@The King of Clay
Абе Интер ги следам секое коло и пример со Рома ГГ имаше 1.5 коефициент и од тоа што сум го гледал сезонава и минатите сезони ми беше 99% сигурна за ГГ.
Хајдук - Истра кец имаше 1.15 коефициент и ја играм кец и 1+прво на 1.45 коефициент.Да не го тупиме со примери ама многу полесно ми изгледа дека во фудбалов се најдуваат тие убавите типови отколку тенис.Или па можно е кладилниците да даваат многу мали коефициенти на тенисот во споредба со фудбалот,битно нешто има.
Некако ми е многу чудно да очекуваш 6 гема да земе противникот на надал на цел меч, а тој да гиземе уште во првиот сет.Безброј такви пример сум прочитал на темава и тоа мизерни коефициенти од 1.2 или 1.3 а мечот да има скрос спротивен правец.Не сакам да ви се правам експерт,туку само сакам да ви дадам совет да почнете да се кладите на фудбал.
И јас се изненадив што Лајович беше на праг од добивање на сет. Лично го имав одиграно 3-0 за мизерни 1.27 или сепак перфектни со оглед на тоа што беа само 1.15 во SportLife.
Иако сум фан на Надал, далеку од некаква пристрасност, Душан Лајовиќ не е тенисер кој би требало да дојде до сет против Надал, на било која подлога. Проблемот веројатно лежеше во тоа што се играше под кров, играта е побрза, а неколку саати пред мечот играчите тренираа на отворено.
Букмејкерите си ја знаат работата фантастично, многу малку дупки можеш да најдеш, ако воопшто се дефинираат како дупки или поголема доза на среќа во даден случај. Ова посебно го мислам за популарните спортови, за фудбал и тенис.
Фиорентина против Интер имаше интересна квота да постигне гол, играат отворено и ретко се случува да не дадат гол. Бев убеден дека ќе дадат и на тој меч, а во претходните меѓусебни дуели последен пат се случило во 2012 да не постигнат гол против Интер, независно дали дома или гости. Одиграниот тип е промашен, Интер добива со 3-0 иако во целиот меч Фиорентина напаѓаше, имаше одлични шанси, статива и уште неколку 100% шанси.
Final conclusion, коцка е коцка, кога оди оди, кога не оди.... не може ни да мрдне.
Во фудбалот кога има 1.20 или 1.25 коеф за тимот во 85-90 % од случаевите утакмицата е решена со 2-3 гола разлика. Во ебениот тенис 50-50 се шансите утакмицата да биде лаганица. Вчера еден куп вакви случаеви имаше , а прво коло шо се вика каде шо аутсајдерите треба да бидат само статистика на теренот. Убедливо најлош спорт за кладење, индивидуален спорт каде што ако му тргне лошо на педерот се оди во вода. Вчера ми беше последен пат да уплатам тенис.
Букмејкерот
Трајче Трајчески дава квота 1.20 за Реал Мадрид да победи против Валенсија на домашен терен, истата квота му ја дава и на Шварцман да го победи Берлок затоа што според него и двата настани да излезат се со иста веројатност.
Премногу е едноставно. Е сега како ќе излезат работите не може да се знае, пример вчера сите зицери испаднаа од US Open освен Ферер и Конта, а можеби претходниот викенд кикснале многу повеќе фаворити фудбал во опсег квоти од 1.10 - 1.30.