Филм+ додаток за филмови во весникот Слободен печат

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
Новиот број?

Срамота е ова по форуми да се прашуваме меѓусебе за нов број (n)
Пиши му на Галевски, го имаш у пријатели. Мада претпоставувам дека ќе ти удри игнор.
Ептен непрофесионално во секој случај. Треба да си поставам датум 1ви ли ќе биде, 15ти ли ќе биде и знаеш тогаш излегува и крај, а не да се ебаваат. Првиот број на 15, вториот 25, третиот на 5 јануари со каснење од 20 дена. :tapp:
Или пиши им на Или Или мислам тие го издаваа па може ќе кажат кога ќе биде.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
*****, драго ми е што си нестрплив. По Нова година ќе го стабилизираме на фиксен датум (20 во месецот) а бр. 3 доцни заради оптовареност на печатницата. Ќе биде, не се грижи! Или сабота или понеделник. Поздрав
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245

Oд содржината на ФИЛМ+003

Интервју со КАВЕХ МОДИРИ
СИНОЛИЧКА ТРПКОВА: Уметничко или „тезгарошко“
Во прво лице – ДИНА ДУМА
Есеј на ВЛАТКО МАРТИНОВСКИ
Цел еден век КИРК ДАГЛАС
На сет на „Жртва“ на МАРИЈА ЏИЏЕВА
Пет рецензии на НОВИ ФИЛМОВИ
Феноменот ТВ серии – ЗЛАТКО ЃЕЛЕСКИ
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
CSI, The Crown, Westword? o_O
House of Lies, GoT :D

Само за сторијата за филмот на Џиџева ќе го земам бројов. Немаше никакви информации освен дека е почнат да се снима. И од Карановиќ дознав дека е завршено снимањето. Е сега постпродукција што е до кај е...
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Денеска се уште беше во продажба вториот број, третиот го немаше.
Со вакво темпо добро ќе биде ако истераат пет броја.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
Денеска се уште беше во продажба вториот број, третиот го немаше.
Со вакво темпо добро ќе биде ако истераат пет броја.
И јас денес си помислив дека ќе истераат до 6 броја. Неодговорност огромна. Маркетинг 0. Пишана им е пропаста. Башка види им ја логиката, еден до друг киоск, одалечени само 2-3 метри, во едниот го носат, во другиот не. Од 10 киосци во маало што прашав, во 9 луѓево прв пат слушаат за списаниево.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.534
Поени од реакции
29.093
Од прва рука информации, трафиките не успеваат ни по 2 броја да продадат. Кога им носат нови, старите ги враќаат. Заинтересираност никаква. Уствари исто ко и маркетингот и сериозноста. Не очекував да разочараат волку со оглед на тоа што убава екипа се, ама заборавиле на битните делови.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Да, вчера кога го барав третиот број во киоскот каде што го купувам, стоеше целото купче примероци како и пред еден месец кога излезе.
Вториот број доцнеше демек поради синедејс. По мене погрешен потег, требаше да излезе пред фестивалот и да го искористат фестивалот за промоција на списанието. Ем повеќе луѓе ќе слушнеа за него, ем ќе оствареа некаква продажба. Вака и ние неколкумина што го чекаме, ќе заборавиме на него.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
Го има третиот број. Го земав пред малку и го разлистав по пат. Подобро е од второто издание, добро е што го вклучиле Владимир Мартиновски, добар лик ми изгледа, иако ми нема предавано. Пак скудни со македонски теми, пет рецензии на странски филмови има. Али подобро ќе проценам ко ќе го прочитам целото.

И мора да работат на маркетинг и мора да си викнат некој што знае фотошоп да им прави саглам почетни. Почетнава што ја имаат може и дете од 2 години да им ја направи во paint. :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.910
Поени од реакции
37.039
Да, и мене третиов број ми изгледа ко посодржаен и подобар од претходните, а особено од вториот.
добро е што го вклучиле Владимир Мартиновски, добар лик ми изгледа, иако ми нема предавано.
Професорот Мартиновски е шампион, го обожувам. Мене на времето ми беше асистент по Старогрчка и староримска книжевност, Мит и магија, Класицизам, Романтизам, Симболизам... а во мое време предаваше и Усна (народна) книжевност и честопати им свиреше на народни инструменти на студентите на предавања (нели свиреше и во Баклава порано). Јас иако го немав тој испит, уивање ми беше да присуствувам на предавањата и вежбите со него. Сега е професор, одамна веќе, но од муабети слушам дека е подеднакво добар и трпелив каков што беше и како асистент. Мајстор на хаикуто, јас тврдам дека во Македонија му нема рамен! Во понеделникот Или Или ја издадоа неговата нова книга со хаибуни: „Небо без ѕвезди“, и едвај чекам да појдам и да ја купам. Не е добар лик, Мартиновски е човечиште во секоја смисла на зборот. Идол!
 
Како што реков не го знам лично, не сум на таа катедра, само низ факултет или некој настан што го имам видено. Вака од страна ептен мирен, сталожен лик ми изгледа и пред некоја година преведував за потребите на факс токму хаика од него што сега гледам ти си ги постирал во темата. :D Прочитав и за новава книга, ама не сум запознаен многу со хаибуните. :D Инаку не знам кој е најдобар, ама и Маџиров не е лош.

И да не одиме надвор од темата, Жртва го очекувам во првата половина на 2017. :aplauz:
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
Any idea, што се дешава со списанието? Ќе излегува на 2-3 месеци или што е работата?

Галевски сабајле беше во една емисија и кажа дека немало да се откажат со Сунчица од идејава и ќе има 4ти број, ама кога? :(
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Any idea, што се дешава со списанието? Ќе излегува на 2-3 месеци или што е работата?
:confused:
Галевски сабајле беше во една емисија и кажа дека немало да се откажат со Сунчица од идејава и ќе има 4ти број, ама кога? :(
Во Берлин беа на фестивалот, собираат материјал :D:D ужас се, тотално несериозно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom