К,
Денес се изнапцув мајки и шајки на се живо и диво. Знам, не доликува на дама, ама среќа па никад не сум ни била дама
Сите ме нервираат деновиве, мораше негде да се истури таа нервоза. На крај, таа чест ја имаше рандом идиот што ќе ме прегазеше возејќи во погрешна насока во едносмерна уличка. Сите пцовки и навреди што ги знаев му ги изнакажав, а богами бев и доволно креативна да уфрлам некои нови, досега нечуени од човечко уво. Сега се осеќам мирна ко 3 дена да сум медитирала.
Нека ми трае миров бар следниве 2 недели, да издржам на работа без да убијам некого, па после... ГО-ДИ-ШЕН ОД-МОР
.
Сум ти спомнала дека страшно мразам глупи луѓе?