Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.246
Поени од реакции
8.333
@Colt Willcox бифшиот ти комшија кај игра сега?


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
14 мај 2013
Мислења
1.240
Поени од реакции
507
После Кире ке дојде генерацијата на Талески,Кузмановски,Нелоски,Маркоски,Томовски.Шом може една Полска да си дозволе да не се пласира на Европско за да напраат смена на генерации.Можеме и ние
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
После Кире ке дојде генерацијата на Талески,Кузмановски,Нелоски,Маркоски,Томовски.Шом може една Полска да си дозволе да не се пласира на Европско за да напраат смена на генерации.Можеме и ние
После Кире ќе бидиме на ниво на Босна,со овие играчи толку е силата реално..како што напиша Александар тешко дека ќе се роди спортист а камоли ракометар во нашата држава воопшто..па кога ќе ми текни како фиромците го имаат плукано за некој X натпревар дека не шитнал:eek:..90% од офанзивата е на негови плеќи,нон стоп прави вишок и ги разигрува останатите..Кире е Леброн во ракометот..играчиште
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.209
Поени од реакции
8.012
Кире е Леброн во ракометот..играчиште
Кире е Џордан и Коби во едно во ракометот. Штета за него што се родил во вукојебинава па веројатно ќе си оди во пензија без репрезентативен медал.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Како и да го наречеме ги заслужува сите епитети,ракометен велемајстор е..на 37 години игра максимално борбено,сконцентрирано и физички е на одлично ниво што е навистина реткост дури и во спорт како ракометот каде нема многу трчање..ене Јиха е две години помлад ама изгледа како истушен балон,не постои на ракометната мапа
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.000
Поени од реакции
84.529
Колку сме само ракометна нација нек си ибе матер...не зборам за успеси или ова она..колку само дишеме за ракомет...на сите натпревари на репрезентацијава (да не зборам Вардар/Металург во ЛШ).
Топ атмосфера и денеска. Комплетна доминација на нашиве, и тоа очекувана, Чесиве секогаш се губат во хаосот во Скопје. И не можам а да не се запрашам.....зашто побогу не ни даде ЕХФ ЕП? Борис Трајковси + Јане Сандански мислам дека се доволни...шо знам...


Како и да е, топ! Одиме на ЕП, и тоа ЕП што ни е во близина, очекувам супер поддршка и наши навивачи и таму. А од групиве како што гледам.....само 4-5 екипи само би биле фаворити против нас, со скоро сите останати екипи и те како може да се носиме рамо до рамо..
И да....сите ќе замараат (сигурно и други почнале) ама мора да си се праша....кога е ждребот за ЕП?

П.С. Не, ти загорен фану на Вардар не мора да ми вратиш со "hahaa kakva atmosfera na Metalurg vo LS toa samo vestacka ekipa e nema fanovi samo bogatasi ima nema nisto lol sto si gledal ti coveku"[DOUBLEPOST=1497828905][/DOUBLEPOST]А гледам погоре има компарации за Кире. Кире треба на ниво со Ден Марино, Чарлс Баркли, Бери Бондс, Алекс Овечкин и многу други играчи кои што во своите спортови ќе се сметаат за едни од Greatest of all time, и покрај тоа што не освоиле титула....

Цела среќа Кире освои ЛШ, ќе беше огромна неправда да не освоеше ЛШ така да....во старт има подобра кариера од овие погоре што ги спомнав :D Али то е...штета е што никогаш не стигнавме до 1/2 финале....ИЛИ ДО ОЛИМПИЈАДА ЛЕЛЕ УШТЕ СЕ НЕРВИРАМ ЗА ТОЈ ОЧАЕН НАСТАП ЛЕКЦИИ НИ ДЕЛЕШЕ ЕДЕН ТУНИС СРАМОТА ЖИВА :mad:[DOUBLEPOST=1497829170][/DOUBLEPOST]Ок, не мора одговор се снајдов :D

Ждребот за ЕП ќе се одржи во петок.
 
Последно уредено:

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.234
Поени од реакции
5.006
Доминација, Чешка се најслаби бе во цела група :D
Очекував да ги демолираме со над +8 разлика, само ај реков да не кревам фама тука пред време, овие на гости Чешка се поизгубеи од Финска :pos:
Како шо кажа Томасино во ова група секој изиграваше маж на своето буниште, групата се викаше, победи си дома и на гостување оди како на екскурзија :DЕбиветер беше групата, ист тип се сите репки во групата, дома играт маестрално на гости сосем трета селекција....
Во ваква група срамота ќе беше да не бидиме први. Кире Лазаров уште 2 години мислам можи да игра на вакво врвно ниво ! Не треба зборој, чоекот е РАКОМЕТЕН ГЕНИЈАЛЕЦ :cuc: И јас сум скептик дека после него би биле доминантни во некои мечеви како овој со Чешка, Исланд и други.
Кивата гледам никој не го пофалил, денес имаше и повеќе од солиден ден, да не го креваме во облаци чист просек голман е, ама си ја заврши работата маестрално, ако не се лажам 16 одбрани имаше заедно со пеналот.
Манасков-никогаш нема да станиш голем играч, ќе те шуткаат сегде на клупите, малце ти беа шамарите од Пепи пред 2 години на излезот од Борис после утакмица, абе ЛИНГУР СИ И ЛИНГУР ќе останиш, циркузант !
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
383
Поени од реакции
1.079
...зашто побогу не ни даде ЕХФ ЕП? Борис Трајковси + Јане Сандански мислам дека се доволни...шо знам...
Би било идеално за пласман и за атмосфера ако организираме некое ЕП кај нас, ама во догледно време не е реално да се очекува такво нешто. Без барем една сала од минимум 10-12.000 гледачи ЕХФ нема ни да разгледува кандидатура. Тоа било принцип до сега, ракометот маркетингшки е во експанзија и ЕХФ нема да отстапи од тоа. Во Хрватска ќе се игра во Загреб (15.000) и во Сплит (11.000) па може да се помине и со Вараждин (5.200) и Пореч (скромни 3.500). ЕП 2020 ќе се игра во дури 3 држави, Шведска, Норвершка, Австрија, каде што најмала сала е во Грац (6.000), а во Стокхолм арената е со капацитет од 24.000 седишта.
Кои би били нашите шанси за организација на ЕП?
Да изградиме барем уште една сала со капацитет од околу 12.000 седишта? - НЕМА ТЕОРИЈА!
Останува можноста за коорганизација со друга/други земји. На Ф4 во Келн некој од нашиве портали имаше интервју со Видерер и тој истото го нагласи дека шанса за организација на ЕП ни е единствено регионална коорганизација. Е сега, прашањето е со кого во регионов? Во Бугарија и Албанија ракометот е на аматерско ниво, Србија кога би имала интерес за повторна организација сигурно би одела сама, исто како и Хрватска. Црна Гора и БиХ се како нас, без голема сала која е услов за организација. Кај јужниов сосед малку се размрдаа ракометните случувања, од скоро Олимпијакос има ракометна секција, се фузираа со шампионот Xini Dikeas и следна сезона ќе играат во ЕХФ купот, немаат големи амбиции, ЛШ и слично, ама ако се смени нешто во поглед на инвестиции и интерес може да размислуваат и за организација на голем настан. Барем имаат инфраструктура. Исто како и Турците, ама тука политиката ќе заебе работа и пак тешка работа за коорганизација со ГР и ТР.
Шанса може да бараме за коорганизација со некоја подалечна земја, ЕП 2020 покажува дека немора соседни држави да бидат организатори.
До тогаш, останува да се радуваме на секој пласман и да правиме комбинации за пат/смештај/карти каде и да се игра.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Одличен натпревар на нашите. Во секој поглед. Чесите тотално се изгубија, но и реално не се до толку квалитетни, чудо е како играат толку добро дома. Нормално имаше и некои грешки но тоа е сосема ок, не постои безгрешна екипа.

Јас и очекував некоја висока победа од 7-8 разлика, но ова е и над очекувањата. Лично и не се сеќавам вака да сме победиле некоја екипа која е меѓу 20тина најјаки во светот.

Одбраната на чело со Јоновски одлична. Тука се реши натпреварот. Нападот беше коректен и го одработи своето.

Очигледна е разликата од мечот со Чешка до мечот со Украина. Барем еден од В.Марковски, Јоновски и Неловски мора да биде во одбраната во средниот блок. Талески како партнер заради намалување на измени е ок, а тука како опции се и Н.Маркоски и Кузмановски, со тоа што јас Кузмановски би го преферирал на 5ка (освен Миркуловски немаме играч за таа позиција, а Кузмановски е најдобар во одбрана од ова трио особено на 5ка каде треба повеќе подвижност). Горе долу истото важи и за 2ка, која ни е најслаба страна и ќе биде уште попроблематична по пензијата на Митков.

Инаку сме солидно позиционирани пред ждрепката. Ќе бидеме веројатно во вториот шешир. Отприлика вака би требало да изгледаат шеширите:

CRO
GER
ESP
FRA
----
DEN
BLR
MKD
SWE
----
NOR
HUN
SLO
SRB
----
AUT
MNE
CZH
ISL

Би рекол битно е да се избегне Норвешка, се друго е помалку или повеќе прифатливо. Сепак ЕП е ова, слаби екипи нема...
 

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
Доминација, Чешка се најслаби бе во цела група :D
Очекував да ги демолираме со над +8 разлика, само ај реков да не кревам фама тука пред време, овие на гости Чешка се поизгубеи од Финска :pos:
Како шо кажа Томасино во ова група секој изиграваше маж на своето буниште, групата се викаше, победи си дома и на гостување оди како на екскурзија :DЕбиветер беше групата, ист тип се сите репки во групата, дома играт маестрално на гости сосем трета селекција....
Во ваква група срамота ќе беше да не бидиме први. Кире Лазаров уште 2 години мислам можи да игра на вакво врвно ниво ! Не треба зборој, чоекот е РАКОМЕТЕН ГЕНИЈАЛЕЦ :cuc: И јас сум скептик дека после него би биле доминантни во некои мечеви како овој со Чешка, Исланд и други.
Кивата гледам никој не го пофалил, денес имаше и повеќе од солиден ден, да не го креваме во облаци чист просек голман е, ама си ја заврши работата маестрално, ако не се лажам 16 одбрани имаше заедно со пеналот.
Манасков-никогаш нема да станиш голем играч, ќе те шуткаат сегде на клупите, малце ти беа шамарите од Пепи пред 2 години на излезот од Борис после утакмица, абе ЛИНГУР СИ И ЛИНГУР ќе останиш, циркузант !
А зошто го шамарал Пепи?

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom