Пренатрупани сме со безвезни играчи од типот на Арда Туран, (стаклениот) Верманел, Мунир, Паулињо, Алеикс Видал, Рафиња, (да не претерам ама би го ставил) и Ракитиќ.
Требаше уште пред една година да бидат продадени горе споменативе, а годинава уште на почетокот требаа да бидат продадени, а не требаше купување на Паулињо воопшто, немаме соодветни замени за некои играчи.
Наместо да се очистиме од старите и да им се даде шанса на младите, нашите го следат примерот на Милан од 2007-08, кога просек во тимот им беше 30-35 години па потоа протонаа на долго време, не дека е се така темно, има и многу 23-25 годишни во нашиот тим, но се шпекулира дека Андре Гомеш (23-24г.) ќе биде продаден во Јувентус, а од друга стана го држиме Туран (30г.), Ракитиќ (29.г) Иниеста (33.г) - Андре Гомеш може не ги исполни очекувањата, но претходната сезона Ракитиќ и Туран не беа ништо подобри од него, овој бар млад е и треба да му се даде уште една шанса.
Кога ќе ми текне дека неспособните травестити го продадоа Тиаго Алкантар во Баерн Минхен за 25м, а човекот е моментално можеби во топ 5 за неговата позиција и има 26г.
Од друга страна комшиите од Мадрид му го дадоа на Баерн Алонсо на едно можда 30г., а му го зедоа Крос на 24-25г. кај беа нашите неспособни да го зимаат Крос? се цекнаа, ама затоа сега го зедоа Паулињо! беди!
Ако пишуваме за упропастувањето на фудбалскиот клуб Барселона од страна на моменталната управа - би било тоа една книга со многу страници (од 4-5 томови)!