UEFA Super Cup 2017 - Real Madrid vs. Manchester United

  • Креатор на темата Креатор на темата OMG!!
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде кажувајте сеа кој кафич е најскап :D
 
Здраво на сите
Тешко ми е додека го пишувам ова и со неверување дека се случува. :( Иако сум фан на Манчестер Јунајтед и имав среќа да дојдам до карта, нема да присуствувам на утрешниот натпревар, а со цело срце и душа сакам да го повторат успехот од 23 јули. Профилов го направив во последен момент и дури цел ден се двоумев, читајќи ги сите негативни и жестоки реакции за тие што (пре)продаваат карти за утрешниот меч. Мојата причина за сепак на крај да се одлучам да ја продадам мојата карта е тоа некој вистински фан (по можност на Јунајтед) е да дојде до карта и во живо да ги гледа своите идоли и миленици, кога веќе нема да можам јас. Знам дека е забрането, знам дека е ризично (повеќе за мене), но не би сакал да остане неискористена картата. Нема да и ставам цена, туку ќе му ја дадам на оној што ќе понуди најмногу или оној што ќе ме убеди дека најмногу ја сака. За сите што ќе сакате да ме распнете за тоа што сум земал карта, а не сум сакал да одам, веднаш ќе ви кажам дека кога ја добив можноста да уплатам средства за купување на билет, сакав, планирав и бев убеден дека ќе одам. И ако сум сакал да ја продадам, имав цели 2 недели да го направам тоа, а не сега на помалку од 24 часа од почетокот на легендарниов дуел. Причината е лична и не би сакал да ја откријам пред цел аудиториум, еве ќе му ја кажам на тој што ќе ја купи. Да биде појасно, јас не сум носителот на апликацијата, јас сум +1 (the plus one). Мојот другар имаше среќа и доби 2 карти од по 50 €. Тој ќе оди, дури и по цена да му дадат отказ, но јас не сум толку среќен. Картата е без име и презиме, е на 14 блок во средина (според информациите, веднаш до трибината со главно навивачи на Манчестер). Ако некој мисли дека може да ја искористи и да влезе и покрај се кажано на форумов и на официјалните страни (имаше спротиставените мислења), јас радо би му ја дал.
И за крај,
ако има премногу негативни коментари и бидам ословен со тапкарош, олош или ако некој ми се закани со затвор, нема да ја продадам и ќе си остане неискористена, а јас ќе си ја урамам дома, па можеби некогаш и ќе вреди многу повеќе од сега.
Искрено сакам само некој вистински Hard-Core фан да биде во можност да ги гледа од близу, иако немал среќа со лотаријата.
Поздрав до сите што ќе можат да одат :cuc:

https://s1.postimg.org/45ez9qge7/image.jpg
Јас ке ти дадам 50 евра
 
zaev-so-ferguson.png


:icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
52 eura!


Рачунај оти имам и 10 за повратна карта Валандово-Скопје со оглед на тоа што се вратив дома пред некој саат. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom