Првото прашање не можам стручно да ти го одговорам затоа што не сум научник, имаш безброј докази од научници и доктори дека не е психичко нарушување, факинг светска здравствена организација вели дека не е болест, за некои со никаква допирна точка со таа област да тврдат дека е. Исто така истражувања и докази ги имаш и за тоа дека се раѓа геј. Еве и од мене едно прашање кое што мнооогу ме интересира. Кога ти одлучи да бидеш хетеро?
Јас на пример не седнав некој ден да си мислам дали да бидам хетеро или геј, па да си речам, еј ја сакам геј да сум, зашо да си го поминам животот полесно во хетеронормативното општество, ајде да изберам нешо заради кое ќе бидам навредуван, омаловажуван, малтретиран психички (па дури и физички кај некои луѓе) некој да ми посакува смрт само заради тоа што не се согласува со тоа што јас правам у кревет, и дали го правам тоа со маж или со жена. Ниту пак сум бил израснат од геј пар, ниту сум бил опкружен со геј луѓе, ниту зборувале добро за геј луѓе, се' обратно од тоа. Пошо нели некои одат со став дека геј родители можат да „попедерчат“ дете, бла бла бла.
Во основно додека други машки цело време збореа за женски, се палеа на женски мене тоа едноставно не ме привлекуваше и се прашував зошто, маструбирав на хетеро порниќи фокусиран на мажот, LOL... Ме опкружуваа конзервативни луѓе со затуцани ставови ко овие горе и мислев дека не смее да се деси тоа да ме привлекуваат мажи, неприродно е, болест е, еден период пробав да се убедувам себеси дека сум стрејт (или евентуално би). И после веќе сфатив дека едноставно не ме привлекуваат личности од спротивен пол и се помирив со тоа, многу подобро е чувството кога ќе се прифатиш себеси, тоа е најважно кај ЛГБТИ луѓето.
Всушност некои геј луѓе прават избор, иако се геј, праат некоја фарса пред роднини пријатели со женски/сопруги, е тоа веќе е избор, кукавички избор борејќи се сами со себе, само за полесно да се вклопат во конзервативното општество и никој да не се сомнева во нивната сексуална ориентација.