Го добив тоа што очекував, добар али не некој епски филм. Вајда едноставно е зашто не може нешто спектакуларно да биде филмов, едноставно тематикава е премногу давана на филмското платно, не дека нема материјал и што се' не се случувало за време на војната од борби и разноразни случувања, ама мислам дека во денешно време и не може којзнае каков филм да се направи за Втората Светска војна.
Филмот е океј, солидено остварување, успева да го долови сивилото на војната. Хајлајт на филмот се секако кадрите и напнатоста која мислам дека е целовреме присутна. Јас лично немав досадни делови од филмот, но мислам дека Нолан не се надминал со овој филм и се сложувам со Џонтра за насловите кои ги наброил погоре, сите тие филмови сметам дека се некое скалило погоре од ова. Интерстелар пример пред да го гледам очекував многу, добив повеќе од тоа што го очекував.
Инаку тоа за Омаха што прашував, било вајда old news, зашто имаше некои муабети по нет дека Нолан ќе снимал негова варијанта од искрцувањето во Нормандија, мило ми е што беше само шпекулација.
Ми сметаше што немаше доволно крв и потешки сцени од овој тип, претежно на експлозии беше базирано се'. Не дека многу обожавам крвави сцени и летање глави и слично, али тоа е доловување во најреална форма. Па како да ги заборавиме сцените од Saving Private Ryan, кога се искрцуваат на плажа ги отвараат вратите и почнува покољот, разнесени глави, војници лежат по земја со пола црева излезени надвор, влечкаат повредени војници со пола тело разнесено, може да изгине било кој у било кој момент... Некако Нолан внимавал, не загина некој од поприсутните ликови, немаше некои многу крвави и експлицитни сцени, немаше некоја шокантна сцена што ќе ти остане во глава, часови после филмот да ја мислиш...
Мислам 7/10 негде, моја оцена.