BБУ Mузички регистар

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Ние се трудиме да евидентираме што е можно повеќе изданија (во најдобар случај сите, што е многу тешко да се случи, особено во „реално време“ - како се објавуваат јавно изданијата, да ги евидентираме во рок од 24 часа). И тоа може да се толкува како некаква промоција.
Но за нас промоцијата се случува кога:
  • изданието (во ситуација кога тоа е сингл) стои на првата страна како видео што може да се преслуша
  • кога за него пишуваме добра критика и го споделуваме на нашите канали (Facebook, Twitter, YouTube, од неодамна и Хип-хоп аудио каналот api.muzichkiregistar.com/iradiovbu.aspx - посветен само на хип-хоп домашната музиката - планираме посебни канали за повеќе музички стилови во иднина, откако го стабилизираме овој за хип-хоп домашната продукција)
  • кога за конкретен настан или личност (обично изведувач, музички автор, музичар) пишуваме напис (https://www.muzichkiregistar.com/Написи.aspx)
  • кога правиме фото сторија за конкретен настан (https://www.muzichkiregistar.com/Фотосторија.aspx)
Овие дополнителни содржини со кои акцентираме музика, настан или автор/изведувач/бенд/музичар/учесник го сметаме за промоција, а во регистарот без посебни рестрикции се обидуваме да евидентираме се до кое ќе дојдеме како информација дека е создадено од луѓе од Македонија (или издание во кое учествувал некој од Македонија).[DOUBLEPOST=1508884474][/DOUBLEPOST]

Забелешката за изгледот е на место и ја прифаќаме. Васил Буралиев (https://www.linkedin.com/in/vasbu/) е тој што до овој момент стои зад техничкиот развој и што според тебе треба да се врати во школо.
Нашето мислење е дека во моментот кога ќе го смениме изгледот на страницата, во краток рок - страницата ќе се популаризира многу повеќе од она што е сега (последниве месеци посетеноста варира помеѓу 200 и 300 посетители на неделно ниво).

Во тек е креирање API што ќе овозможи цврста дистинкција помеѓу серверот и клиентот на техничкото решение и во план ни е изгледот на веб сајтот да го обновиме, односно да го направиме да кореспондира со денешницата, а да изгледа како да е правен во почетокот на деведесетите од студент.
Како и да е, изминативе две години, фокусот доминантно беше на серверската страна, прибирањето на податоци. Во моментов сервисот има информации за околу 2600 музички изданија (сингл, EP, LP, компилација) во кои учествувале македонски автори, околу 1400 изведувачи/бендови, околу 4600 учесници што контрибуирале во реализација на евидентираните изданија и околу 11.700 песни/траки. Има динамика од евидентирање нови и стари изданија од (од прилика) 5 до 30 изданија неделно. Процесот е мануелен, односно луѓе ги внесуваат информациите.

Откако го завршиме API-то, следува инспирација за дополнителни сервиси што ќе може да се понудат (сега веќе има многу податоци и може дополнителни интересни сервиси да се понудат) како и да се освежи изгледот на страницата за да ги задоволи високите естетски критериуми, особено на младата публика (оние што најмногу ги интересира музиката - барем според нашата евиденција и статистика што ја водиме).

Имаме отворена покана за секој што сака да контрибуира во иницијативата. Една од позициите што ги сметаме за важни се и Веб Програмер односно попрецизно и со малку по стручна терминологија Front-End Developer.
Па ко воли, нек изволи да видиме какви букви, на каква позадина домашните дизајнери се способни да понудат.

Реално со релативно малку работа може изгледот значително да се подобри. Со библиотека како Bootstrap може преку вечер страната да добие модерен изглед.

Инаку да, тоа што ви треба е Front End Developer.
 
Веројатно си во право во контекст на правците и музичките стилови. Можеби класификацијата и може да биде подобра. Тоа е една од темите што до сега неколку пати сме ја дискутирале. Во тој контекст пристапот до сега беше следен:

  1. Да идентификуваме неколку основни правци што ќе направат дистинкција помеѓу изданијата што ги евидентираме, притоа да ги искомпицираме претерано работите околу правците и стиловите, меѓудругото и поради тоа што компетенцијата во тој дел, ако одиме во детали, ќе недостасува.
  2. Во меѓувреме се обидуваме компетенцијата меѓу нашите редови во тој контекст да ја подобриме читајќи литература, следење на сродни сервиси (како на пример www.allmusic.com) за да видиме како тие решаваат некои работи.
  3. Паралелно се обидуваме да го зголемиме тимот со компетентни луѓе што ќе бидат стручни во различни области, за квалитетот и обемот на сервисот да го зголемиме.
Како и да е, оваа тема ќе дојде на ред и веројатно поинтензивно ќе се бавиме со нејзе, откако успееме да најдеме доволно компетентен човек за тоа што ќе сака да ни се приклучи и да ни помогне.

Тајзи и Реге
Веројатно ако песните на Тајзи треба да се сместат во реге музика ќе биде грешка, но неговиот специфичен вокал, особено во некои од песните, наликува на вокал специфичен за Реге песните. Ние обидувајќи се да направиме некој компромис, особено неговите последни песни ги атрибуираме со пред се поп, па потоа и со реге. Идејата е дека ако некој ги филтрира изданијата според реге, да може да му се појават во листата. Се чини дека во твојот случај, излистувањето на Тајзи под Реге стилот е повеќе од доволна причина за твојата порака. И можеби си во право. Може треба да ги ревидираме некои од песните на Тајзи да останат одбележани исклучиво како популарна музика.

Фала ти за коментарот и поздрав
Ок нема проблем и за твојата критика , но на пример Тајзи е дискутабилен да речеме. Но бенд (Гласном) што свири рап - метал е класифициран во панк ?!
 
Ок нема проблем и за твојата критика , но на пример Тајзи е дискутабилен да речеме. Но бенд (Гласном) што свири рап - метал е класифициран во панк ?!
Затоа најдобро е да се направи сами бендовите и соло артистите да си регистрираат свој профил и сами да си пишат што жарн се.[DOUBLEPOST=1509016188][/DOUBLEPOST]Знаеме дека фолк етно песните и оние евергрин македонски песни се често препејуваат кај нас и им се прават разни жанровски аранжмани па би можело ако се направи сајтов како сервис каде би можело да се слушаат песните да ако пример ја пуштиш Слушам кај шумат шумите од Некст Тајм да се појават и оние други верзии од песната истот и со други такви песни кој имаат преработка.

Еве ќе го спомнам сајтов http://pesna.org кој е за македонска фолк музика и такво нешто има за сите песни кој се преработени во повеќе или една друга верзија. Ем текст, ем повеќе верзии на песната за слушање онлајн.
 
Последно уредено:
Ок нема проблем и за твојата критика , но на пример Тајзи е дискутабилен да речеме. Но бенд (Гласном) што свири рап - метал е класифициран во панк ?!

Го преслушавме „Реактор“ од „Гласном“ (https://www.muzichkiregistar.com/AlbumDetails.aspx?id=16304) и да, веројатно е многу подобро кај жанрови да се дополни „Панк“ со „Рок“, „Хардкор“ и „Хип-хоп“. Тоа веќе и го направивме.

Во оваа прилика, би те замолил и тебе и останатите што би сакале да придонесат во подобрување на квалитетот на податоците, да ни пишете преку следниот интерфејс кога ќе идентификувате погрешен податок или информација.

upload_2017-10-26_23-59-22.png

Во секој случај ти благодариме на посочувањето @Ska Maniac .

Поздрав,[DOUBLEPOST=1509055924][/DOUBLEPOST]
Затоа најдобро е да се направи сами бендовите и соло артистите да си регистрираат свој профил и сами да си пишат што жарн се.

Да, тоа би било најдобро и сакаме да се движиме натака, односно таа идеја да ја следи и имплементацијата на техничкото решение. Меѓутоа и сега и без таа можност (која бара многу вложување според наша проценка) оние автори што не контактираат и ни ги испраќаат информациите за нивните изданија, ни ја даваат и таа информација кога има потреба. Мислиме дека многу поголем проблем е да се популаризира сервисот кај авторите, бендовите, изведувачите ни проследуваат информации за да нив ги заинтересира да им бидат објавени нивните изданија на сервисот, отколку да постои техничка можност за тие сами да го направат тоа.
До овој момент, сите оние што ни пристапиле со барање нивно издание да биде евидентирано во Регистарот, тоа било направено во најголем број од случаевите во 24 часа.
Во моментов предизвикот е како сервисот да се популаризира и оние што ја создаваат музиката, да не третираат како медиум што треба да го информираат кога има ново издание. Па понатаму во наредни фази можеби и како издавач. Тоа е поголем и поинтересен предизвик во моментов за нас.[DOUBLEPOST=1509056093][/DOUBLEPOST]
Еве ќе го спомнам сајтов http://pesna.org кој е за македонска фолк музика и такво нешто има за сите песни кој се преработени во повеќе или една друга верзија. Ем текст, ем повеќе верзии на песната за слушање онлајн.

Да, овој сервис е добар. Веќе го знаеме.[DOUBLEPOST=1509057478][/DOUBLEPOST]
Доколку би се вклучиле во сето ова покрај самите музичари и издавачите .може сето ова да се направи и како што се светските веб сервиси Google play music, Itune, Deezer и други слични сервиси. Да може да се плаќа секое слушање или симнување на одредена песна или албум. Цената ќе си ја креира самите автори и издавачи. Доколку се вклучат тука и музичките продавници како што се Југотон, Мистер компани и слични да може секој албум покрај опцијата дигитално да се купи и испечатено на носач на звук. Само сето тоа не знам како би можело да се направи со парите, сепак покрај музичките продавници, авторите, музичарите и вие треба нешто да заработите за да може целиот овој проект да се одржува.

За сите спомнати работи во твојот пост/порака (односно мислење, според терминологијата на Кајгана) веќе сме размислувале и дискутирале и сеуште разговараме за некои од допрените теми во твојата порака. Најголемиот идентификуван проблем, барем од нас, во моментов е што луѓето многу малку се спремни да купат музика. Со продавниците што ги спомнуваш сме имале неколку пати дискусија на различни теми. Ситуацијата во контекст на купување музика не е најдобра и тука. Тука ние гледаме многу повеќе општествено-социјален предизвик отколку бизнис/деловен. Оваа тема е многу голема за кратка реплика и бара сеопфатно излагање за што е многу доцна во моментов на пишување на оваа порака.

За радио станиците и угостителските објекти може да се направи дел каде ќе си прават листа на најслушани и најбарани македонски песни за секој месец. Исто така за угостителските објекти добро би дошле овие радио канали а не сакаат да пуштаат радио каде има реклами и емисии да некој цело време зборува туку чисто само музика.

Ваков сервис постои во Македонија што го работи една фирма по, своевидна лиценца на една Скандинавска компанија. Меѓутоа, тој сервис им нуди интернационална музика, а не домашна. Повторно, зошто е тоа така, е голема тема за дискусија. И оваа идеја како некаков деловен модел сме ја дискутирале, па така дојдовме и до овој сервис, па имавме разговор и со фирмата што го нуди тој сервис кај нас.
Нашата ултимативна идеја во овој сегмент е да го изградиме Регистарот во платформа што ќе овозможи преслушување на домашни песни за кои ние би се грижеле да ги собереме во различен квалитет за репродукција, а ХОРЕКА (Хотели, Ресторани, Кафулиња) да го користат сервисот, а списоците за репродукција на песните да се испраќаат во ЗАМП за тие да имаат релевантни информации каде што се пушта.[DOUBLEPOST=1509057788][/DOUBLEPOST]
Реално со релативно малку работа може изгледот значително да се подобри. Со библиотека како Bootstrap може преку вечер страната да добие модерен изглед.

Инаку да, тоа што ви треба е Front End Developer.

Тоа звучи премногу добро за да е вистински возможно. Но ќе го подобриме и тој дел, ти благодарам за забелешките и коментарите. Ни значи да знаеме каде луѓето би сакале да видат подобрувања кај Регистарот.
 
Последно уредено:
Нашата ултимативна идеја во овој сегмент е да го изградиме Регистарот во платформа што ќе овозможи преслушување на домашни песни за кои ние би се грижеле да ги собереме во различен квалитет за репродукција, а ХОРЕКА (Хотели, Ресторани, Кафулиња) да го користат сервисот, а списоците за репродукција на песните да се испраќаат во ЗАМП за тие да имаат релевантни информации каде што се пушта.
Само што тешко е да се убедат газдите на тие угостителски објекти да го користат вашиот проект и да пуштаат само исклучиво македонска музика. Тоа е исто како да им речеш од утре нема веќе во менито Амстел, Туборг, Хајнекен туку исклучиво само македонските Скопско, Златен Даб, Горско Крали Марко...
 
Затоа најдобро е да се направи сами бендовите и соло артистите да си регистрираат свој профил и сами да си пишат што жарн се.[DOUBLEPOST=1509016188][/DOUBLEPOST]Знаеме дека фолк етно песните и оние евергрин македонски песни се често препејуваат кај нас и им се прават разни жанровски аранжмани па би можело ако се направи сајтов како сервис каде би можело да се слушаат песните да ако пример ја пуштиш Слушам кај шумат шумите од Некст Тајм да се појават и оние други верзии од песната истот и со други такви песни кој имаат преработка.

Еве ќе го спомнам сајтов http://pesna.org кој е за македонска фолк музика и такво нешто има за сите песни кој се преработени во повеќе или една друга верзија. Ем текст, ем повеќе верзии на песната за слушање онлајн.
За слободно спуштање би било проблем заради авторските права на продукциите на групите или пејачите.
 
За слободно спуштање би било проблем заради авторските права на продукциите на групите или пејачите.
Епа затоа мислам дека е добро да е на плаќање како на Google play music или Itunes. Но сепак како и да го смислат добро е што на некој му текнало и го реализирал целиот овој проект каков што е засега.
 
Концептот е ок али треба да ја подноват веб страната. Тој што мислел дека зелен текст на црна позадина е добра идеја треба да се врати во школо.

Веројатно креаторите на Матрикс и Елиен исто така треба да се вратат назад во школо? Иако ги креираа најкултните поп-културни симболи, секој со свој посебен вкус (интерфејс со зелен текст на црна позадина).

А и јас така цело време пишувам во Ворд xD
 
Веројатно креаторите на Матрикс и Елиен исто така треба да се вратат назад во школо? Иако ги креираа најкултните поп-културни симболи, секој со свој посебен вкус (интерфејс со зелен текст на црна позадина).

А и јас така цело време пишувам во Ворд xD

Ако ги разгледаш постерите ќе видиш дека вообичаено текстот е со бела боја. Во матрикс имаш зелена на посветла нијанса на зелена, а во одредени делови каде има на зелена на црна се работи за целиот екран.

Во дотичниов случај повеќе ми беше критиката за контрастот отколку изборот на боите. Ако обратиш внимание на футерот ќе видеш дека имаш темна нијанса на зелено што е скоро нечитлива.

Инаку општо имам повеќе критики али тоа за другпат. Си кажа дечкото дека работеле повеќе на back-end и дека им фали front-end developer.

Дотичниот developer претпоставувам работи back-end и најверојатно тој дел е доста солиден али front-end-от е далеку од добар, со време претпоставувам ќе го средат и тоа.

Во глобала кога ќе отвориш некоја страна не треба да се губиш што е каде е или да те бодат во очи комбинации на бои.
 
ВБУ Музички Регистар Хип-хоп аудио канал. hiphop.muzichkiregistar.com
23518967_694552310742467_4121754414210960483_n.jpg
 
интересна случка во соседството...

ZVUČNA PRESUDA
KAKO JE MR. CHEN POBIJEDIO ZAMP Inspektor podnio tužbu protiv kineskog ugostitelja koji drži restoran u Zagrebu, na sudu se nije dobro proveo
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom