Фан Клуб: Барселона

Член од
10 август 2017
Мислења
29
Поени од реакции
35
Катастрофа, не дека е битно моето мислење ама ете би напишал неколку зборови.

Најлоши поединци вечерва беа: Ракитиќ и Пике.
Нијанса подобри (но сепак лоши) беа: Маскерано, Бускетс и Суарез.
Просечно одиграа: Штеген, Роберто, Алба, Диње, Гомеш, Меси и Делуфеу.
Добро одиграа: Умтити, Семедо.

Иако ова (двомеч) финале е загубено уште на Камп Ноу, Валверде требаше да го пушти Алкасер некоја минута на местото од Суарез, но безвезно го замени Алба со Диње, а ги остави Суарез и Ракитиќ кои беа претерано слаби, не дека со Алкасер ќе победевме, ама може ќе одиграше подобро од Суарез.

Бартомеу за крај го уништува клубот така што кој и да дојде после него за Претседател на Барса - било да е тоа Лапорта или некој друг - не ќе може да го дигне клубот (на нозе) за два мандати, знаејќи колкави се цените на играчите сега.

Финансиски незнам како стои клубот, ама нас фановите тоа не нѐ интересира, но, од страна на играчи катастрофа, сеуште се очекува од Меси, Суарез, Иниеста, Бускетс, но млади и надежни играчи кој би направиле промена во составот на Барса - НЕМА! Комшиите од Мадрид имаат многу подобар млад состав на играчи од нас (Барса), кај нив Ковачиќ кој седи на клупа е подобар од нашиот стартер Ракитиќ.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.540
Поени од реакции
2.592
да не излезе провокација, ама реално, да се надоврзам на муабетот, 90% од клупата на Реал би биле првотимци у барса.

Асенсио- да,
Иско -да,
Ковачич -да,
па дури и Начо е подобар штопер од Пике.

тоа и ја прави разликата од Барса и Реал, ротациите и можноста на Реал кога и ќе смене играч да бидат подобри, за разлика од барса каде резервите не би играле прв тим ни у виљареал
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.418
Поени од реакции
38.968
Наводно Тотенхем бил заинтересиран за Денис Суарез , околу 32 милиони евра. Давај го , додај на тие пари уште 10тина , и зимај го Сери. Поедноставно од ова неможе да биде.

Делофеу ништо не покажа на местото на Нејмар, мора сега во почетокот на сезоната ако не успееме да донесеме некој од Дембеле/Кутињо , да му се даде шанса на Арда. Лани во почетокот на сезоната кога Нејмар беше повреден , изгази на неговата позиција.
 
Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.635
Поени од реакции
7.766
И во 2015 доживеавме потоп од Атлетик Билбао на Супер Куп , па освоивме лига и изгубивме од Атлетико во четвртфинале во ЛШ .

Почеток на сезона е и Валверде треба да покаже зошто го донесоа , ако не направи добро уигран тим со потенцијалните засилувања пак ќе има промашена сезона , но верувам дека ќе успее.[DOUBLEPOST=1502990024][/DOUBLEPOST]Paulinho: "I like to play a lot in the area, but in most games I help more defensively. I'll play where necessary. I come to help team win"

Овој би го ставил на следните натпревари на местото на Бускец , доста беше трупот да биде стандарден .
 
Последно уредено:

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.635
Поени од реакции
7.766
Seri and Di María are the alternatives for the front and center of the team. Barça have started negotiations with OGC Nice and PSG. [sport]
 
Член од
7 септември 2010
Мислења
1.178
Поени од реакции
1.278
Добро,ќе го подмладиме тимот со Ди Мариа.За две три години ќе се чудиме кога ќе треба цел напад да го смениме.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.587
Поени од реакции
13.954
Нема да има нови играчи, ниту пак некој ќе замине од тие што требаше да заминат, ова е екипата за следната сезона. Како резултат на овие политики, Меси нема да го потпише договорот и следната сезона ќе оди во Манчестер Сити како слободен играч. Знаев дека управава ќе направи штета, но дека ќе го доведат клубов пред распад не очекував. Ова веќе не е неспособност, никој не може да е толку неспособен, ова е намерно растурање на клубот, а кои се причините за тоа допрва ќе се открива.
 
Со Меси има договор до 2021 односно договорот му е додека не наполни 34 години , и што и да биде Меси не си оди . Ќе потпише продолжување на уште две и полека може да ја заврши кариерата.
На Иниеста му завршува договорот наредната година .

Мора да се размислува за целосен ремонт но без панични купувања како годинава .
Наредна година нека направат стратегија и паметно да ги потрошат парите.
 
Не го има потпишано новиот договор, актуелниот е до крајот на сезонава.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Не го има потпишано новиот договор, актуелниот е до крајот на сезонава.
Чекај малку, нели Меси потпиша нов договор, му дадоа милијарда долари плата и три планети од сончевиот систем, па затоа Нејмар глумеше лудило наводнои сакаше да се избори и тој за подобар договор?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom