Некаде сретнав податок, не знам колку е точен дека Црвената армија имала најмногу дезертери/војници кои се предале/врбувани од сите војски во познатата историја, и како апсолутен број и како процент од вкупните вооружени сили. "Котелот" во Вјазма со 670.000 војници заробени е најголем поединечен случај на предавање во запишаната историја.
Мора да се земе предвид и начинот на живот во СССР во тие години кој бил со ужасно лош квалитет, Холодомор, чистките, општествената мобилност целосно зависела од слепата послушност кон партијата и лидерот, гладта и болестите сеуште биле секојдневие.
Населението од брутално окупираните земји од страна на СССР за време на нивното сојузништво со Хитлер нормално дека веднаш се свртиле на страна на нацистите. Украина исто каде што се случувале некои од најголемите ѕверства.
Цивилизациските разлики и квалитет на живот во Третиот Рајх и СССР биле небо и земја, руски војници прв пат виделе тоалети со казанче кога влегле во Кенигсберг и чувале храна во нив, мислеле дека е нешто за чистење храна а не за нужда
Имаше еден пилот, Григориј Речкалов мислам беше кој напишал дека пристапот кон техниката бил различен кај советите и германците. Советските биле инструирани по секоја цена да го вратат оштетениот авион на своја територија по цена на живот при што загинале огромен број пилоти не успевајќи да го сторат тоа, еден живот на обучен пилот бил изедначен со една пробушена канта како И-16 или Ла-ГГ-3.
Германците не се тревожеле многу во случај да морале да го напуштат леталото при што се спасиле голем број пилоти на тој начин.