Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Почина еден од најдобрите режисери на хорор филмови и таткото на зомби франшизата, Џорџ Ромеро (1940-2017)

Р.И.П. :(

Почина. Голем креативец, вешт и снаодлив, способен со минимум средства да направи големи работи.
Којзнае, можеби наскоро ќе се врати како зомби, па јас не би брзал со тоа R.I.P.
 
Не знам дали е спомнато на темава но пријатно сум изненаден од римејкот/екранизацијата на Ghost in the Shell. Пошто култниот анимиран ми е одамна гледан неможам да се сетам дали е веродостоен на оригиналот но го има истиот шмек. Плус Scarlett Johansson е погодена во улогата ма да мој прв избор би била Doona Bae од Sense8 серијата или некоја слична азијатка.

Сега се чека на Akira Holywood верзија. :icon_lol:
 
Дали сте спремни за филмот на деценијата?

Чарли Шин.
Вупи Голдберг.
Не е комедија.
Трагедија е.
Вистински настан.
За најголемата болна точка во модерната Американска историја.
9/11.
..................ФИЛМОТ Е ВО АЗИЈСКА ПРОДУКЦИЈА!

:pos: Зашто постои ова не знам ама.....


Убеден сум дека филмов е биран од страна на тренирани мајмуни кои што влечеле имиња на актери од едно купче а имиња на идеи за филм од друго купче.
 
Дечки, дали ви е познат цитатот :"I can see a sadnes in your eyes" или било која негова варијација?

Никако не можам да најдам од кој филм е, а толку јасно го имам во мислите. Го изговара женски глас, сличен на Галадриел.
 
Аман бе, пак ли се надминал, јас некако за оваа тематика скептик бев али ај, во Вторник планирам да го ѕирнам. Ајде пишете остали импресии како излезе филмов. Damn, не сум пишал во темава од Interstellar кога излезе :popce:
 
„Dunkirk" гази. Се надминал Ноланчо.
Ова е директна навреда за Интерстелар, Мементо, Престиж, Инсепшн....

Да не се лажеме, Данкирк е ок филм, правен по шаблон меѓутоа ништо не понуди, немаше некои јаки моменти сем кадрите, го немаше тој филинг на драма момент, не се осети ништо херојско...
Класичен шаблонски филм... ко америчките филмови за нивните херојски подвизи за време на војните.

Немаше спектакл, ок беше приказната но сепак далеку од стилот на Нолан.[DOUBLEPOST=1500646563][/DOUBLEPOST]
Ханс Зимер се надминал себеси, страшна атмосфера има филмот со неговата музика.
Музиката беше врв, тука признавам.
 
Ова е директна навреда за Интерстелар, Мементо, Престиж, Инсепшн....

Да не се лажеме, Данкирк е ок филм, правен по шаблон меѓутоа ништо не понуди, немаше некои јаки моменти сем кадрите, го немаше тој филинг на драма момент, не се осети ништо херојско...
Класичен шаблонски филм... ко америчките филмови за нивните херојски подвизи за време на војните.

Немаше спектакл, ок беше приказната но сепак далеку од стилот на Нолан.[DOUBLEPOST=1500646563][/DOUBLEPOST]
Музиката беше врв, тука признавам.
А Omaha Beach сцената? Како? На ниво со Спилберг, или? Не очекувам да е подобра во никој случај, без разлика дали е Нолан или било кој...
 
А Omaha Beach сцената? Како? На ниво со Спилберг, или? Не очекувам да е подобра во никој случај, без разлика дали е Нолан или било кој...
Не знам. Ја не можам да издвојам некој епски момент од филмот... како почна така и ми заврши, спор, едноставен и на моменти досаден. На страна музиката на Зимер.
 
Не знам. Ја не можам да издвојам некој епски момент од филмот... како почна така и ми заврши, спор, едноставен и на моменти досаден. На страна музиката на Зимер.
Од старт мое мислење беше дека оваа тематика е толку исцрпена и нема што да бара Нолан тука, ама да не кењам, не сум го гледал. Ќе го гледам па ќе дадам суд.
 
Не сум во тек, има торенти за dunkirk или во кино го гледате? Ако има ставете.
 
Back
На врв Bottom