Мотор покажа и докажа зошто е ПАРТАЛСКА ЕКИПА
Се разбудија Русите,ко стара пушка се,како тренерот.
Кристианстад забележа многу важна победа против Висла,во прво изиграа топ,во второ на почеток се изгубија,ама на крај стегнаа и со неколку удари од дистанца на Хенингсон направија брејк во мечот.
Висла како тргнале ќе си останат најголеми лузери во групата.
Мешков не успеа да направи изненадување и си го сркна дома(again) ,овојпат од комбинираниот тим на Фленсбург.
Јебига,си ја пропуштија шансата со Кил,кога тие мизерковци не ги тепаа нема шо да бараат повеќе,ќе си се задоволат со победата над Киелце дома,или можеби ќе го тепаат Кил во гости зошто да не?
Сегед е најголемо разочарување во последните неколку недели,3 врзани порази дома,и тоа сите со 30+ комада примени по утакмица,во очајна форма се,одбраната е очај,голманите муви бркаат.
За мене поразот на Сегед дома е големо,огромно изненадување.иако рековме дека Нант има топ екипа,ама и тие чкрипеа досега,а на тежок терен како Сегедин речиси и никој не очекуваше дека 33 гола ќе закуцаат,сепак најдоа село без кучиња и распалија.
Пастор ќе мора сериозно да ја разработи таа тренинг таблата шо ја мафта на секој тајм-аут,веќе е запален алармот,како тргнале ќе си добијат некој од ПСЖ или Веспрем уште во 1/8 финале и коњец филма
.
Очигледно е дека смрди нешто во екипата,не е реално екипа како Сегед вака да игра,страшен пад во форма,од онај тим шо беше пред победа со Вардар до екипа која прима 35 гола пер гејм,нема логика.
Спортинг очекувано лесно си ги ишлапа Турците Селџуци,со киксот на Мотор се враќаат во игра,посебно ако Монпеље не калкулира и ги тепа Украинците,а можно е и Античките да изненадат дома со Мотор,плус директен дуел меѓу Мотор и Спортинг ќе разреши многу дилеми,се е отворено овде до самиот крај.
Исто и во Ц групата,Адемар го тепа Горење,со посакувана разлика и при ист број бодови тие ќе бидат пред Словенците.
Исто и овде се е отворено за второ место,сите освен Динамо Букурешт имаат свои математики,таа екипа шо ќе напрај брејк на гости ќе заврши добра работа,интересна група е,доста изедначени се екипите.
Вардар прелесно со Загреб,како на тренинг,ги отепаа.
Штербик ефектот си го стори своето,ако не се лажам 44% одбранети удари,ги отепа во психа.
Многу слаб Загреб,ептен,а не се по имиња толку "отепани",барем на времето имаа одбрана,сеа од кој стигнаа примаат по минимуН 27,28 комада,со таков криминал од одбрана и толку слаба успешност на нападите нема победи,нормално е ова.
Вардар од друга страна со оваа тактичка поставеност,со формата,и на Штербик и Борозан и цел тим навистина делува многу добро.
Е сеа вистински тест се дуелите со РК ШАЛАБЈЗЕРИ,и гостувањата во Нант и пред се во Барселона.
Сабота е првиот тест,против за мене едно навистина пријатно изненадување РНЛ.
Шалабајзерите сезонава газат се пред себе,имаат ако не се лажам само еден пораз имаат од август досеа,а играат со навистина јаки противници.
Браво за Николај Јакобсен,со доста скромен состав,со меч во Бундеслига на 24 часа пред мечот со Барса,со речиси една постава вчера успеаа да извади бод од Барселона и да има напад за победа.
Ќе видиме во Скопје како ќе изиграат,вистински тест за силата за двете екипи.
Во неделните мечеви
Киелце конечно заличи на екипа и победи некого.
Иако пак примија еден тон голови,но овој пат дадоа уште повеќе и тепаа,заслужено.
Кил,хаха,која мизерија од тим,кои лузери ејјј.
Цеље,осакатен,без речиси пола прва екипа ги отепа среде Шпаркасе Арена,браво деца,секоја чест,ЅВЕРОВИ.
Кил,хаха,
Билик,Нилсен,кои гревчиња,хаха,вчера милион топки поебаа,на крај последните 10 минути се изгубија тоталка,цела екипа кога во два наврати со играч повеќе не можеа акција да сврзат,пикер бараа очајно,а ПИКЕР НЕМАШЕ,хаха.
Зајц,каде бе орел еден ти ракомет уште да играш?
Оди бе дечко не се резили,дај им место на златни деца,не знам дали гледаше некој вчера кога на -1 од 20 метра ја акна во стил на РОНДО и го бараше пикерот
,ја фрли едно 5 метра во висина топката,Шекил Онил во скок немаше да ја фати,од 20 метри,
уште се смеам кога си ја враќам ситуацијата,кој лудак,и овај игра пред Вујин и Вајнхолд
Да не прајме муабет за ударите над гол(по 2 метра во просек).
Заслужен пораз на Кил,нека се мисли Гисласон,кој одвратен лик е овај,и цела екипа,најомразена екипа ми се,само името остана од Кил,со играта далеку се.
Тешки провокатори,посебно Ландин и Гисласон.
ПСЖ заслужено тепа,во прво изгазија,посебно Карабатакот искина,7 комада,ги отепа.
Се врати малку Веспрем во второ,ама немаа сила за пресврт,имаа шанса ама не искористија.
Како и да е,заслужени 2 бода за Парижаните,нема збор тука,на онаква партија на Тити и Карабатакот во напад да не тепаа ќе беше срамота.
Спомнав за Шалабајзерите погоре,топ игра,секоја чест.со лимитиран состав,пред се заради возраста на Гудјон,Петерсон па мора да ротира Николај,Рниќ топ текма даде,исто и Рајнкинд,но го имаш Енди Шмит во екипа се е лесно,дечкото е како од криптонит,33 години има,ако не се лажам последните 3,4 сезони во сите натпреварувања нема пропуштено меч,шо ти е значи играч,и тоа игра нон стоп,на сите текми,од него тргнува и со него завршува секоја напад,едноставно МАШИНА,играч број еден досеа во светот,без никаква конкуренција,шутира,асистира,дете за се.
На крај имаа шанса за победа,не успеаа да искористат,сепак најреално е ремито на крај,со оглед дека имаа текма во Будеслига,против еден многу солиден тим на Лајпциг бодот е полна капа.
Барса разочара,освен првите минути се друго беше мачење,ептен безидејно,посебно во второ,на моменти само личеше екипата на екипа.
Палмарсон,се гледа колку влијаел врз него онај вакум период од месеци без официјален меч,едноставно непрепознатлив.еден куп топки промаши,ќе му треба време да се ухода со екипа,не се сомневам дека ќе се снајди.
Како и да е,Барса може да е задоволна и со бодот,иако имаа шанса и се надеваа на 2,ама со оглед на играта шо ја прикажаа,пред се немањето комбинаторика во напад-немаше ни топки до крила,ни контри,се беше рововска битка и бод им е многу,на крај нерешено е реален исход.
Аха да,АНТИЧКИТЕ,
добро прво полувреме,во второ блокада,посебно од 45 минута до крај кога дадоа само 1(еден)гол,во последните 10 минути дадоа 0(нула)голови.
Ок е,сепак реално со овај Монпеље и многу појјак тим од Металург не би пружил нешто повеќе од солиден отпор,топ екипа има Монпеље и не им е навистина местото меѓу лузерите.