@ForzaVardar Друже, главната кавга не беше околу кој прв почна во лигава. Јас во сите три (Оваа, Ворлд и Кајгана Европа) почнав со задоцнување, никого не сум обвинил заради тоа, така да за тоа прашање помалку кавга имаше. Проблемот настана кога еден „гигант“ реши сериозно да се откажи од играње и тука веќе се настана кавгата. Трката започна кој прв ќе дојде до најдобриот играч. Тие од прва лига може да си го дозволат тоа, имаат во секој момент кеш, ние „послабите“ се` што добиеме некое милионче плус го фрлиме одма за да закрпеме некоја дупка во составот. Сега која е таа рамноправност во играта ако се на се имаме три до четири тимови со најјаките играчи, а другите да играат со пропаднати таленти и да бидат само бројка за пополнување место. Не ја бива таа работа затоа реков дека многу ќе се разочараат, не само јас, мора и за обичните смртници како нас да има некоја риба во морето при толку риби. Можеби и јас го сакам Роналдо во тим, ама многу фактори не ми дозволуваат. Прво тоа што немам буџет да го земам ни за минималец, второ е тоа што тој е планиран веќе на друг уште пред да се откаже Дани и да не е така, на крај краишта јас и да имам финансии нема никогаш ама баш никогаш да уловам играч, пред мене „рибата“ ќе ја земе член што се знае и лично и персонално со Дани или немора да се знае лично ама подолго време се „дружат“ на кајгана и на мене ми преостанува само да морам да се молам на триста места за да ми даде еден играч оти и јас заслужувам веќе ако земат сите од колачот. Сепак сум против тоа да се распродаде тимот и 3-4ца да си ги поделат Роналдо, Роналдињо и Меси и ние со Начо да се задоволиме, секако јас и ти ништо нема да добиеме. Потоа кои и да влезе во прва лига, ќе го крка на големо, оти ќе има два до три јаки тимови, другите ќе бидат топовско месо.