Локални избори во Македонија - 15.10.2017

  • Креатор на темата Креатор на темата Grmys
  • Време на започнување Време на започнување

КОЈА ПАРТИЈА ЌЕ ДОБИЕ НАЈМНОГУ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ (изберете една од МК блок и една од АЛ блок)

  • СДСМ

    Гласови: 0 0,0%
  • ДПМНЕ

    Гласови: 0 0,0%
  • ДУИ

    Гласови: 0 0,0%
  • БЕСА

    Гласови: 0 0,0%
  • АЛИЈАНСА

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    0
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982
Возраст
32
Не очекуваат можда нај интересните локални избори во историјата на Македонија.
Партииве се спремаат уште од сега, јас очекувам многу сопки и удари у генеталии за време на изборна кампања.

1. СДСМ мислам дека ке има проблеми од внатре. Според она што се пишува во нашиве медиуми (а малце може да им се верува) има доста превирања околу кандидатските имиња.
- Голема борба во Центар помеѓу досегашниот градоначалник Жерновски (кадар на ЛДП) и Богдановиќ (директор на ЈП ПОЦ).
- Во Куманово 3ца сериозни кандидати за кандидат.

2. ДПМНЕ мора да даде максимум за да ублажат болката од последните избори. Има некои реформатори кои пробуваат да издејствуваат нешто али не гледам сериозен човек меѓу нив. Исто така очекувам смена на голем број на досегашни градоначалници и појава на млади сили во ДПМНЕ.

3. Останатите мали партии може да добијат по некој советник само во коалиција со СДСМ или ДПМНЕ.


А. Кај албанците ДУИ мора да игра исто како ДПМНЕ иначе црно им се пишува.

Б. Беса и Алијанса ќе притискаат да добијат барем 3-4 градоначалници.

В. ДПА може да се изгуби од политичката мапа ако не направат ништо.


* ВО СКОПЈЕ ЧЕКАМ ИНТЕРЕСНА БИТКА НА СДСМ И ДПМНЕ
СПОРЕД МЕНЕ ФАВОРИТ ВО АЕРОДРОМ, ЦЕНТАР И КАРПОШ Е СДСМ
ВО ГАЗИ БАБА И КИСЕЛА ВОДА Е ДПМНЕ
БУТЕЛ И ЃОРЧЕ ЌЕ БИДЕ ТЕСНО
 
Убаво што си отворил нова тема да не ја трупаме онаа другата со Случувањата, кога може да има тема за изборите во УСА, зошто да нема и за нашиве избори :)
Е сега еве ги моите размислувања, сеуште е релативно рано и не ги знаеме точните кандидати на партиите, па ќе пишувам за партиите наместо поединци.
ВМРО и ДУИ, ќе играат националистички колку што можат повеќе, зошто друго не им преостанува, немаат некои поголеми проекти спроведено во последните години (не сум сигурен за секоја поединечна општина, но во глобала е така). Сега БЕСА/Алијансата не знам како ќе изиграат, претпоставувам дека ќе ја нападнат ДУИ на економски план, но сепак ДУИ доби голем респект кај Албанците во последнава година, па така очекувам да си задржи оптштините кои си ги има. Може да има поголема борба за Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево. За руралните општини едно албанско знаме пред општината вреди многу повеќе од нова асфалтирана улица, канализација, водовод итн. Тетово е поприлично уназадено, според мене, а таа општина ја води еден од најдобрите кадри на ДУИ, па нз можеби ќе земе и втор мандат, сепак Тетовчани се соочија со многу проблеми изминатите години.
За ВМРО може да се каже истата приказна, очекувам да си ги задржи руралните општини, но да изгуби некои од градовите, на југоистокот им ствараат проблеми со референдумите и веројатно е дека ќе изгубат таму, за Скопје е поприлично сигурно што ќе изгубат, без оглед на кандидат. Куманово ќе си остане на СДСМ, имаат голема подршка од Албанците таму, за нивниот вечен градоначалник.
Има уште многу да се пишува на оваа тема но да не биде се во еден пост, исто така мал пинг до модераторите ако може и под теми да се отворат за Скопје, Источна и Западна Македонија, пошто многу се општини да се покријат во една тема.
 
Не е фората кој ќе добие најмногу градоначалници туку кој ќе ги земе најубавите општини. Џабе му е на Вмро 30 градоначалника ако тие се во места како Конче, Лозово, Чешиново и други треторазредни, нема ќар од нив. Скопје со локалните општини и поголемите градови се битни, а како што гледам во голем број од тие општини Вмро ќе бидат избришани од подот.
Сдсм ќе си ги земе Скопје, Куманово, Битола, Струмица, Карпош, Центар.
Вмро ќе ги земе Прилеп, Велес, Неготино, Кавадарци, Гази Баба, Кисела Вода, Илинден.
Тесно ќе биде во Штип, Кочани, Охрид, Радовиш, Аеродром, Ѓорче.
 
Во Струмица конечно има Вмро солиден кандидат , видоа дека нема аир од свинчето Пишев и Бонева. Ако СДС го стави др.Кокан скоро 90 % ќе носат победа, али ако ризикуват со Даскало ќе биде 50-50. Прогнозирам 500-600 гласа да го решат победникот.
 
Не е фората кој ќе добие најмногу градоначалници туку кој ќе ги земе најубавите општини. Џабе му е на Вмро 30 градоначалника ако тие се во места како Конче, Лозово, Чешиново и други треторазредни, нема ќар од нив. Скопје со локалните општини и поголемите градови се битни, а како што гледам во голем број од тие општини Вмро ќе бидат избришани од подот.
Сдсм ќе си ги земе Скопје, Куманово, Битола, Струмица, Карпош, Центар.
Вмро ќе ги земе Прилеп, Велес, Неготино, Кавадарци, Гази Баба, Кисела Вода, Илинден.
Тесно ќе биде во Штип, Кочани, Охрид, Радовиш, Аеродром, Ѓорче.
Кавадарци го губат 90%, а можда и Прилеп. Имај у предвид дека вмро за Македонија ќе гласаат за сдс
 
СДСМ Битола нема да евидентира нови кандидати за градоначалник и советници и нема да поддржи кандидат кој не е од нивните редови


Пишува: Зоран Милошески

Извршниот одбор на ОО на СДСМ Битола синоќа донесе одлука да не ја прошири постапката за евидентирање нови кандидати за градоначалник и за членови на општинскиот Совет. Тоа значи дека битолските социјалдемократи застануваат зад претходно утврдените кандидати кои беа испратени до централното раководство на партијата.

Истовремено, раководство на Општинската организација донесе уште една одлука дека на претстојните локални избори нема да поддржи кандидат за градоначалник кој не се наоѓа на затворената листа од 12 кандидати која од ОО на СДСМ Битола ја испратија до највисокото партиско раководство.

Двете одлуки на ИО на СДСМ Битола биле донесени со акламација.

Со ваквите одлуки, битолските социјалдемократи ги отфрлаат сите шпекулации и нагаѓања дека ќе ја поддржат кандидатурата за градоначалник на Општина Битола на претседателот на ЛДП Горан Милевски. Тоа дефинитивно значи дека официјалниот кандидат за градоначалник на СДСМ и коалициските партнери ќе го даде партијата на Зоран Заев.

Инаку во Битола во тек е спроведувањето на телефонска анкета со која социјалдемократите го проверуваат рејтингот и популарноста меѓу граѓаните на четворица од дванаесетте можни кандидати за градоначалник. Слична анкета СДСМ спроведува и во другите општини во Република Македонија.

 
Последен рок да се пикне грујо во затвор се изборите.
 
СДС освои многу албански гласови на парламентарни.Е сега на локални ќе го кркаат.Не верувам дека некој од Арачиново,Студеничани или Тетово да гласа за СДС иако би кандидирале албанец за градоначалник.
Со Тиранската,договорот за добрососедство,нов закон за јазиците и останати страња има да го јадат немиен.
 
Ако оди Жаре за Прилеп, ВМРО нема шанси, Мацко од кај нив нема да биде кандидат сигурно така да кругот им се 2-3 стари членови или некој од новите млади сили но се уште мислам дека нема да ги пуштат иако ако е еден од тие млади и јас би гласал за него без размислување (а и имаат најмногу шански со некој таков) но тешко тоа кога прилепското ВМРО го води дезертер од СДСМ...
 
Ако свињата циц не се кандидира у Куманово, тогаш 101% победа носи сдсм, бидејќи свињава од мвро е тежок преварант
 
Не е фората кој ќе добие најмногу градоначалници туку кој ќе ги земе најубавите општини. Џабе му е на Вмро 30 градоначалника ако тие се во места како Конче, Лозово, Чешиново и други треторазредни, нема ќар од нив. Скопје со локалните општини и поголемите градови се битни, а како што гледам во голем број од тие општини Вмро ќе бидат избришани од подот.
Сдсм ќе си ги земе Скопје, Куманово, Битола, Струмица, Карпош, Центар.
Вмро ќе ги земе Прилеп, Велес, Неготино, Кавадарци, Гази Баба, Кисела Вода, Илинден.
Тесно ќе биде во Штип, Кочани, Охрид, Радовиш, Аеродром, Ѓорче.
Да да нормално дека поголемите општини се далеку по вредни. И се сложувам со твојава прогноза освен за Прилеп...мислам дека ќе биде многу тесно во Прилеп посебно ако ДПМНЕ искочи со истиот градоначалник. Али останува да ги видиме кандидатите![DOUBLEPOST=1502952611][/DOUBLEPOST]
Ако свињата циц не се кандидира у Куманово, тогаш 101% победа носи сдсм, бидејќи свињава од мвро е тежок преварант
Според она што јас го знам Арсиќ ќе иде за куманово од СДСМ, и мислам дека тоа ќе им е најпаметен потег.
 
Ако свињата циц не се кандидира у Куманово, тогаш 101% победа носи сдсм, бидејќи свињава од мвро е тежок преварант
А ако Циц се кандидира тоа ќе биде дуел на преварантите. :pos:
 
Не е фората кој ќе добие најмногу градоначалници туку кој ќе ги земе најубавите општини. Џабе му е на Вмро 30 градоначалника ако тие се во места како Конче, Лозово, Чешиново и други треторазредни, нема ќар од нив.

Влатко Ѓорчев не се согласува со ова :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom