Лошо си ме разбрал, не мешам брзини, се согласувам со тебе и пишаното во овој дел. Познавам некои кои се слабо градени како мене а имаат неверојатна енергија, стамина и сила, и редовно го одржуваат истото, како што знам и билдери кои веќе се уморуваат од носење потешки кеси од продавница до дома (што и јас го правам, колку да доловам слика). Да не збориме па за нешто позахтевно. Така да комплетно сфаќам што сакаш да ми кажеш. Поентата ми беше дека двете работи можат да се комбинираат денес. Има начини, има услови, има стратегии. И дека геј и би мажи често ги комбинираат. Едната работа ради заштита и сигурност, другата ради одредена естетска вредност на дејтинг пазарот.
Тоа можеш да го кажеш ако си живеел како хомосексуалец, што знаеме дека не си. Тоа што не гледаш по медиуми не значи дека претепувања не се случуваат. И јас така мислев затоа што мене никој не ме чепкал (до сега барем), но не можам да игнорирам тоа на други што им се случувало. Не станува збор за користење на оружје или причинување на смрт (веројатно нема до толку глупи фаци да си го заебат остатокот од животот што ќе усмртат некој педер и ќе скапаат во затвор после?), туку физичко малтретирање, претепување и сл. Колку да не се осеќа некој безбеден овде и да си замине. Што за жал е горе-доле ефективна стратегија затоа што многумина после такво искуство си заминуваат.
Да, дечкото беше геј и пред да влезе во војска, и не, не станал војник ради тоа, туку затоа што сакал да служи. Има заминато подоцна од други причини во кои нема да невлгувам овде. Немаат врска со хомофобија и сл. Другиот има изучувано Крав Мага затоа што тоа му налага државата (има служено во Израелските Одбрамбени Сили). За да станеш израелски државјанин мораш да служиш одредено време војска таму. Крав Мага баш е корисна против насилен влез во возило, и напад со нож и пиштол, покрај другото.
Тоа за хормонската терапија и трансродовоста ти го одговорив
овде, за да не пребегаме премногу оф-топик.