dragonsky
Hate leads to suffering
- Член од
- 25 декември 2010
- Мислења
- 43.412
- Поени од реакции
- 85.366






Ќе испадне ко заебанцијана за топџиите "Цело лето учев како се изговараат Мората и Лукаку за на крај да сфатам дека се изговара Љоренте"
Значи не знам кое од овие е повеќе трагикомично:
-Челзи на чело со Мурињо го продава Лукаку и покрај тоа што има напаѓач што скоро се знае дека ова му е последна сезона
-Челзи неколку години подоцна нуди максимално нереална сума за играч што порано бил дел од клубот. А притоа во исто време сака да се ослободи од играч што бил во Челзи па бил продаден па пак се вратил во Челзи.
-И покрај тоа што Челзи нуди огромна сума за човек што сака да игра за Челзи. И покрај тоа што Челзи цела година се договараат со екипата и играчот. И покрај тоа што Челзи јавно на најглуп можен начин му вели на моменталниот напаѓач дека нема да игра следната сезона, а Евертон купува замени за Лукаку и се изгледа дека е готово............не успеава да го купи Лукаку.
-Лукаку завршува во екипа на Мурињо кој што го продаде in the first place. И ова го остава Челзи без напаѓач и покрај тоа што се знае дека првиот напаѓач нема да биде дел од екипата следната сезона.
WE WENT FULL CIRCLE BOIS!
Единствено што фали сега е во Супер купот предводени од тотал фудбалот на Мурињо, Реал-Јунајтед да заврши 0-0 па последниот пенал да го шутира Лукаку.......ама во тој момент ја и Донев да влеземе голи на терен за да го деконцентрираме, па после утнатиот пенал на Лукаку, Мурињо цела сезона да го стави на клупа на сметка на Рашфорд. Уште тоа фали.
Исто ептен најјако во целава ситуација е што општото мислење на фановите се смени.
Од "Лукаку најјачи иднината на Челзи, нов Дрогба! Ќе растури видовте колку голови даде лани у Евертон? Па со Хазард ќе доминира!" до "А бе ајде не ни требаат такви небитни играчи, нема ни прв допир ни ништо, само на слаби утакмици го бива, ептен прескап и небитен играч за Челзи овие од Јунајтед се поебаа ептен, следен Торес ќе биде ова тежок флоп" на фановите на Челзи до "хахахаха леле овие Челзи колку фрлаат пари само вештачка екипа, само купуваат тапа играчи, бе алоооо колкава сума е таа бе за таков глуп играч што нигде го нема во битни утакмици? Па тоа Роман само фрла пари во дупка му ебам богаташот му ебам" до "ААЈДЕЕЕЕЕ ДУПИ ГИ ЧЕЛЗИ КОЛКУ САМО ЌЕ ГАЗИ, СЛЕДНАВА СЕЗОНА ЌЕ БИДЕ ЕБЕЊЕ, 30 ГОЛА ЛАГАНО ДАВА ВО СИТЕ НАТПРЕВАРУВАЊА, УШТЕ БОЉИ И ПОМЛАД ОД ИБРА!!" на фановите на Јунајтед.
Едноставно прејака трансфер сага.
Не, ти навивачу на Јунајтед не мора да пишуваш "Ама ја секогаш имав едно мислење за Лукаку и никогаш не го сменив!". И да, ова се однесува само на навивачи на Јунајтед, пошто само они може да бидат толку глупи да не сфатат дека постовиве се однесуваат на општите светски фанови на овие екипи, и деа поради тоа што јас, ти и други што ги знаеме секад си имале исти ставови не значи дека многу фанови од светот уопште не го сменија мислењето за играчот. На пример знам и многу што не го смениле...уствари зашто го објаснувам ова во спојлер..
Ептен ми е мило што веќе неколку години не ги доживувам емотивно трансфер периодиве и апсолутно не ми е гајле што ќе испадне.
Што се однесува до мене и да го продадат Хазард нема да ми биде гајле се додека догодина имаме успешна сезона. Секако што и да ќе кажам јас нема да им смени на Еменало и Марија, ќе си останат со нивното (не)знаење.
Од Лукаку очекувам инаку добра сезона во Јунајтед, не би требало да е флоп. Али тоа што Лукаку ќе има ваљда добра сезона не го менува фактот дека Јунајтед нема ништо добро да видат во ЕПЛ и ЛШ со Мурињо на чело.
А сега за ова што е официјално.
Рудигер. Ок.

Наводно Бакајоко имал повреда па затоа не е официјализиран. Ама шо знам, не би се изненадил и од нигде никаде да заврши и во Манчестер Сити јер....зашато да не, се е возможно

Од напаѓачиве со кои што се поврзуваме за Мората си кажав уште од пред месец дена дека секогаш ми бил добар играч што навистина не знам зошто не добива стандардна шанса. Топ играч. Е сега не знам како би се снашол во Англија али ќе видиме ако дојде нели

Ама што да правиш, цените отидоа во курац.
А и на крај краева....па и со Мичи да останеме само не верувам дека тоа би било причина за успех или недостаток на истиот. Побитно е да имаме длабочина на играчи за сите натпреварувања.
Утре започнуваат со тренинзи играчите за негде 10 дена играме прва пријателска.
Реално...ептен малце пријателски. Само три, што е ептен малце за подготовка. А со оглед на тоа како ни почнува опасно сезонава...шо знам... ќе видиме што ќе се дешава секако
