На северна катастрофа беше, реалноста е таа, на хаварија време никој не ти иде Вардар со Силекс да го гледа, заслужуваат дечките да играат пред повеќе публика ама тоа ти е изгледа и публикава наша се чува за ЛЕ..
На западна и повеќе од солидно, но реално да не беше најавена продажба на блок карти за ЛЕ не верувам ни 50 луѓе да имаше...
За Итало верувам дека ќе биде солиден во иднина, не ни доби некоја посериозна шанса, на Аце кај не му се погоди времето, па и скроз му го зезнаа викендов нашиве што го мобилизираа за на утакмица, Глишиќ за мене е жива катастрофа, ни приближно не игра како што играше кога беше во форма и Демири и Брда и Попов од Токсикологија излезен се класа подобри од него...Баш ме интересира со каков состав ќе излеземе со Зенит
Баш убаво е напоменато, што значи тоа 50 души не е баш така. Се со тек на време и ќе биде, да се надеваме.
Yesterday at 3:02pm ·
ВАЖНО!!!
Поради лошите временски услови и технички пречки, Блок картите, односно билетот кој ќе важи за сите три натпревари од Лига Европа, за н.г. Комити Запад се пуштаат во оптек утре, 10.09.2017г. со почеток во 16ч. (локација дополнително). Со купената БЛОК карта на лице место добивате маичка во изработка на н.г Комити Запад...
И да врне и да вее, секој Комита ќе пее, напред Вардар напред Вардар, напред Вардар ти си шампион!!!
Правец Стадион: Вардар - Силекс
#МОБИЛИЗАЦИЈА #РеВардаризација #ЕденЖивотЕднаЉубов[DOUBLEPOST=1505079644][/DOUBLEPOST]Во врска со стадионот во Карпош 3, мислам дека би било одлично да се изгради, околку 12.000 капацитет без атлетски патеки и ќе биде премногу добро. Дури и да имаш по 3-4.000 публика се гледа како да има многу повеќе отколку 3-4.000 на Градски кој собира 35.000. Плус се прави многу поголем притисок.
Вистина е дека Градски си е Градски и дека никој не може да го замени, ама пак колку пати сме играле поради глупостите на ффм, поради репрезентација како домаќини во Ѓорче, Велес, Маџари.
Освен тоа мислам дека во Карпош, Вардар ќе има многу повеќе публика, сите знаеме дека кога сме играле во Ѓорче, Маџари па и Велес/Струмица сме имале повеќе публика отколку на Градски во МК лига последниве неколку години.... Со Локомотива сега цела мала трибина беше полна. Сигурен сум дека тие што се бунат 90% не ни идат последниве година-две на Градски така да, би било супер да добиеме нов стадион. Каде ќе испишеме историја.
