не факам врски иначе одма мозам да најдам Човек со ке ми попраи све :bip:ВМРО ДПМНЕ:helou:
Не чепкам книга преку годината и на крај се петки ќе заредам , наставнициве неможат да стават послабо од 5 на крај :bip:
На тој начин можеби и ќе успеете, но, за жал само да си ги набилдате оценките и колку толку да доловите некој просек за да се каже дека сте поминале одлични.
Но, каде е знаењето кое ќе ви биде потребно во животот?
Основно, да, но средно, факултет, кога тоа што сте го "учеле" ќе ви биде потребно да го примените во секојдневната работа, во својата професија? Ќе му се јавите на човекот кој ви ги подари оценките?
Уште ли летате во облаци и не сфаќате дека тие дневници и свидетелства ќе ги потрупа тон прашина откако ќе ги искористите само за да се запишете?!
Ставете го прстот на глава и размислете што ве чека во животот и каде со тој памет. Нема секогаш да постои некој кој ќе ви сервира на тацна!
шо хмм...јас завршив одличен (едвај 4,55) а книга не пипнав...само слушав и перцепирав на час друго ништо....
Тоа е веќе друго. Не мешај работи.
Сепак си се активирал, иако не си учел од книга. Вниманието ти било насочено кон предавањата и часовите и знаењето си е на место, без разлика дали од книга или од слушање.
јас учев цела година како идиот ќе почнам учте малце наочари да носам, а таа, вака така, од 1ови, 2ки и 3ки помина одлична со просек 4,50??? ама ајдеее
тетин хммммм....директор...хмм...не нема врска абе ајде што ти е.....
ти тупи си мозок со учење а некој на крај ќе помине подобар и од тебе (она не помина али некој друг да)
И на крај совет, затоа што одредено време и јас имав слично размислување.
Чувај си го твоето знаење, бори се за оценките со паметот и нема да изгубиш ништо, освен нервозите за тоа дека некој има свидетелство кое може да си го урами и да зјапа во него од мерак, ништо повеќе.