FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.494
Поени од реакции
9.494
Два филма на едно цд за 50 ден, едниот си го избрал по каверот пошто добар ти изгледал, за другиот никакви податоци немаш каков е, прашање на среќа е дали ќе го биде за гледање и дали воопшто е филм. И среќни задоволни бевме, утре пак ќе си купевме, сега не гледале под 7 оцена, не гледале со лоши критики, не гледале стар им бучел, црна им била снимката, хорор под 6 оцена не бил хорор, имдб 250... тоа е.
Гледам јас се, со 2 оцена, култни некултни, стари, нови, сакани, омразени, им поминало времето или не, со ефекти без ефекти, со зомби, со принцези и со жаби, неми, албански, бугарски.. се ако ми фати око.
Доста е, претерав, ај чао.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.715
Најозбилната причина зошто сакав да се приклучам во клубов е баш поради тоа што мислев дека сите тука сте Open minded и дека нема да судите каков и да филм се предложи. Оти знам дека и да предложам според мене добар , според многумина лош филм кој што го суделе без да го изгледаат ( што е воедно и најарогатната карактеристика на човек ) вие тука ќе го изгледате , па и кога ќе дадете лоши критики барем знам сте изгледале. Се отвараат многу хоризонти со клубов , затоа и ми е жал што касно се приклучувам :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.334
Не го кажав јас зошто е култен филм со некој статус, баш обратно и уште мислам дека не го добил вниманието што треба да го има како таков, прилично е непознат и сигурно сите тие податоци што си ги кажал си ги дознал сега со оваа прилика, а не си ги знаел зошто бејби џејн била популарна тема низ светот и главната причина зошто е баш овој филм ја пишав во мојот пост, затоа што има посебна вредност за мене и сакам да го споделам тука. А не да собирам оцени поради статусот па демек култен е никој нема да се осуди да му стави ниска оцена. Тоа не ми ни значи нешто, ни клубов го гледам како натпревар, баш ми е жал што така си проценил ако си проценил така воопшто, пошто ми се спие мене ептен, обично спијам ова време :oops:
@Хоуп , не реков ништо лично ни за тебе, ни конкретно за твојот предлог дали е пријавен за оценки или не за оценки. Не ни спомнав оценки. Да беше така, сите ќе земевме да пријавуваме по ред од ТОП 250 листата филмови. Зборот ми беше дека филмов не е на нивото на еден Rebecca, на пример. (Ми текна на него зашто знам дека ти се допаѓа.) Статусот „класик“ веројатно го има добиено заради квалитетот, не спорам, но само по себе се наметнува прашањето дали при тоа имал помош и од други, вон-филмски критериуми, како ете, на пример, ривалството на актерките, војната помеѓу нив. Наспроти тоа, сигурно постојат бар десетина филмови за кои никој ништо не слушнал, а се подобри од овој. Затоа, прашањето ми беше, дали и ти воопшто ќе го имаше гледано филмов да немаше таков статус - „класик“? Не дека ти бираш филмови за гледање затоа што се класици, туку затоа што не си успеала да го најдеш тој, подобриот. Не знам дали ме разбираш сега. Значи немам ништо против тебе, ни против твојот предлог, само малку филозофирам, ете така, најдобро да се изразам. :D

А за филмов, да, прв пат слушнав пред некој месец, кога ги објавија номинациите за Еми, и кога гуглав за Feud: Bette and Joan. Што значи - податоците кои ги кажав ги дознав пред неколку месеци, не негирам. Но не сега, во оваа прилика.[DOUBLEPOST=1506722129][/DOUBLEPOST]
Најозбилната причина зошто сакав да се приклучам во клубов е баш поради тоа што мислев дека сите тука сте Open minded и дека нема да судите каков и да филм се предложи. Оти знам дека и да предложам според мене добар , според многумина лош филм кој што го суделе без да го изгледаат ( што е воедно и најарогатната карактеристика на човек ) вие тука ќе го изгледате , па и кога ќе дадете лоши критики барем знам сте изгледале. Се отвараат многу хоризонти со клубов , затоа и ми е жал што касно се приклучувам :D
Никогаш не е касно да изгледаш и тоа што си испуштил, ќе се вратиме на некоја дискусија, не е проблем тоа. ;)
 
Последно уредено:
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Ако ми дадеш ти мене култна романса и некој трилер со 40 прегледи, што ми значи мене тоа што тој култниот е култен ако не е по мој вкус?
Одговор со прашање не е одговор, и плус не ме разбираш. Значи прашањето беше едноставно. Не навлагам понатаму дали е по твој вкус или не е бидејќи така се губи поентата, прашањето е дали во избор помеѓу What Ever Happened to Baby Jane и How the West Was Won кој филм прв ќе го гледаш?
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.494
Поени од реакции
9.494
Јас филмов го гледав иначе пред 100 години додека си барав слични филмови како булеварот и ми излезе овој. Ни знаев дека бил класик ни дека се мразеле овие, искрено може и во овој филм ги запознав нив две. Единствена причина беше зошто ми го даде во препораки за мене, сличен како друг филм што сум го гледала. Ништо не ми значел, тогаш прв пат го видов, го симнав, го гледав и го засакав. И така и ги гледам филмовите. Читам на кратко што се дешава, ако ми фаќа око гледам ако не барам друг. Не му гледам статуси ни дали се дружеле глумците. После го правам тоа, да читам нешто повеќе, само ако бил нешто добар филмот.
 
Во ред значи ако знаеш за некој филм дека е класик и имаш меѓу тој класикот и некој што не е класик, ти ќе го гледаш вториот така?
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.736
Не знам дали си ги читал правилата на филм клубот, но едно од нив гласи вака:

"6. Имајте разбирање за предлозите, почитувајте го мислењето на другиот. Да не се расправаме со муабети од типот - леле колку глупав филм, јас не го гледам!"

Не намерно е ставено ова правило, затоа што однапред се знае дека некој ќе мрчи. До душа понекогаш и оправдано, затоа што искрено понекогаш на сите ни паѓа тешко да гледаме некој филм кој не ни е по вкус.
Но, баш тие разнолики предлози ја прават уникалноста на ова мало катче на форумот. И без разлика колку нам би ни се допаднал некој филм или не, имаме можност да му дадеме критика на истиот без никој да ни суди или замери за тоа. Нешто што е стварно ретко на форумов. Да имаш свое мислење, и за истото да не бидеш суден (ако дадеш добро поткрепен аргумент). Впрочем овој клуб има за цел да не зближи нас членовите на истиот, да ни отвори нови хоризонти, да научиме и видиме нешто ново, несекојдневно, нешто што можеби иначе не би го погледнале. А како би знаеле дали е нешто добро ако претходно не сме го "вкусиле"?
Еве јас искрено бев голем противник на црно-белите филмови претходно, при тоа ретко кога сум имал можност да гледам некој од нив, и сум ги хејтал без посебна причина. Без да им дадам можност и да ги погледнам детално, да пробам да ги разберам и да навлезам во нив.
Клубов успеа да ми сруши и други бариери што ги имав кон некои видови/жанрови на филмови, па сега ја немам таа ограниченост како порано. Што се разбира е голем плус и развивање на себе како личност. Можам да кажам дека филмски сум созреал доста за овие две години колку сум член овде. Али да баталам со филозофииве...

Филмовитe ги гледаме тука како почит кон оној што ги предложил, затоа што тој предложува нешто што му се допаѓа, му значи, и нешто што го осеќа блискo. И ете истото решил да го подели овде. Па затоа одвојуваме околу 2 часа во две недели и го удостојуваме со коментар и сопствено мислење. Е сега, колку ги цениш ти другите, толку ќе те ценат и они тебе. Simple as that!
Многу потценет пост!
Се' на место.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Темата на дискусија е филмот, а не членовите и како и зошто предлагачот стигнал до конкретниот наслов за кој што се одлучил да го понуди.
Имам впечаток дека @Zlatikevichius намерно сакаше нешто да испровоцира, можеби поттикнат од самото барање на @Хоуп во воведниот пост за дискусија, а можеби и грешам.

Друга работа, по кој критериум филмов го ставивте во класици?

Според мене, не е класик. Ако гледаме и пошироко, според филмската историја односно класичниот холивудски период кој трае до 1960-та година, и ако класици ги подразбираме сите филмови од тој период, повторно не е. Како што веќе и пишав, не секој црно бел или стар филм е класик.
Да немаше таков статус, каков што има, не знам ни дали би го гледале тука. А?
И навистина, каков е статусот кој го ужива филмов? Па ти сам призна дека до пред неколку месеци не си ни слушнал за него. Од друга страна сме имале многу понепознати и полоши филмови без каков и да е статус, па сме ги гледале во клубов и тоа никому досега не му пречело. Напротив.

Во клубов изгледав, а и репризирав неколку наслови за кои што никојпат сам не би се одлучил да ги гледам по прв пат или повторно. Токму затоа и се приклучив. Некои ми се допаднаа повеќе, некои помалку, но тоа е помалку важно.

Мене навистина ме радува што @devilko и @Gazpapir, a верувам има и други како нив, поттикнати од клубов, ги срушиле своите предрасуди кон одредени филмски стилови или правци. Со тоа и целта на клубов е постигната и @Zlatikevichius секоја чест за неговото основање и водење.

Затоа, со оглед дека во последниве неколку круга се намалува бројот на гледачи и дискутанти, да не дозволиме тоа да продолжи со некои вакви провокации, недоразбирања или не знам како да ги наречам.
 
Ако добро те разбрав треба да си кажуваме само убави зборови дури и кога не се сложуваме?
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.736
Ако добро те разбрав треба да си кажуваме само убави зборови дури и кога не се сложуваме?
Ептен лошо си го разбрал и навистина не знам како си успеал.
Прочитај ја првата реченица.
Дури и само во таа реченица го имаш одговорот.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Ептен лошо си го разбрал и навистина не знам како си успеал.
Прочитај ја првата реченица.
Дури и само во таа реченица го имаш одговорот.
Фала ти, сега разбрав. Некад погрешно разбирам.
Сега слободно може да ја прашам пак @Хоуп дали би гледала прво класик отколку обичен филм, знаејќи пред тоа дека класикот е класик. Само со да или не одговори Хоупче, да не ја развлекуваме ќе не тепаат.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Ако добро те разбрав треба да си кажуваме само убави зборови дури и кога не се сложуваме?
Сосема погрешно си разбрал и навистина не знам како успеа токму тоа да го разбереш.

Во секој случај, добро што препрочита и се корегира. Да ги читаше и постовите на Xoуп повнимателно, ќе видеше дека веќе го имаше одговорено и прашањето. ;)
 
Член од
25 јули 2016
Мислења
1.084
Поени од реакции
950
најдите сега некој нем филм, оние со камера со рачка што вртиш снимани
 
Kajgana Shop

На врв Bottom