Фан Клуб: Интер

http://www.sportske.net/vest/transferi/interisti-kinezi-idite-kuci-312359.html

Потполно се сложувам за се во статијава. Малце се претерува кога викате дека нема шанси да завршиме во топ4, реално и треба да сме, арно ама може лесно пак да останиме со курот в раце, ако се повреди некој од поважните играчи или некој внатрешен конфликт меѓу играчите и Спалети.
 
Трансфер периодот е далеку од катастрофален, дај не претерувајте ви се молам. Јас имам замерки околу клупата, односно што не се испазари еден централен дефанзивец и еден или двајца напаѓачи. Добивме јак тренер, ги земавме Шкриниар, Валеро, Весино, Далберт, Кансело, Падели и Карамох. Првите тројца веќе се укопани у прва постава и одлично играат, нарочито од Шкриниар сум импресиониран, додека Далберт и Кансело покасно дојдоа и тек треба да се уклопат во тимот во што не се сомневам поради Спалети. Ги стави сега против Рома и одиграа одлично, Далберт спаси два чисти гола и баш добро се покажа.

Не разбирам што е со паниката, немало ЛШ да идеме, ќе сме пропаднеле, бла бла бла... Сабатини е донесен летово, не можеме одма да ги донесеме Меси и Роналдо во екипа, нарочито што имавме ограничен буџет за трошење ради ФФП.

Мене искрено нашево трошење ми е многу подобро отколку она на Милан кои се буквално all in сезонава, земаа милион нови играчи и фрлија преку 200 милиони, а сепак ништо посебно не се тие играчи сем Бонучи, Кеси и можда Конти.

Смирете се, 2 од 2 имаме на стартот, добиени две тешки утакмици, Виола дома и нарочито Рома гости, имаме лесен распоред до Милан, не играме Европа, едноставно се е на наша страна за да имаме успешна сезона.
 
Статијата е на место.

И покрај неуспехот на Интер последниве години, клубот ги има сеуште најверните и најдобрите навивачи во Италија.
Бројките доволно кажуваат, најмногу продадени сезонски билети, највисока посетеност во просек по натпревар, најмногу навивачи на отварање на сезоната...

А како ни се оддолжија кинеските газди?
Лаги и манупулации... најавуваа дека ке го купат светот а на крај не потрошија ниту едно евро(соберете колку дадовме за трансфери и колку потрошивме и платите на тие кои заминаа и дојдоа, дури сме и во плус).

Сабатини и Аусилио имаа катастрофало меркато, ајде што не купија(некој треба да им даде средства за тоа) барем не мораше да ги продаваат тие играчи кои вредеа, и тоа за смешни суми.

Не велам дека немаме тим, ок е првиот тим како за 4то место. Само што треба да се надеваме дека нема да има повреди и суспензии бидејки немаме скоро никакви измени.

Сепак, не треба да се крева многу галама за да не се расипе и атмосферата кај тимот. Влеговме со 2 победи, со многу поинаков менталитет од минатото и да се надеваме дека Спалети ке си ја заврши работата.
 
Кои се тие играчи што сме ги продале а вределе? Јоветиќ? Да не се разбереме погрешно, и мене ми е еден од омилените играчи и многу ми е криво што не успеа во Интер, ама што изигра Јоветиќ откако е кај нас? Колку плата зимаше? Каде да игра ај објасни? Место Икарди? Не може место него, не може прва постава, а не сака да седи на клупа, реално што ќе ни е таков играч во тим, а и што ќе му е на него тим каде што нема да игра прва постава а он сака да игра? И за двете страни win ситуација, тоа е јебига...

Кондогбија ги искористи сите можни џокери кај 30 различни тренери, едноставно за играч што е платен 40+ милиони евра и што од него се очекуваше да биде новиот Јаја Туре дечкото изигра на ниво на Миравци и со ништо не не убеди дека вреди да седи во тимов.

Едино со Барбоса мислам дека ја ебаа, и така не земаа ништо на крило, можеа да го остават и да добива минутажа во одредени утакмици место Кандрева, вака копилето пак ќе нема конкуренција на таа страна и ќе мисли дека е Роналдо.

П.с. И со Муриљо е истата ситуација со Јојо, сака да игра прва постава а кај нас не може...
 
Мене искрено нашево трошење ми е многу подобро отколку она на Милан кои се буквално all in сезонава,
А лани кога фрливте вие ол ин а Милан потроши 30 денари тогаш вашето беше боље? :D
 
Па реално добивме апгрејд во средниот ред каде ги заменивме Банега и Кондогбија со Валеро и Вечино..можеби рано е да се тврди ова но Валери и Вечино делуваат многу посмирено,технички подобри и повоиграни..додека Кондогбија не знаеше кај тера а Банега не го играа...кај бекојте исто така добивме апгрејд со Кансело и Далберт само што треба да ги играат,е сега нападот ни е каде каде послаб и поранлив ама па од друга страна играме само во Сериа А..нема Европски натпревари оваа сезона и тука имаме голема предност пред конкурентите.
 
Мислев на Јоветич, БАрбоса, Кондогбиа, Муриљо и Банега. Дури и Андреоли требаше да остане ако не планираа да купат друг штопер.

Еве денес излезе информација дека Миранда се повредил за репрезентација, па остануваме само со Шкриниар и Ранокиа, и недај боже Дамбросио акко алтернатива. И сега исправна е продажбата на Муриљо?

Средниот ред колку толку се освежи но сепак да го дадеш Банега за 6м а немаш ниту еден офанзивен играч во средина мислам дека не е исправно. САмо Марио игра на таа позиција а знаеме колку добар асистент е или реализатор...

Барбоса е играч кој можеше да покрива и на крило и центарфор, а ние го даваме на позајмица, со некој анонимус Карамох кој доојде последни минути и Едер како единствени измени во таа напаѓачка тројка.

Кога нема соодветни измени, немаше потреба ни од продажба, тоа ми е поентата. Без разлика дали тоа беа играчи кои повеќе ке влегуваа од клупа, мораше да се земат соодветни замени.
 
И јас неможам да ги разберам со Барбоса и онај Карамох..тука некако ми е нелогичен овај потег..да го дајш Барбоса што е веќе една година во Интер и што си платил 30 милиони за некој си помлад ѓуптин што прв пат иди во Италија и е тотален анонимец не ми е сфатливо..ова ако е некое чисто перење на пари или криминал ..или пак некоја вметната клаузула со Сантош за Барбоса па да ја избегнат ..друго не гледам што би била причината
 
Мислев на Јоветич, БАрбоса, Кондогбиа, Муриљо и Банега. Дури и Андреоли требаше да остане ако не планираа да купат друг штопер.
Единствена замерка ми е што го дадоа Андреоли, а го чуваат Ранокија како замена од клупа. Глуп потег направија со тоа што не ја избркаа жабата, и да донесат некој солиден стопер кој може да се ротира од клупа со Ванхојсден (голем потенцијал).

Јоветиќ го обожавав, но кога имаш играч кој е со толку голема плата, а не игра, не гледам причина зошто би го чувал на клупа. Икарди не може да го избутка од прв состав, Перишиќ и Марио исто.
Барбоса кај нас беше камен, кога и да добиеше шанса не ја искористи, секогаш гледаше некој потег да направи иако сите од него бараа да биде повеќе тимски играч. Де Бур, Пиоли и Веки не му дадоа вистинска шанса (зошто?), мора да има нешто што ние не знаеме.
Кондогбија е најголемиот КОЊ што постои. Чист пример е дека потенцијалот и предиспозициите апсолутно ништо не значат ако немат 2 грама мозок. Дај боже да го откупат (нема шанси) и да се заебат како ние.
Муриљо имаше една добра утакмица, 7 лоши и тоа не збориме неколку грешки туку Скелото лоши утакмици. Премногу време потрошено на играчи со потенцијал кои стагнираат и тапкаат во место. На местото на Муриљо го добивме Шкриниар, ментално префектен играч. Знае кога да излезе, каде да ја даде и се отвори, а е стопер. Верувам дека сите не импресионираше.
Банега, бев против негово продавање за ебани 9м ама што е тука е. Пробаа да извадат поише, никој не нудеше, добар играч беше, квалитетен, ама пак ќе кажам, нема шанси да се отарасија од него тек така. Којзнае што се случувало, а ние не сме свесни за тоа.

Како и да е, на крајот од трансфер маркетот се надоградивме, подобар тим имаме од лани и тоа е факт. Што е најважно, а не им е толку дадено кредит е Спалети. Префектен тренер за ваков Интер. Без разлика кој избор и да бил на Сунинг (после Чоло и Конте претпоставувам), добивме одличен предводник на ваков Интер.
 
И што ако? Тоа е демек премногу? Нормална сума за денешен пазар и башка не земавме 20 нови играчи ко Милан.

Па трошевте бе Шницла, тоа сакам да кажам, не е толку битно колку фудбалери се купиле.
 
Па трошевте бе Шницла, тоа сакам да кажам, не е толку битно колку фудбалери се купиле.
Џабе дебатирате.Има ликови на форумов оригинал како од приказната за царевото ново руво искочени.
Сите гледаат дека царот е гол,а се прават будали со сила (или од срам).
Така беше со кондогбија,со габивол,со тохир,така е сега и со сунинг и очајниов трансфер рок.


Sent from my SM-G920F using Tapatalk
 
Џабе дебатирате.Има ликови на форумов оригинал како од приказната за царевото ново руво искочени.
Сите гледаат дека царот е гол,а се прават будали со сила (или од срам).
Така беше со кондогбија,со габивол,со тохир,така е сега и со сунинг и очајниов трансфер рок.


Sent from my SM-G920F using Tapatalk

Стекот не е од таквите, разумен дечко е он ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom