Фудбалски/трансфер дискусии

R

red.devil

Гостин
Ја одамна викам парите на Англискиот фудбал му носат штета. Меѓусебе си продаваат подпросечни играчи за абсурдни цени а континентот си цицат пари од тука кои попаметно се вложуваат. Абе со тие пари какви младински центри ќе се направеа со стручни штабови и све ама греота никако да излезат таленти како во Шпанија, Германија и Шпанија.
Не ги правдам англиските екипи, но Евертон е за правдање бидејќи работи рентабилно. Има приливи на пари, разбирам дека ќе троши. Башка вложува во млади таленти - како Дортмунд. А има и солидна академија со која секоја сезона вади по некој добар играч.

Мене друго ме мачи, посебно кај големиве клубови и овие што живеат година за годин. Што ако секнат приливите на пари. Зошто ова ми изгледа баш како bubble - како што прсна економијата на Исланд пред деценија. Барем така ми личи.

Иначе, ај англиските имаат приливи и трошат пари но што да кажеме за клубовиве кои што со години работаат во минуси... Кој ризик е тоа само упм. Денес ги има, утре може да завршат ко Парма или Портсмут.[DOUBLEPOST=1499111766][/DOUBLEPOST]
Што прават во нба со спонзорите? :icon_lol:
Што прават, не треба економист да си да видиш како се менува заработката на кошаркарите со трансфер во 'популарен' клуб. Имаш Форбс листи, напрај споредба.
 
W

wicked_1

Гостин
Што прават, не треба економист да си да видиш како се менува заработката на кошаркарите со трансфер во 'популарен' клуб. Имаш Форбс листи, напрај споредба.
??

Знаеш како функционира селари капот спрема договори/заработка на играчи, или така на празно си дискутираш?
 
R

red.devil

Гостин
??

Знаеш како функционира селари капот спрема договори/заработка на играчи, или така на празно си дискутираш?
For the sake of the argument, како?

Додека се праеше паметен користејќи потсмевки и иронии, ќе напишеше да научат и незналиците како мене. Или поентата ти е на празно да се мешаш само?
 
W

wicked_1

Гостин
For the sake of the argument, како?

Додека се праеше паметен користејќи потсмевки и иронии, ќе напишеше да научат и незналиците како мене. Или поентата ти е на празно да се мешаш само?
Ти си тропаш for the sake of the argument, не јас.

Конкретно тропаш за некои спонзори со кои се заобиколувал кепот или што ти знам, кој те знае од кај го извади ова.

Селари кепот е точно утврден во НБА, си има со бројка точно на колку е утврден и во границите таа бројка мора да бидат распределени годишните плати за играчите. За се што иде над таа бројка се плаќа луксузен данок (кој е огромен). Исто лигата има ограничено до каде може да се иде над определениот кеп со плаќање на луксузен данок.

Нема спонзори и слични мантри за заобиколување, еве ти прочитај...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Само кај ги најдовте Евертон за пример за трошење кога пустите до пред некое време најлуксуз на кој се надеваа беше позајмицата на Донован од MLS и Фергусон ако им пратеше по некој отпад. Пет играчи купени за 100 милиони денес не е толку страшно а и освен Пикфорд (па и за него ако ги исполни очекувањата ќе го имаат идниот бр.1 на Англија), другово им е сосема солиден избор на играчи. Кин заедно со Мегваер од Хал изиграа петка сезони ама не добија медиумско внимание затоа што беа во пропалитет клубови.
 
R

red.devil

Гостин
Ти си тропаш for the sake of the argument, не јас.

Конкретно тропаш за некои спонзори со кои се заобиколувал кепот или што ти знам, кој те знае од кај го извади ова.

Селари кепот е точно утврден во НБА, си има со бројка точно на колку е утврден и во границите таа бројка мора да бидат распределени годишните плати за играчите. За се што иде над таа бројка се плаќа луксузен данок (кој е огромен). Исто лигата има ограничено до каде може да се иде над определениот кеп со плаќање на луксузен данок.

Нема спонзори и слични мантри за заобиколување, еве ти прочитај...
Од ракав го извадив.
Али линкот ти беше генијален, Википедија... Оаза на знаењето, уште да немаше граматички грешки и топ ќе беше. Ај ќе пробам да верувам дека и ти некогаш си прочитал од таму.

Ај сега кога ме 'образова', пак истите прашања. Како ќе контролираш Санчез дали ќе оди во Барнли или Јунајтед а му нудат/заслужува иста 'плата'? И второ, дали тоа би значело дека повеќе трансфери ќе нема во фомратов во кои постојат? :D
Две битни прашања, али сакам да ме просветлиш оти тресам на памет (т.е. тропам, пардон) само не ми забегувај со драфтови и др нба правила кои што не одговараат на фудбалот.
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.790
Поени од реакции
12.157
Темата се знае што е, за трансфери и позајмици, не за некој играч од Дармштад, Фулам, Љеганес дека продолжил договор, што во денешно време ништо не мора да значи дека ќе остане играчот сигурно. Имаме теми за топ лигите како и оваа генерална дискусија за тие работи. Си кажав пошо ми смета. Е сега како сакате разберете ме. Ако мислите дека треба, слободно објавувајте си што сакате.
А јас што напишав? :icon_lol:
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
НБА е „затворена“ лига, 30 клуба, затоа има салари кап кој какотака функционира.

Во светот на фудбалот е невозможно да вметнеш таков кап, то ест тоа можат да го сторат лигите поединечно ама не и УЕФА.

За УЕФА и ФИФА најлесниот и најизволивиот начин е да стават граници на цените и на платите. На пример да не може играч да се продаде за повеќе од 100 милиони евра и да не може да зема повеќе од 20 милиони годишно. Па со тек на време таа граница да се поместува, зависно од треновите.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Тешко ќе биди да се направи некаков баланс во фудбалот бидејќи тука во Европа државите се различни и секаде преовладуваат различни даноци,различни услови и различни валути..тешко можи тоа да се компонира во едно со лимитирање на платите со оглед на агентите на фудбалерите бидејќи тие се најголеми мршојадци во денешниот фудбал и мора да земат дел од колачот.

А тешко дека во блиска иднина ќе му се случи бродолом на некој од поголемите клубови што ги знаеме бидејќи сите се рудник за пари посебно ако настапуваш во ЛШ можиш да инкасираш огромни средства..Кинезите и Арапите не се будали што вложваат во фудбалот,сигурно имаат однапред изработен план како да функционираат,на крај краева тука се секогаш кладилниците да ги извадат
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Зашто би не болело таквото кој играч колку плата ќе зима додека се плаќаат по 30 милиони за смешни играчи?
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Зашто би не болело таквото кој играч колку плата ќе зима додека се плаќаат по 30 милиони за смешни играчи?
Па ако се става лимит за едното, треба да се стави и за другото. Инаку ќе понудат Реал, Барса и Баерн за Канте (хехе) по 100м, клубот ќе ја прифати понудата и после овие ко на аукција ќе наддаваат со платите до бесконечност? Ако се плафонира, ќе му понудат сите три клуба максимум да речеме, па тој ради желба или други фактори (спонзори, агенти, сопруги) ќе одбере каде да игра.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.779
Поени од реакции
44.010
Од ракав го извадив.
Али линкот ти беше генијален, Википедија... Оаза на знаењето, уште да немаше граматички грешки и топ ќе беше. Ај ќе пробам да верувам дека и ти некогаш си прочитал од таму.

Ај сега кога ме 'образова', пак истите прашања. Како ќе контролираш Санчез дали ќе оди во Барнли или Јунајтед а му нудат/заслужува иста 'плата'? И второ, дали тоа би значело дека повеќе трансфери ќе нема во фомратов во кои постојат? :D
Две битни прашања, али сакам да ме просветлиш оти тресам на памет (т.е. тропам, пардон) само не ми забегувај со драфтови и др нба правила кои што не одговараат на фудбалот.
Види и јас НБА пратам само површно и не сум кој знае колку навлезен, ама колку што го сфаќам селари капот е ограничување на платата што може да ја даде клубот за играчи. Значи замисли ограничено им е да даваат по 10м неделно за плата на пример. (безвеза е бројката) И пример ако Јунајтед состави тим кој зема плата од 9.9м неделно, а Санчез има плата од 300к Јунајтед за да го ангажира ќе треба да се ослоби 200к од нивниот платен список. А за да ослободиш 200к треба или да продадеш ѕвезда или да фрлиш во вода 3-4 играчи за ротација за Санчез што реално, не оди така.

Ова погоре е според ситуацијата моментално. Но со воведување на тој селари кап според мене агентите ќе го изедат најмногу, бидејќи нема да можат толку да манипулираат со играчите. Клубовите ќе се заштитат во тие преговори за потпишување нов договор, бидејќи и на самиот играч ќе му е јасно дека клубот неможе да му понуди плата каква би му понудил пред селари капот и фино лепо ќе си го свитка опашот и ќе потпише нов договор за нешто пониска плата.


Иначе трансфер цените растат бидејќи и самите приходи на (по)големите клубови се зголемуваат од година во година. Погледнете само како се движат цените на ТВ правата. Скај Спортс плати 5 и кусур милијарди фунти за да пренесуваат по 126 утакмици од наредните 3 сезони во ПЛ. Замисли колку пари собираат вкупно од тоа. Чист пример ти е МТВ, веќе 5-6 сезони гледаме ЛШ само во среда од што немаат пари да ги откупат целосно ТВ правата. После прпдавањето на клубските реквизити е проширено со интернет нарачкиве и доставата. Сигурно порано цел свет на купувал од официјалниот фан шоп на Јунајтед. А и таму цените не се баш за потценување. Обична маичка на куси ракави е над 30 фунти. За цените на билтетите, посебно во ПЛ не треба ни да правиме муабет. После тука ти се спонзорските договори од кои добиваат се повеќе и повеќе пари. Имаш договор со компанија што ќе ти го прави дресот, па главен спонзор на дрес, па сега испаднаа спонзори на ракавите, па имаат посебен спонзор на тренинг опрема, итн, итн... тие помалите што ги има само официјалниот сајт да не ги ни сметаме.

Во превод, додека има будали ко нас кои гледаат фудбал ќе си продолжат да прават трансфери во ова темпо. :D Ако ги ограничат некако од ФИФА/УЕФА стварно не знам што би правеле со парите што ги собираат во тек на сезоната. :pos:Евентуално да им рокнат некои ненормални даноци, па да има нешто и "за народот". :D
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Па ако се става лимит за едното, треба да се стави и за другото. Инаку ќе понудат Реал, Барса и Баерн за Канте (хехе) по 100м, клубот ќе ја прифати понудата и после овие ко на аукција ќе наддаваат со платите до бесконечност? Ако се плафонира, ќе му понудат сите три клуба максимум да речеме, па тој ради желба или други фактори (спонзори, агенти, сопруги) ќе одбере каде да игра.
Па ни тоа нема да помогне многу, еве да речеме стаат ограничување на 150 милиони за трошење (на страна тоа што и тука ќе заобиколуваат со рати со позајмици со куровмиленче) никој нема да го спречи Евертон (да речеме) да бара 100 милиони за рандом играч.

Отиде фудбалов у курац како и да е, ќе глеаме луксузи доека не почнат да пропаѓаат некои клубови од погоре спомнатите примери.
 
R

red.devil

Гостин
@ManUtdChampions , на крај пак ништо не кажа од тоа што ме интересира. :D Океј, Санчез ќе кошта многу, прашањето е како ќе се регулира дека еден од Барнли и Јунајтед, кои имаат ист селари кап и решиле да жртвуваат 20% од буџетот на овој играч, дека стварно овие ќе платат толку а не преку трети страни да внесат и бонуси за играчот? Тоа е првото.

Другото, точно дека цените растат со самите приходи на клубовите, впрочем и поради тоа ја започнав дискусијава. Што ќе се деси кога тој балон што се ствара од тв права, спонзорски договори па и приватни инвеститори ќе пукне? Односно, како ќе се заштитат клубовите ако продолжат по овој терк кога една лига би западнала во криза во краток период а клубот има мултимилионски и долгогодишни договори со повеќе играчи? Ако провериш, преку 80% од клубовите работаат во минуси и покрај толку приходи. Нема логика да издржи овој тренд на растење на цените уште долго време. Барем мене ми нема.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.849
Поени од реакции
116.026
Тешко дека може да функционира тоа со селари кепот у фудбалот, не можеш Киево и Реал Мадрид да ги поистоветиш, никогаш, во ниту еден Универзум. Да не зборувам за различните лиги, различни пари од ТВ права, спонзори итн итн.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom