Од ракав го извадив.
Али линкот ти беше генијален, Википедија... Оаза на знаењето, уште да немаше граматички грешки и топ ќе беше. Ај ќе пробам да верувам дека и ти некогаш си прочитал од таму.
Ај сега кога ме 'образова', пак истите прашања. Како ќе контролираш Санчез дали ќе оди во Барнли или Јунајтед а му нудат/заслужува иста 'плата'? И второ, дали тоа би значело дека повеќе трансфери ќе нема во фомратов во кои постојат?
Две битни прашања, али сакам да ме просветлиш оти тресам на памет (т.е. тропам, пардон) само не ми забегувај со драфтови и др нба правила кои што не одговараат на фудбалот.
Види и јас НБА пратам само површно и не сум кој знае колку навлезен, ама колку што го сфаќам селари капот е ограничување на платата што може да ја даде клубот за играчи. Значи замисли ограничено им е да даваат по 10м неделно за плата на пример. (безвеза е бројката) И пример ако Јунајтед состави тим кој зема плата од 9.9м неделно, а Санчез има плата од 300к Јунајтед за да го ангажира ќе треба да се ослоби 200к од нивниот платен список. А за да ослободиш 200к треба или да продадеш ѕвезда или да фрлиш во вода 3-4 играчи за ротација за Санчез што реално, не оди така.
Ова погоре е според ситуацијата моментално. Но со воведување на тој селари кап според мене агентите ќе го изедат најмногу, бидејќи нема да можат толку да манипулираат со играчите. Клубовите ќе се заштитат во тие преговори за потпишување нов договор, бидејќи и на самиот играч ќе му е јасно дека клубот неможе да му понуди плата каква би му понудил пред селари капот и фино лепо ќе си го свитка опашот и ќе потпише нов договор за нешто пониска плата.
Иначе трансфер цените растат бидејќи и самите приходи на (по)големите клубови се зголемуваат од година во година. Погледнете само како се движат цените на ТВ правата. Скај Спортс плати 5 и кусур милијарди фунти за да пренесуваат по 126 утакмици од наредните 3 сезони во ПЛ. Замисли колку пари собираат вкупно од тоа. Чист пример ти е МТВ, веќе 5-6 сезони гледаме ЛШ само во среда од што немаат пари да ги откупат целосно ТВ правата. После прпдавањето на клубските реквизити е проширено со интернет нарачкиве и доставата. Сигурно порано цел свет на купувал од официјалниот фан шоп на Јунајтед. А и таму цените не се баш за потценување. Обична маичка на куси ракави е над 30 фунти. За цените на билтетите, посебно во ПЛ не треба ни да правиме муабет. После тука ти се спонзорските договори од кои добиваат се повеќе и повеќе пари. Имаш договор со компанија што ќе ти го прави дресот, па главен спонзор на дрес, па сега испаднаа спонзори на ракавите, па имаат посебен спонзор на тренинг опрема, итн, итн... тие помалите што ги има само официјалниот сајт да не ги ни сметаме.
Во превод, додека има будали ко нас кои гледаат фудбал ќе си продолжат да прават трансфери во ова темпо.
Ако ги ограничат некако од ФИФА/УЕФА стварно не знам што би правеле со парите што ги собираат во тек на сезоната.
Евентуално да им рокнат некои ненормални даноци, па да има нешто и "за народот".