smihajlo
Superposition, Relentless
- Член од
- 11 август 2010
- Мислења
- 3.755
- Поени од реакции
- 4.526
Ние се трудиме да евидентираме што е можно повеќе изданија (во најдобар случај сите, што е многу тешко да се случи, особено во „реално време“ - како се објавуваат јавно изданијата, да ги евидентираме во рок од 24 часа). И тоа може да се толкува како некаква промоција.
Но за нас промоцијата се случува кога:
Овие дополнителни содржини со кои акцентираме музика, настан или автор/изведувач/бенд/музичар/учесник го сметаме за промоција, а во регистарот без посебни рестрикции се обидуваме да евидентираме се до кое ќе дојдеме како информација дека е создадено од луѓе од Македонија (или издание во кое учествувал некој од Македонија).[DOUBLEPOST=1508884474][/DOUBLEPOST]
- изданието (во ситуација кога тоа е сингл) стои на првата страна како видео што може да се преслуша
- кога за него пишуваме добра критика и го споделуваме на нашите канали (Facebook, Twitter, YouTube, од неодамна и Хип-хоп аудио каналот api.muzichkiregistar.com/iradiovbu.aspx - посветен само на хип-хоп домашната музиката - планираме посебни канали за повеќе музички стилови во иднина, откако го стабилизираме овој за хип-хоп домашната продукција)
- кога за конкретен настан или личност (обично изведувач, музички автор, музичар) пишуваме напис (https://www.muzichkiregistar.com/Написи.aspx)
- кога правиме фото сторија за конкретен настан (https://www.muzichkiregistar.com/Фотосторија.aspx)
Забелешката за изгледот е на место и ја прифаќаме. Васил Буралиев (https://www.linkedin.com/in/vasbu/) е тој што до овој момент стои зад техничкиот развој и што според тебе треба да се врати во школо.
Нашето мислење е дека во моментот кога ќе го смениме изгледот на страницата, во краток рок - страницата ќе се популаризира многу повеќе од она што е сега (последниве месеци посетеноста варира помеѓу 200 и 300 посетители на неделно ниво).
Во тек е креирање API што ќе овозможи цврста дистинкција помеѓу серверот и клиентот на техничкото решение и во план ни е изгледот на веб сајтот да го обновиме, односно да го направиме да кореспондира со денешницата, а да изгледа како да е правен во почетокот на деведесетите од студент.
Како и да е, изминативе две години, фокусот доминантно беше на серверската страна, прибирањето на податоци. Во моментов сервисот има информации за околу 2600 музички изданија (сингл, EP, LP, компилација) во кои учествувале македонски автори, околу 1400 изведувачи/бендови, околу 4600 учесници што контрибуирале во реализација на евидентираните изданија и околу 11.700 песни/траки. Има динамика од евидентирање нови и стари изданија од (од прилика) 5 до 30 изданија неделно. Процесот е мануелен, односно луѓе ги внесуваат информациите.
Откако го завршиме API-то, следува инспирација за дополнителни сервиси што ќе може да се понудат (сега веќе има многу податоци и може дополнителни интересни сервиси да се понудат) како и да се освежи изгледот на страницата за да ги задоволи високите естетски критериуми, особено на младата публика (оние што најмногу ги интересира музиката - барем според нашата евиденција и статистика што ја водиме).
Имаме отворена покана за секој што сака да контрибуира во иницијативата. Една од позициите што ги сметаме за важни се и Веб Програмер односно попрецизно и со малку по стручна терминологија Front-End Developer.
Па ко воли, нек изволи да видиме какви букви, на каква позадина домашните дизајнери се способни да понудат.
Реално со релативно малку работа може изгледот значително да се подобри. Со библиотека како Bootstrap може преку вечер страната да добие модерен изглед.
Инаку да, тоа што ви треба е Front End Developer.