практично велиш дека проблемот не може да се реши, или дека е веќе касно.Here we go again...секоја година истите проблеми, истите мантри на телевизија, се до наредниот пат и така се одново се вергла во круг.
Ова е системски проблем кој не е создаден за една година туку континуирано проблемите се трупале од година во година за да дојдат до ова ниво на кое се сега. Исто, решението нема да дојде во рок од една година и граѓаните каде проблемот со загадувањето е најизразен ќе дишат чист воздух како да се наоѓаат на швајцарските алпи.
Ние не сме способни за превентива, ние не знаеме да го препознаеме проблемот пред да се случи и обично реагираме кога е веќе доцна.
За да се реши овој проблем се потребни години и години системски решенија. А мислам дека е малку доцна.
Скопје, град конструиран за максимум до 300к жители сега ближи до кај милион. Потребна е децентрализација во вистинска смисла на зборот а не само на хартија. Неконролираното градење и сечењето на зелените површини во градот се случувало со години а е резултат на сите нефункционални и корумпирани влади до сега.
Срамота е за држава од нецели два милиони жители 50% од популацијата да живее во главниот град ко да е Пекинг, напикани во станови од 50 квадрати. Тоа му доаѓа исто како Германија, држава од 80 милиона 40 да живеат во Берлин.
Ете Германскиот модел ви е модел на права децентрализација. Сите региони да се стремат да бидат еднакво развиени, да се спречи внатрешната миграција а не се да биде насочено кон еден центар.
Ако во бивша ју се одеше кон Белград сега се е насочено кон Скопје и природно народот ќе мигрира онаму каде шансите за преживување се најголеми.
Додадете ја непостоечката гасификација, непланското градење, му го исчистивме ѓубрето на европејцине увезувајќи скапани коли без никакви еколошки сертификати, местоположбата на градот, неконтролираното доселување со години и години наназад...и ете ви го резултатот.
се додека тој е ставот, никогаш нема ни да се реши. и грешни кривци посочуваш за проблемот.
ќе си погинеме сите од токсична средина, додека фирмици си ги полнат џебовите.
има МНОГУ прости МНОГУ едноставни работи што можат а се направат за колку толку да се подобри состојбата.
Може да се донесе план за масивно пошумувањена Скопје, за секое дрво да се посадат уште две три.
Може да се отиде до погоните што согоруваат хемиски отпад од цела европа, да им се забрани да роботат и одземе се .
Може да се забрани работа на сите што загадуваат.
и тоа може и тоа многу лесно.
Земи симни апликација мој воздух, или аир квалити индекс.
Имаш точно графикон по часови, загадување.
РЕДОВНО РЕДОВНО како на копче од осум саат навечер се зголемува нагло и држи до 12-1 високо загадување, и исто така се намалува како на копче.
Пази, летно време.
Ни коли, ни затоплување ни курци палци други, САМО намерно индустриски погони на копче ги палат навечер за да не се забележи.
и каков алпски воздух луѓево мислат заебанција е. 4500 случаи на рак годишно ало, 4ти во СВЕТ по број на рак на плуќа, што треба повеќе за да сватат луѓево дека нешто треба да се направи? пола население да умре?
луѓево сваќаат сериозно само во 5 за дванаесет, кога ракот ке тропне на нивна врата, ќе земе некој млад во нивна фамилија, а тогаш џабе е се, само погреб може да се направи и толку.
будали се цел нормален свет што ти вика ГРАНИЦА на загадување 30-40 пм честици? Кај нас редовно е над 70 зимно време лани стигна 1300!
Последно уредено: