Ништо уау немаше во 4ката, а имаа материјал и можност за многу подобро. Од декември до јули имаа доволно можност да осмислат подобар број.
Инаку ги сликнав почетната и рецензиите за тие што не сте го купиле тогаш.
Има разговор со Синоличка Трпкова, кај што на широко го тупи тоа што го збори по социјалните мрежи, најава за македонските филмови што ќе ги даваат во Херцег Нови и Сараево, најава за 3 блокбастери што ќе ги даваат во кината летово, разговор со Ана Алексовска (која што има снимено само еден краткометражен филм и тоа пред 6 години), разговор со Гоце Цветановски (студиото за анимација Линкс, што ќе го прават првиот македонски долгометражен анимиран филм), збор-два од Галевски за блокбастерите (Чувари на Галаксијата 2, новиот Мумија, Кралот Артур, Вондер Вуман и Кинг Конг) и рецензиите на Ќе дојдат децата (краткометражен македонски филм), Сопругата на чуварот на зоолошката станица, новиот Спајдермен и класиката Сјај во тревата.