FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.334
Не знам дали си ги читал правилата на филм клубот, но едно од нив гласи вака:

"6. Имајте разбирање за предлозите, почитувајте го мислењето на другиот. Да не се расправаме со муабети од типот - леле колку глупав филм, јас не го гледам!"

Не намерно е ставено ова правило, затоа што однапред се знае дека некој ќе мрчи. До душа понекогаш и оправдано, затоа што искрено понекогаш на сите ни паѓа тешко да гледаме некој филм кој не ни е по вкус.
Но, баш тие разнолики предлози ја прават уникалноста на ова мало катче на форумот. И без разлика колку нам би ни се допаднал некој филм или не, имаме можност да му дадеме критика на истиот без никој да ни суди или замери за тоа. Нешто што е стварно ретко на форумов. Да имаш свое мислење, и за истото да не бидеш суден (ако дадеш добро поткрепен аргумент). Впрочем овој клуб има за цел да не зближи нас членовите на истиот, да ни отвори нови хоризонти, да научиме и видиме нешто ново, несекојдневно, нешто што можеби иначе не би го погледнале. А како би знаеле дали е нешто добро ако претходно не сме го "вкусиле"?
Еве јас искрено бев голем противник на црно-белите филмови претходно, при тоа ретко кога сум имал можност да гледам некој од нив, и сум ги хејтал без посебна причина. Без да им дадам можност и да ги погледнам детално, да пробам да ги разберам и да навлезам во нив.
Клубов успеа да ми сруши и други бариери што ги имав кон некои видови/жанрови на филмови, па сега ја немам таа ограниченост како порано. Што се разбира е голем плус и развивање на себе како личност. Можам да кажам дека филмски сум созреал доста за овие две години колку сум член овде. Али да баталам со филозофииве...

Филмовитe ги гледаме тука како почит кон оној што ги предложил, затоа што тој предложува нешто што му се допаѓа, му значи, и нешто што го осеќа блискo. И ете истото решил да го подели овде. Па затоа одвојуваме околу 2 часа во две недели и го удостојуваме со коментар и сопствено мислење. Е сега, колку ги цениш ти другите, толку ќе те ценат и они тебе. Simple as that!
Фала, @devilko за објаснувањето. Само не мораше да се мачиш, он секако не игра, само трола. ;)
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Техниката во која што е снимен филмот нема ама баш никакво значење за квалитетот на истиот. Тоа што е црно бел индицира дека најчесто се работи за филм снимен во првата половина од минатиот век, но тоа ништо не кажува за квалитетот на филмот. И тогаш како и сега се снимале и добри и лоши филмови. Напротив, сега се снимаат многу повеќе лоши филмови и покрај тоа што се во боја.
Исто како што не значи дека секој црно бел филм треба да е класик.

p.s. Има опција на форумов за бан од тема?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.334
Еве ме назад. Извинете што малку ве запоставив, но периодов навистина ми беше бурен, пред сѐ на работа, но и по дома (барем тоа кратко време кога се прибирав дома, најчесто колку за спиење). Но сега се помина во најдобар ред и можеме да се вратиме по старо. Да почнам од почеток:

Ikiru го гледаа деветмина и му дадоа средна оценка 8,8. Го испуштија: @Zlatikevichius , @Донев , @dejan_k (не се откажувај, наскоро ти доаѓа ред за предложување) и @Толстој .

@wot , си го утнал малку крајниот датум за филмов на @Хоуп во насловот - до 01.10 го гледаме. Ако можеш поправи, ако не, остај, со следниот филм.

За What Ever Happened to Baby Jane? остануваат уште 3 дена. Повик до @Zlatikevichius , @Goodfella , @wot , @Corvus , @Донев , @dejan_k да го гледаат.

И најголемо извинување до следниот предложувач, @moongoses што му го скратив времето за избор на филм. Ќе ти пишам веднаш порака, ќе се договориме.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Иииии, ми остави само еден ден да ми текне на наслов...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.334
What Ever Happened to Baby Jane? Стварно, што и се случи? Така си беше слатка, мала, мила... не... Значи нејзе шоу бизнисот и го направи тоа. Убаво кажа Вокерка, правејќи паралела со All About Eve кој ни беше прв филм во клубов. Можат да се направат паралели и со вистинскиот шоу-биз. Еве, прв на кој ми текнува е Меколи Калкин - исто ко Џејн, дете-ѕвезда кој како растеше, така пропаѓаше, сите знаеме како. Исто и братот на Жоакин Феникс, детето од Stand by Me, не ми текнува како се викаше (тој и не е меѓу живите веќе).

