ManUtdChampions
Lleyton Hewitt
- Член од
- 5 февруари 2009
- Мислења
- 32.965
- Поени од реакции
- 44.701
- Возраст
- 31
Па ваљда бар поголемиве пратат ситуација и знаат колку им е долга чергата.@ManUtdChampions , на крај пак ништо не кажа од тоа што ме интересира.Океј, Санчез ќе кошта многу, прашањето е како ќе се регулира дека еден од Барнли и Јунајтед, кои имаат ист селари кап и решиле да жртвуваат 20% од буџетот на овој играч, дека стварно овие ќе платат толку а не преку трети страни да внесат и бонуси за играчот? Тоа е првото.
Другото, точно дека цените растат со самите приходи на клубовите, впрочем и поради тоа ја започнав дискусијава. Што ќе се деси кога тој балон што се ствара од тв права, спонзорски договори па и приватни инвеститори ќе пукне? Односно, како ќе се заштитат клубовите ако продолжат по овој терк кога една лига би западнала во криза во краток период а клубот има мултимилионски и долгогодишни договори со повеќе играчи? Ако провериш, преку 80% од клубовите работаат во минуси и покрај толку приходи. Нема логика да издржи овој тренд на растење на цените уште долго време. Барем мене ми нема.
И тие потпишуваат спозорства на 5-10 години, така да од таа страна колку толку се заштитени. Освен тоа ако ти текнува Јунајтед потпиша со Адидас година и кусур пред да им истече договорот со Најк, што значи сигурно година ипол - две пред истек на спозорствата почнуваат со преговори за евентуално продолжување, со што ги гледаат вибрациите од таа страна и знаат во која насока ќе се движи фудбалот наредните години.Околку муабетот за Санчез не знам тоа како би се регулирало. Да, можно е да измислат и бонуси од самите спонзори пример, што технички не удира на буџетот на клубовите, ама ваљда и тоа може да се забрани, бидејќи кој е Адидас да му дава на Санчез по 10 иљади фунти од постигнат гол.
Освен тоа што нели со повеќе постигнати голови, фановите повеќе го сакаат и нарачуваат повеќе дресови од него, а со тоа добива и самиот Адидас. И да стават селари никогаш нема да се поистоветат Киево и Реал Мадрид од проста причина што ќе биде доволно голем Реал да може пак да си прави Галактикоси, а Киево ќе плаќа едвај 15% од ограничената сума.Тешко дека може да функционира тоа со селари кепот у фудбалот, не можеш Киево и Реал Мадрид да ги поистоветиш, никогаш, во ниту еден Универзум. Да не зборувам за различните лиги, различни пари од ТВ права, спонзори итн итн.

Последно уредено:

Многу арно не е на арно, барем не кога се работи за економија. Затоа ме интересира од каде експоненцијалниве инвестиции во фудбалов. Дури смешно станува од што е глупо.