Рачунај дека и Даре ќе биде опција за таа позиција оти Новак би требало да има предност на стоперската позиција па со тоа Даре би можел да игра како ДМ како замена за Николов и Спировски. А како што кажа во лигата веројатно и Исени ќе конкурира, а и Глигоров си е ОК за во лигата.
Според мене фали само асален шпиц, односно два (еден за стартер и еден резервен).
Да, забораив него да го спомнам, а го мислев, само што за европски утакмици ми е малку и ризичен за во среден ред, Николов и Спировски трчаа и работеа многу, Даре е тотална спротивност, преспор е, многу е паднат физички, може многу простор да остава коа ќе се залета према напред

Ама со оглед на тоа што е тука и Муслиу сега како штопер, сигурно Даре ќе ротира и во среден ред и во одбрана, а полека треба почесто да се остава и Грне на клупа, колку и да е класа сеуште и лидер, сепак ова му е веројатно последна, евентуално пред-последна сезона.. Иначе, зошто 2 шпица, тука е Балотели, гледам многу од вас го сметате повеќе за крило, ама според мене и не ми е за крило да игра, затоа што ја нема таа сигурност и смиреност со топка кога ќе треба да прими поназад на пример, да смири игра, вака како шпиц, иако не е реализатор, врши огромна работа, добива многу дуели, трча премногу, ретко кој друг шпиц ќе го прави ова. Реализацијата е проблем, ама има други позитивни работи кои кај други шпиц играчи ретко ќе ги сретнеш. Само вчера малце ме нервираше што кога и да се отвореше простор по страна, поготово десно Хамбарџумијан имаше еден куп ситуации за центаршут, овој место во 16ник да бара простор, искача надвор или се бута по страна да прими топка, наместо да прави проблеми пред гол.