За ривалството меѓу актерките и за филмов дознав неодамна, кога FX првата сезона на anthology серијата Feud на Рајан Марфи (го знаеме по American Horror Story и American Crime Story), ја посвети на нив две, со наслов: Bette and Joan. Серијата беше номинирана и за нелолку Еми награди годинава, меѓу кои и за најдобра минисерија. Ликовите на Бет и Џоан ги глумат Џесика Ланг и Сузан Сарандон, па ете, кој сака да дознае повеќе за нивното ривалство, а меѓу другото и за тоа што се случувало за време на снимањето на филмов, нека побара: Feud: Bette and Joan.

За филмов се сте си кажале, се согласувам и за маните, и за убавите работи. Оваа психопаткава, дури, до толку се соживеала со улогата, што кога ја номинирале за Оскар за главна женска улога, станала психопатка IRL, па пред доделувањето на Оскарите им се јавувала на другите 4 номинирани актерки, да ги моли ако тие го добијат Оскарот, а се спречени да присуствуваат на церемонијата, таа да се качи на сцена и да го подигне наместо нив.

Убав филм, ама не толку колку некои други класици кои сум ги гледал. Се мислев за оценка измеѓу 7 и 8, и се одлучив за повисоката, ама само заради тоа што филмов останал запаметен во историјата и уште му пркоси на времето. Да немаше таков статус, каков што има, не знам ни дали би го гледале тука. А?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.334
Како мислиш да немаше таков статус немаше да го гледаме?
Мислев - да беше еден од оние филмови фрлени во заборав заради X причини. Сигурно постојат еден куп филмови од истиот период кои се одлични, но денес никој не ги спомнува затоа што немаат статус „класик“ или не се култни. Такви имало секогаш, има и денес.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.494
Поени од реакции
9.494
Мислев - да беше еден од оние филмови фрлени во заборав заради X причини. Сигурно постојат еден куп филмови од истиот период кои се одлични, но денес никој не ги спомнува затоа што немаат статус „класик“ или не се култни. Такви имало секогаш, има и денес.
Не го кажав јас зошто е култен филм со некој статус, баш обратно и уште мислам дека не го добил вниманието што треба да го има како таков, прилично е непознат и сигурно сите тие податоци што си ги кажал си ги дознал сега со оваа прилика, а не си ги знаел зошто бејби џејн била популарна тема низ светот и главната причина зошто е баш овој филм ја пишав во мојот пост, затоа што има посебна вредност за мене и сакам да го споделам тука. А не да собирам оцени поради статусот па демек култен е никој нема да се осуди да му стави ниска оцена. Тоа не ми ни значи нешто, ни клубов го гледам како натпревар, баш ми е жал што така си проценил ако си проценил така воопшто, пошто ми се спие мене ептен, обично спијам ова време :oops:
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Мислев - да беше еден од оние филмови фрлени во заборав заради X причини. Сигурно постојат еден куп филмови од истиот период кои се одлични, но денес никој не ги спомнува затоа што немаат статус „класик“ или не се култни. Такви имало секогаш, има и денес.
Во право си многу, јас сум сигурен дека Хоуп или еве не мора баш она туку општо сите попрво би го гледале What Ever Happened to Baby Jane отколку на пример еве Hatari исто филм од таа година.
Birdman of Alcatraz, The Trial, How the West Was Won, The Longest Day итн... сите овие филмови се каде каде подобри од предложениов, ама сепак предложениов ќе има предност заради тоа "класик".
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.494
Поени од реакции
9.494
Јас попрво би гледала класик него друг помалце познат филм од тоа време? Па значи вие ептен не ме знаете мене. :confused:
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.715
Абе ти сама некако се стави во ситуацијава , никој не рече дека ти си го предложила бидејки е класик :D
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Јас попрво би гледала класик него друг помалце познат филм од тоа време? Па значи вие ептен не ме знаете мене. :confused:
Да ти ги дадат на избор What Ever Happened to Baby Jane и How the West Was Won кој филм прв ќе го гледаш? Немој да ми кажеш дека двата ќе ги гледаш, тоа знам, прашањето ми е кој прв.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.494
Поени од реакции
9.494
Да ти ги дадат на избор What Ever Happened to Baby Jane и How the West Was Won кој филм прв ќе го гледаш? Немој да ми кажеш дека двата ќе ги гледаш, тоа знам, прашањето ми е кој прв.
Ако ми дадеш ти мене култна романса и некој трилер со 40 прегледи, што ми значи мене тоа што тој култниот е култен ако не е по мој вкус?
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.715
Жално е што постои ИМДБ... бидејки многу се ориентираат по рејтингот. Не разгали ИМДБ. Порано знам кога изнајмуевме филмови поима немавме што изнајмуваме :D
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom