Game of Thrones

Член од
14 август 2006
Мислења
45.369
Поени од реакции
84.604
Тоа е кажано со друга сврха во дијалогов (ако сакаш ќе ти објаснам) и Варис има цел и мотив.
Литлфингер го има за цел тронот, а Варис го има за цел враќањето на Таргариените.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.605
Поени од реакции
13.303
Тоа е кажано со друга сврха во дијалогов (ако сакаш ќе ти објаснам) и Варис има цел и мотив.
Литлфингер го има за цел тронот, а Варис го има за цел враќањето на Таргариените.
Oбјасни ми :)

Јасно е кој е очигледниот план на Варис, посебно во книгите, дека е човек кој се грижи за доброто на континентот, за луѓето, the common men и од старт се залага за Таргериенс... Ама пошто е ова GoT секогаш чекав и се надевав дека ќе распали со лична амбиција, али ваљда нема да се деси. One can dream tho.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.369
Поени од реакции
84.604
Oбјасни ми :)

Јасно е кој е очигледниот план на Варис, посебно во книгите, дека е човек кој се грижи за доброто на континентот, за луѓето, the common men и од старт се залага за Таргериенс... Ама пошто е ова GoT секогаш чекав и се надевав дека ќе распали со лична амбиција, али ваљда нема да се деси. One can dream tho.
Па тоа ти велам, тоа што го вика у дијалогов ("A man with no motive is a man no one suspects.") нема никаква врска со неговите лични амбиции за тронот. Неговите лични амбиции за тронот не постојат. Ни во книгата, ни во серијата.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
И затоа јас пак ќе го спомнам фактот дека Нед и Роберт во само една епизода со цела пратња отидоа од Винтерфел до Кингс Лендинг во првата „непогрешива“ сезона.

Мене епизодата ми се допадна многу, досега најдобра од трите, на глупости и нелогичности укажувам секогаш, како сцената со Арја преправена во Волдер Фреј- тоа беа тешки глупости, магично изградената флота на Јурон, можеа барем некое глупо обајснување да смислат како е изградена, но некои големи нелогичности сега освен тајмингот баш и нема.

На тој од банката Серси му кажува дека експлозијата во катедралата е несреќен случај и колку и да се верзиите меѓу луѓето различни официјално кај неа нема вина, а како што кажа Џејми еден ден народот те плука гол дур шеташ по улици друг ден те воздигнува што е тоа чудно, народот е овца- дали во серијава или во реалниот живот нема разлика.

Ако Тарли како најсилен и уште неколку вазали на Тајрел откажале послушност тоа автоматски значи дека нивната армија е преполовена, Ланистерската е во фул бројка, во серијава отсекогаш е потенцирано мислам дека Ланситерите а не Тајрел имаат најголема армија.
Тоа што баш на Серси и успева сето ова и изгледа како бријилајнтен тактичар и воен лидер, можда е малку ради приказната да биде поинтересна, но и фактот дека ја советуваат доста интелигентни луѓе како Кајбрн, Џејми, Рендал Тарли.

Aко веќе барам замерки за епизодава, не ми се допадна како тоа Џора се излечи од тешка неизлечива болест за една вечер како ништо да не е. Исто и Бран и неговото понашање како некој забеган проповедник со тој матен поглед у далечината.
Самите си го поставија тој проблем со тајмлајнот. Прво одеа споро (што беше всушност одличен потег), за сеа у 2 епизоди да пропаднат 2 фамилии во Вестерос, 2 флоти плус најјаката платеничка/робова војска која ја видел светот на ASOIAF. Во исто време ни ги покажуваат и WW, а сеа дур сите зборат за нив, нив ги нема.

Во идеално сценарио серијава би траела 10 сезони, без изразени филери, без бегање од оригиналниот плот и без менување на првично смилсениот заклучок (Hello LOST my old friend) и во тоа сценарио сите книги би излегле пред шоуто.

Но тоа не го видовме. Овие се покажаа како лоши имплементи на тоа што им било кажано како ќе заврши приказната. Таман после првите 2 епизоди од сезнава мислев дека ќе се вратат на некое солидно ниво, во оваа епизода ја утупија.

Најверојатно цел квалитет е опаднат ради немањето материјал од дедото, па се губат малце во сите овие минуси што ги споменувате.
Не мислам дека е ради задоволување на публиката, зошто реално, шоуво ако никој не го гледа, ќе го укинат. А публиката не ја сочинуваат само режисери и оние самопрогласените режисери. Ако толку ве нервира, не гледајте веќе.
Никој не е самопрогласен режисер. Да бевме тоа ќе давав замерка на кинематографија, кадри, музика итн... Тоа го прават режисерите.

До задоволување и до шок фактор е, константно го прават баш истото, но публикумот им дозволува, повеќе луѓе го хејтаа појавувањето на Ед Ширан на 11 секунди отколку значајни дупки во сценариото и главноит плот.

Значи не збориме за падот на квалитетот на дијалозите во сценариото кој е неспоредлив со првите сезони. Седум сезони чекаме средба меѓу мразот и оганот, и они имаат дебилен разговор на ниво на тетки у ЈСП. Дијалогот меѓу Џон и Даенерис беше дно, но веќе навикнавме на такви. Ликовите кои доминираа со дијалози како Тирион, Варис и Литлфингер сега муабетат ко просечен македонски јавувач во утринска емисија.

Но реков на тоа се навикнавме, на падот во квалитетот во дијалозите, овие ја дотупеа со широките плотови за ликовите.

Инаку да, дебелиот е најкрив за све, за 7 години можеше барем едната книга да ја издаде. Ама му чуе, си ја живее славата која ја доби на свои 50 години, главен е, си лапа пари. ХБО ќе му плати за уште бар 2 приквела базирани на приказната, он ќе си пишува факинг кард гејмс...
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.605
Поени од реакции
13.303
Па тоа ти велам, тоа што го вика у дијалогов ("A man with no motive is a man no one suspects.") нема никаква врска со неговите лични амбиции за тронот. Неговите лични амбиции за тронот не постојат. Ни во книгата, ни во серијата.
Цитатот е од Littlefinger, чисто како foreshadowing. Во сцената е друг муабет, отвори.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.369
Поени од реакции
84.604
Мене новава сезона ми се свиѓа до сега (у споредба со предходните две-три), затоа што ми се чини дека има помалку глупи филери.[DOUBLEPOST=1501606330][/DOUBLEPOST]
Цитатот е од Littlefinger, чисто како foreshadowing. Во сцената е друг муабет, отвори.
ОК, не го отворив, затоа и не ни ти објаснив.
Сепак, сврхата на муабетот беше за тоа дали се или не се исти целите на Литлфингер и Варис.
Уопште не се исти.
Тоа што начинот на дејствување нивни е сличен, не значи дека и целите им се исти. Варис никогаш не покажал со ниту еден негов потег, ниту изјава, дека тронот го сака за себе си. Напротив, уште у прва сезона се виде дека шурува со таргариенски лојалисти (Илирио), со цел да ја врати династијата на власт.
Е сега испод таа површина на таргариенска лојалност, не се крие желбата за лична доминација врз кралствата, туку желба за поставување на власт на некој кој всушност ќе биде добар владетел. Тоа значи дека он би се свртел и против Таргариенот кој евентуално успешно би бил поставен на власт, доколку почне да наликува на Лудиот Крал, на пример.

Така да целта на Варис, колку и да звучи патетично и извикано, е доброто на народот.
Целта на Литлфингер е нели, да биде он на тронот, со Санса поред него.
 
Последно уредено:
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.151
Поени од реакции
16.088
Никој не е самопрогласен режисер. Да бевме тоа ќе давав замерка на кинематографија, кадри, музика итн... Тоа го прават режисерите.

До задоволување и до шок фактор е, константно го прават баш истото, но публикумот им дозволува, повеќе луѓе го хејтаа појавувањето на Ед Ширан на 11 секунди отколку значајни дупки во сценариото и главноит плот.

Значи не збориме за падот на квалитетот на дијалозите во сценариото кој е неспоредлив со првите сезони. Седум сезони чекаме средба меѓу мразот и оганот, и они имаат дебилен разговор на ниво на тетки у ЈСП. Дијалогот меѓу Џон и Даенерис беше дно, но веќе навикнавме на такви. Ликовите кои доминираа со дијалози како Тирион, Варис и Литлфингер сега муабетат ко просечен македонски јавувач во утринска емисија.

Но реков на тоа се навикнавме, на падот во квалитетот во дијалозите, овие ја дотупеа со широките плотови за ликовите.

Инаку да, дебелиот е најкрив за све, за 7 години можеше барем едната книга да ја издаде. Ама му чуе, си ја живее славата која ја доби на свои 50 години, главен е, си лапа пари. ХБО ќе му плати за уште бар 2 приквела базирани на приказната, он ќе си пишува факинг кард гејмс...
Јас не негирам ништо од ова што имаш пишано, сите сме свесни за огромна разлика меѓу првите сезони и овие сега. Само мислам дека за сето тоа најглавна причина е немањето книги, а не факторот публика.
Фактот е дека ништо од тоа ние, ко гледачи не можеме да смениме. Нити да кажеме кој да ја гледа серијава, зошто почнале сите што врска немаат да гледаат. Па добро, најпозната глобална серија е, што да гледаат луѓето, Модерн фемили или Биг бенг?
Жално е што од врвна серија и нешто што стварно не беше видено на телевизија, што најверојатно и најмногу придонесе за свртување на луѓето кон телевизиски серии наместо филмови, стана каша попара и нешто што ретко веќе е предмет за дискусија и барање загатки. Но, што да правиме, ќе ја догледаме каква што е. Не е никој крив освен самите оние што ја создаваат серијата, за нејзиниот пад во било каков квалитет.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Во идеално сценарио серијава би траела 10 сезони, без изразени филери, без бегање од оригиналниот плот и без менување на првично смилсениот заклучок (Hello LOST my old friend) и во тоа сценарио сите книги би излегле пред шоуто.
Тоа е и мојата главна замерка, нешто што ме разочара уште кога пред неколку години Д&Д го најавија дека целиот проект го замислиле во седум сезони. а има материјал комотно за десет сезони со десет епизоди, па дури и крајот да биде без оригиналниот материјал, нема да има такво брзање за многу ликови и настани како сега.

Мене ми се допадна замислата во делот на битките од епизодава, но војната на петте крала траеше две цели сезони, со постојани маневри, битки и планови, тука пола војна е готова у 15 минути, исто како лани битката за Мерин, опсадата на Риверан. Се е тоа одлично замислено, костимографски, сценски и визуелно супер изведено, но нема време да се реализира како што треба, се брза и се прелетува во битни работи. Супер серија е тука нема дилема, ама ХБО се криви што им удоволија на Д&Д и не ги притиснаа за десет сезони, додуша они ГОТ хајпот и славата ќе го продолжат со приквели, ем они задоволни, ем дебелиот ќе си продужи да лапа пари, ем на крај и ДиД богати и славни ќе си бидат за пет животи.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.369
Поени од реакции
84.604
Пад во квалитет не постои од аспект на HBO. Не е релевантно за нив.
Они гледаат дали има пад во гледаност.
Тоа се спречува, односно се подигнува гледаноста, со:
- фан-сервис содржина
- шокантност
- поедноставување
- пропорционално присуство на маргинализираните групи (небелци и жени) и нивно воздигнување преку плотот
и други нешта

Уметничкиот квалитет на производот не е високо на листата на причини поради кои расте гледаноста.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Јас не негирам ништо од ова што имаш пишано, сите сме свесни за огромна разлика меѓу првите сезони и овие сега. Само мислам дека за сето тоа најглавна причина е немањето книги, а не факторот публика.
Фактот е дека ништо од тоа ние, ко гледачи не можеме да смениме. Нити да кажеме кој да ја гледа серијава, зошто почнале сите што врска немаат да гледаат. Па добро, најпозната глобална серија е, што да гледаат луѓето, Модерн фемили или Биг бенг?
Жално е што од врвна серија и нешто што стварно не беше видено на телевизија, што најверојатно и најмногу придонесе за свртување на луѓето кон телевизиски серии наместо филмови, стана каша попара и нешто што ретко веќе е предмет за дискусија и барање загатки. Но, што да правиме, ќе ја догледаме каква што е. Не е никој крив освен самите оние што ја создаваат серијата, за нејзиниот пад во било каков квалитет.
Тоа е и мојата главна замерка, нешто што ме разочара уште кога пред неколку години Д&Д го најавија дека целиот проект го замислиле во седум сезони. а има материјал комотно за десет сезони со десет епизоди, па дури и крајот да биде без оригиналниот материјал, нема да има такво брзање за многу ликови и настани како сега.

Мене ми се допадна замислата во делот на битките од епизодава, но војната на петте крала траеше две цели сезони, со постојани маневри, битки и планови, тука пола војна е готова у 15 минути, исто како лани битката за Мерин, опсадата на Риверан. Се е тоа одлично замислено, костимографски, сценски и визуелно супер изведено, но нема време да се реализира како што треба, се брза и се прелетува во битни работи. Супер серија е тука нема дилема, ама ХБО се криви што им удоволија на Д&Д и не ги притиснаа за десет сезони, додуша они ГОТ хајпот и славата ќе го продолжат со приквели, ем они задоволни, ем дебелиот ќе си продужи да лапа пари, ем на крај и ДиД богати и славни ќе си бидат за пет животи.
Еј баш има таков обид за фан pleasure, го зборевме тоа и за минатата епизода, со Лејди Мормонт.

За некои работи увидоа дека стануваат мемефест и мета на муабет и почнаа да вметнуваат реплики нарочито за тоа (Џора и френдзонот, Џејми и раката итн).

Тоа доколку се прави умерено не е на штета на никого, но ако го преминеш во давање нелогичен штит ака плот армор кон некој лик кој е заштитен и не ги сноси последиците, преминува во глупости (Серсеи).

Но јас воопшто не ги кривам ХБО затоа што они нивните сегменти ги оставија на маестрално ниво, сите пропратни елементи во серијата освен сценариото се стационирани блиску до перфекција, тоа и ја држи серијата уште на, ко што пишав пред некој ден, неспоредливо ниво со било која друга серија во историјата на телевизијата освен Сопранови.

Продукцијата си е на врвно ниво, овие двајца Дамб и Дамбер и стариот со неговата мрза ја утупија работата...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.470
Поени од реакции
18.486
Да прашам, Данерис и Џон се брат и сестра т.е. полу брат и сестра ?
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
HBO е хакнат. Така да пазете се од спојлери ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom