нексе играа:shook:,и тоа без Циндриќ и Мораеш,многу битни алки во напад и одбрана,нема збор тука,кога ќе се разработи еден систем после резултатите нема да изостанат,а системот на Раул се гледа дека е продуктивен.
Одбраната повеќе од солидна,нападот доста продуктувен,се прави чиста позиција или за отворен шут на бековите или се чека да се отвори некоја дупка кај пикер или по крила,едноставно се чека шансата.
Борозан растура дечкото,моментално според форма,според учинок,и важност на головите кои ги дава можеби е најдобар лев бек во ЛШ,едноставно разбива се пред себе,прва виолина во екипата,страшно изигра на сите 8 текми,едноставно незадржлив.
Кристопанс брка голема работа во одбрана,ама во напад е многу лабилен,неконстантен,ќе си напрај позиција за отворен шут и прави почетнички грешки,можеби и очекувано за играч од 500 метри висина,ама со оглед дека не е само СУРОВ СУРТУК како на пример Фин Лемке од Германска репка,туку има и техника,и УМ,ваљда ќе се среди,сеуште не е уходан,иначе не е будала Раул да го форсира цел меч,пред еден Македа кој ако играше вчера ќе ги изрешеташе Швабите од тие позиции,но Раул едноставно сака шо повеќе да го ухода Летонецот,реално му требаат вакви текми,шо повеќе.
Ваков десен бек е вистински раритет,само да го изделкаат со таа реализација,па ќе има сигурно константен учинок од минимуН 5 гола по меч,едноставно е невозможно онаква грамада да ја задржиш.
РНЛ реално немаше шо да бара вчера,беа надиграни тоталка,иако на моменти покажаа зошто се шампиони на Њемачка:icon_mrgr:,сепак против ваков Вардар немаа шанси,па дури и да беа одморни,виде и Николај дека нема шанса ,а се обиде со повеќе тактики ,и на крај ги остави играчите да го доиграат мечот.
Вистински тест за двете екипи е реваншот во САП Арена,посебно за Вардар.

Веспрем ОЧАЈ ,а почнаа страшно добро.
8 гола до 12 минута,после се изгубија тоталка,небаре некои аматери беа,па уште кога влезе Акамбре на лев,хаха,ГИ ОТЕПА,Момир на среден,како телетабиси беа во бековска линија,одвај 4 гола дадоа за цели 18 минути во прво,речиси сите насила,очај невиден.
Исто и Париз,само по обратен редослед,до 15 минута некаде само 5 комада,после загреа машината
Во второ иста приказна,од грешка во грешка Веспрем,никаква колективна игра,се насила,и си се редеа контрите.
Никогаш Веспрем не бил поочаен на домашен терен,и вака не бил надигран дома од многу одамна,да не беше Миклер кој скина доста зицери поразот ќе беше далеку поубледлив,а впечаток е дека и ПСЖ не се замараше многу,како со втора брзина да играа,без Хансен во цел меч,без вообичаениот придонес од бековите,ниту Карабатак,Ремили Сагосен УШЛИНОТ не беа во форма,чиста рутина беше играта на ПСЖ,си чекаа грешки и си дочекаа.
Со оваа победа,ако не кикснат некаде (непланирано) , речиси сигурно ПЕ СЕ ЖЕ е прв и ќе си го лади до 1/4 финале.
А Веспрем ако сака нешто повеќе ќе мора да ја средат играта,пред се во напад,АКАМБРЕ ,каде бе дете ти:pos:,кој криминал од играч,кој ги прелажа МАЏАРИТЕ да го потпишат овај секоја чест ,и на способност и со здравје да си ја арчи провизијата агентот:zloo:.
Џамали дреми на трибини,Акамбре ќе играл:pos:.
Јебига,ќе си чекаат сеа Ненадиќ како дожд по суша,за да ги вади од калта,со ваква ротација тешко ќе оди,кога стигна Мате Лекај да зема по 15 шута јасно е шо игра Веспрем во напад,едноставно дечкото гледа дека нема кој да презема одговорност и сам уди-камиказа стил.

Киелце се изнамачи,на крај се тресеа за победата.:icon_lol:,се извадија некако.

Мотор ги реши сите дилеми во групата,кога беше најпотребно,Спортинг вината за слабиот пласман да си ја бара во поразот од Античките во Скопје и очајниот учинок на двомечот со Украинците,за Медведи и Античките да не вредат:pos:
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
леле мори мајко колку е лош факинг металург , 10 порази во низа ќе ги изначукаат.. не се за гледање веќе, дефинитивно.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.698
Поени од реакции
6.619
@Tomasino некоја анализа за денес? Дали вреди да се брка првиот пораз на Вардар конечно?
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
@Tomasino некоја анализа за денес? Дали вреди да се брка првиот пораз на Вардар конечно?
Против овај Вардар не вреди да се игра.
Иако РНЛ има квалитет да ја победи било која екипа,посебно ако има ден Енди Шмит.
На овај меч се бива,посебно ако се оди по традиција,,Вардар два пати лесно го рашлапа РНЛ среда Германија.
Се е можно овде,РНЛ има далеку потешка задача со олед дека имаат страшен ритам ,по две утакмици неделно,и тоа какви утакмици,а Вардар лагано си чека ЛШ меч.
Треба да е интересна текма во секој случај,Вардар како колектив е во предност,иако и РНЛ сезонава полека почнаа да добиваат на константност во играта.

Киелце-ПСЖ

ПСЖ доста лабилно овај месец,3 победи во ЛШ против ултра јаки екипи,а губат од Ним и Аикс во домашно првенство.
Посебно МАТЕН е поразот од АИКС во средата,33 гола да примиш од АИКС,и да губиш констатно со разлика од 2-6 гола,цел меч од просек тим во Франција е во најмала мера СОМНИТЕЛНО.
Матер си ебале,мора да врти капиталот.:zloo:
Киелце дома е сосема друга екипа,за разлика од гости,денес треба да покажат ЈАЈЦА и да дадат отпор,имаат јака екипа,ама сеуште чкрипат.
Ако ја стегнат одбраната и да не примат 30ка треба да имаат некоја си шанса за изненадување..

Во другите мечеви треба да има лесни победи за Веспрем,Монпеље.
Фленсбург и Сегед се фаворити ,ама мора да се покажат на дело,домаќините се доста незгодни,посебмжно ова важи за Цеље кој има топ екипа сезонава,и навистина заслужуваат децата да поминат во 1/8 финале.
Да не изгубеа толку наивно со Кил,и да го добиеа веќе добиенот меч со Мешков дома сеа ќе имаат барем +2 бода на конто,вака ќе има тензија во групата околу пласманот понатаму.
Динамо-Елверум е меч за престиж,овде ако не се глупираат и не местат треба да има доста голови.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.807
Поени од реакции
15.728
Montpellier 28-33 Besiktas
Tečajevi prije meča

1 1.07 X 22.00 2 12.00 - :cuc:
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
И Сегед изгуби од Кристианстад,ПОПАРА резултатите денес :shook:.
Монпеље МЕСТЕНКА НА ПОЛУСЕЗОНАТА , so far:bravobe::zloo:.
Па и Вардар,ракомет небаре 1975 сме,очај,со одење играа.
Металург побрзо игра(ше):pos:
Послаб напад амин,тешка мизерија ова денес.
Нека му кренат еден споменик на Штербик,за успомен и дуго сечање,на грб ја носи цела екипа 9 кола.
Не 40К месечно,треба 200 К месечно.
Многу слаб ракомет изигра Вардар денес,мизерен,бодот е премија со оваа игра,и РНЛ беа слаби.
ПСЖ со втора брзина денес,добиваат во Киелце без двата пикери во екипата :),иако на крај видоа мака малку ама рутински завршија.
Тити ги уништи Пољаците во психа во прво,500 одбрани имаше.
Шо ти е вратар кога имаш.
И уште еден доказ на МАТНОСТА на утакмицата со АИКС во четвртокот,тешка превара.
Колку се мести значи ццц.:pos:
КарабатиЌи Брос Афера Волуме 2:D
Која афера КАЛЧОПОЛИ бе,аматери се жабарите за местенките во ракометот ,овие се во LEVEL EKSPERT MODE - ON.
За Веспрем не коментирам,чкрипат тие одамна,а Алборг не се нималку боса екипа.
Монпеље е за длабока анализа меч.
Треба Интерпол да се вклучи овде,без мајтап .
Превара од галактички размери.
Циркузантски тим како Бешикташ да го тепа лидерот на Француска лига,тим без ниеден пораз досеа,и тоа 5 разлика среде Монпеље,без разлика шо не решаваше мечот апсолутно ништо(освен колку пари ќе се фатат на комар):D
Хаха,каде бе?:pos:
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Викенд на МРТВИ(фаворити).
Посебно вчера.
А колото започна доста реално ,шо би се рекло.

Барса лесно со Загреб,да не речам и прелесно,ги отепаа уште од старт.
Немаа никакви шанси децата на Сарачевиќ.
Саботата Медведи во меч на ќориот и слепиот успеа да си скини уште некое бодче плус.
Вака така се поправија,пресвртница беше мечот со Античките во Скопје,се преродија оттогаш:icon_lol:
Спортинг разочарување, и тоа доста големо.

Античките не ги глеав,ама резултатот сам говори шо " ИЗИГРАЛЕ "децата на Ацо.
Па како вика,НЕКОИ ИГРАЧИ ЌЕ ТРЕБА ДА СЕ ЗАМИСЛАТ ЗА СВОИТЕ ИГРИ.:pos:Шо да мислат,не е до нив бе друже,ти како тренер треба да ги корегираш сите мани на екипата,изговори од типот МЛАДА ЕКИПА СМЕ не врват одамна.
Многу слаби се во последниот месец,непрепознатливи,одбрана порозна,напад ако оди арно,ако не ШТА ЧЕШ, така не се игра.
Имаат среќа шо во домашна лига сеуште екипите се далеку ,иначе одамна ќе беа во трет план.
Единствена екипа која има некој потенцијал да им ги замрси сметките е Еурофарм Работник,имаат и пари и се,ама изгледа нема Циле амбиција да ги турка Античките,иначе досега требаше да ги паднат од тоа второ место.

Кил на крилјата на ГЛАВОЊАТА го отепаа Мешков,како никој досега.
Ги искина глаучот,500 одбрани имаше.
Не е ни чудо шо Волф си ги пакува куферчињата и си бара чаре.
Мешков многу слаб,а не се нималку толку слаби како покажува резултатот,ама немаа сила во саботата.

Нант се помачи со Висла во второ,во прво како по ноти играа и ги изрешетаа.
Во второ заглави машината,се врати Висла,покажаа заби,ама немаа сили за нешто повеќе.

Горење машка победа,многу солидна екипа се.
Заслужено се во бараж за 1/8 финале.

За вчерашниот ден кажав и погоре.

:kajgana::kajgana::kajgana:резултати.
Алборг го попари звездениот состав на Љубо.
Малку ги ѕирнав,во прво,добро играа Данците,паметно во напад,до чиста ситуација,школски ракомет,типична Скандинавска школа.
Солидна екипа имаат,и со Киелце беа на праг на изненадување во Полска,напад за реми имаа,исто и со Кил во Германија,ептен беа потценети вчера од сите,а во ракомет не оди толку лесно.
Веспрем од друга страна како да не беше тука,нон стоп бркаа,безидејни,се чекаше некој индивидуален потег па да намалат.
Без тимска игра не се победува никаде,камоли во ЛШ и тоа во гости.

Цеље немаше сили со Фленсбург,иако покажаа заби децата на Тамше,стварно многу симпатична екипа се.
Вчера пак лансираа ново дете,Јуречич,на местото на Маргуч Џуниор,нова надеж на десно крило,како само му ги брцаше детето пеналите на орелот Андерсон,секоја чест.
Значи вистинска фабрика се за таленти Словенците,после се чудиме зошто имаат успеси,ене ги и Горење газат,исто и Копер на Вујо помина во групи,Рибница на Ристо Вујачич за малку не успеа,работат како Кинези се да си ебат векот:bravobe:
Фленсбург без калкулации си дојде во Словенија и рутински си ја завери победата.
Опасна екипа.
Вака така ни Веспрем ни Киелце,туку Фленсбург ќе си е втор.

За Вардар спомнав и вчера.
Нападот очај,за разлика од одбраната која беше ТОП,една екипа како РНЛ да ја задржиш на само 21 гол на домашен терен е голема работа,обично со 21 гол не се освојува бод или бодови.
Реален исход вчера,ниедна од двете екипи не покажа подобра игра.
Штербик скина најмалку 10 зицери,сите од чисти позиции,вистински коректор на цел тим,посебно кога нападот беше безидеен.
Циндриќ премногу топки поеба,ептен го исфорсира Раул,најверојатно сметајќи дека со неговата техника и дуел игра подобро би се снашол со таа централна одбрана на касапи на Шалабајзерите на чело со Гвардиола и Пекелер,на моменти покажа игра Лука,ама повеќе грешки имаше од добри потези,и тие топки шо ги даде или ги промашија пикерите,посебно Марсениќ,или заминаа во аут.
Борозан,најслаб меч откако е во Вардар,едноставно не знаеше кутриот кај тера.
Стигна Дедото да ја вади бековската линија,и можеби беше клучен меч во нападот за Вардар,баш во вистински моменти ги збрца тие голови.
Тоа е тоа,вака така Вардар ќе си е прв на табела,макар и ги изгубиле двете гостувања во Барселона и Нант,ама како играат овие дома не ми се верува да го тепаат Вардар.
Овај Вардар со оваа одбрана ќе е претешко да се победи,макар и кога играч очајно слабо,како вчера,а и во најголемиот дел од гостувањето во Сегед.
Тоа е силата на овие екипи како Вардар,РНЛ,шо знаат да наметнат свое темпо на игра,не се предвидливи како грото екипи,пред се зошто имаат многу јаки одбрани и јаки голмани кои држат константна форма,тоа ги прави доста опасни.
Ќе видиме,има време,засега оди се како под конец за Раул.

ПСЖ лаганица во Киелце,иако покажаа заби Пољаците,ама за нешто повеќе ќе треба многу повеќе.
Како тргнале Киелце ќе си добијат еден од Барса или РНЛ па ќе ги видиме од што се направени.
ПСЖ со речиси пола екипа победи,Карабатакот е во форма,за 40 минути закуца 7 комада,се виде по неговото исклучување колку падна играта на светците,едноставно дете за се во екипата,во двата правци,доста фали во екипата и Лука.
Засега како стојат работите ПСЖ од Б и Вардар од А групата се топ фаворити за Келн.

И за крај,Монпеље,секоја чест цареви,со здравје да се арчат парињата.:sneaky:
Сеа останува да видиме кој од Ц групата ќе им прави друштво во баражот,Скјерн и Горење одлучуваат за прво место.
Вака како стојат работите тешко Горење би напрајл некоја сензација,иако се е можно.
Доста спремна екипа има Жељко БабиЌу на лагер,Поточник и Цехте се бекови од новата генерација на Словенците,доста надежни,модерни пуцачи,ќе се шитнат овие двајца за брзо некаде во далеку поголеми екипи од Горење.
Како и да е,Горење е сигурен патник во бараж,шо е голем успех,за прва сезона во ваков формат на ЛШ воопшто не е лошо,6 победи во 9 кола е навистина импресивен учинок:bravobe:.

П.С.
Уште едно коло,па после пауза.
И секако,многу работи за на пролет ќе зависат од ЕП,која екипа ќе има среќа со играчите (повреди,замор на играчи,пад на форма)таа ќе има предност во разигрувањето.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Задље коло лиге првака(од есенскиот дел нормално)

Денес две текми на програмата.

Загреб-РНЛ

Ако имаат Загребчани некоја каква таква шанса за да земат некој скалп на некоја (по)голема екипа тогаш тоа е денес,со шалабајзерите.
Не за нешто друго,по состав Швабите се на секоја позиција појјјаки,туку дека влегоа во криза Шалабајзерите.
Одамна не им се случило на 5 утакмици со ред да немаат победа,посебно да врзат два порази во Бундеслига.
Ќе мора некој да ја плати КАМАТАТА.
Реално ако не се заебаваат треба да го испердашат Загреб,кој единствено би имал некоја каква таква шанса денес ако ја стегни одбраната и да ги натераат на грешки Германците,иначе тешко.
Премногу неорганизирано делува Загреб кога губат,а губат во речиси 90% од мечевите сезонава:pos:
Со Кристианстад водеа +4 на 15 до крај, и после едвај и бод извадија,со Висла одиграа перфектно прво полувреме со 18 гола,во второ беа мизерија тешка.
Тешко дека денес ќе направат нешто,освен да пружат отпор,посебно ако има ден некој од вратарите.
Треба да тепа РНЛ со некоја разлика од 1-4 гола,не ми се верува Јакобсен да си дозволи уште еден неуспех.

Дерби во Фленс Арена.

Вечното дерби на германскиот,можеби и европскиот ракомет.
Кил најслаб во последните 20 години,Фленсбург влезе во добра форма,посебно дома.
По сите параметри Фленсбург е во предност,пред се зошто има подолга клупа,но и Кил има адути,посебно во одбраната и голманите.
Ако има ден ГЛАВОЊАТА се бива,истото важи и за Матијас Орелот.
Треба да е добар меч.
Да се надеваме дека нема да ОЧОБОЛ УТАКМИЦА како првата текма во Шпаркасе Арена кога за 20 минути резултатот беше 3-3,со 500 милиони технички грешки од двете страни,тој меч треба да се прогласи за НАЈСЛАБ МЕЧ ВО ИСТОРИЈА НА ЛШ.:shook:
Мислам дека Фленсбург ќе тепа овде,секој друг резултат ќе е изненаџење.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
И би така, им го зедоа и они скалпот дома на лабилниве... :D

Вардар со победа речиси ќе обезбеди повторно 1 место во група.

Кил се држи повеќе од добро во дербито, очекував да добие лагано Фленс...
 

RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.618
Поени од реакции
2.717
И би така, им го зедоа и они скалпот дома на лабилниве... :D

Вардар со победа речиси ќе обезбеди повторно 1 место во група.

Кил се држи повеќе од добро во дербито, очекував да добие лагано Фленс...
Kil koga najmalce ke ocekuvas ke izigra top utakmica, nepredvidliv e.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom