Никој тебе не ти кажа дека немаш право на став. Ама ваљда знаеш дека има разлика од став до став.
Хомосексуалност со педофилија и зоофилија нема никаква допирна точка нема ниту да има.
Пошо постојат мнооогу глупи луѓе кои шо за пропаганда против лгбти заедницата ги користат овие 2 ствари и ги изедначуваат со хомосексуалноста, што воопшто не е исто. Прво затоа што кај хомосексуалците станува збор за однос со согласност на двајцата. Животните се согласуваат да имаат секс со зоофил? Деца се согласуваат со педофил? Најчесто станува збор за силувања кога се збори за таа тема. Второ тоа е болест, за разлика од хомосексуалноста.
Ја уствари само се надевам дека ти стварно не си професор (иако сигурно не си). Пошо лица што шират дезинформации и омраза не смеат да образуваат луѓе, ако не знаат „ставот“ да си го прилагодат или да си го чуваат за себе.
А ти
веројатно знаеш дека “ваљда“ не е дел од нашиот правопис, туку
веројатно. Можеби на матура ќе научиш нешто.
И не е точно. Во некои земји како Индија, е нормално свадба помеѓу деца, или свадба помеѓу постар човек и дете. Па и исламскиот свет ги крши нормалните принципи околу ова прашање.
И како дојде до заклучок дека педофилите се болни? И за нив тоа е нормално. Патем, и со дозвола на суд, малолетно лице може да влезе во брак, и тоа и во нашиот правен сисем! Секако постои минимална граница која изнесува 16 г.
Или ајде за инцесот. Како го оправдуваш инцесот?! Тука има несогласност, па и правна кочница (која може да се избегне (само за брак помеѓу роднини) и правилата се слични, како и бракот меѓу малолетници), и со претпоставка дека се работи за 2 зрели лица. Како го оправдуваш овој чин или овој брак!?
Јас не ширам дезинформации и лаги. Јас само констатирам и јасно си ги искажувам своите ставови. Во ниту еден момент не те навредив. Ако те навредува тоа што одредени научни истражувања (разгледај ја темава и ќе видиш дека има многу) тврдат дека се работи за психичко нарушување, тогаш не е до мене. И не правев споредба со педофилијата и хомосексуалност. Никако, но требаше малку да се фокусираш и да сфатиш дека немав таква намера. Некогаш е многу лесно да се прецени карактерот на оној што седи покрај тебе. Ти си едно дете полно со комплекси, што мисли дека цел свет го мрази и недоволно се фокусира на битните елементи. Патем 2 пати погрешно ме напаѓаш. 3-та среќа е овој коментар.
И тоа околу она “професор“. Баш професорите треба јавно да си ги искражуваат своите ставови. Зарем еден професор треба да биде прилагодлив на сите општествени движења и не смее да нападне нешто за кое се смета за табу во самото општество!? Тоа ти е исламот во новиот свет, тоа ти е феминизмот во подемократските општества, тоа ти е либерализмот во САД, тоа ти бил марксизмот во СССР или национал-социјализмот во некогашна Германија. Ако сакате на поединецот да му ставите поводник и да го водите како куче, во ред, ако ви дозволи правете со него што сакате. Но тоа не значи дека во општеството треба да ставате пречки и секој да мора да живее со вашата доктрина. Имам и пријатели педери, и воопшто не ми смета што се педери. Јас ја ценам карактерната особина, а тебе треба некој да ти каже дека општеството не ве мрази, баш напротив, мисли дека сте веќе досадни. Ако сакате нешто да постигнете, треба да тоа да се изборите. Жената се борела за правото на глас, афро-американците за право на слобода, афричките држави за независност, црнците на Ј. Африка против апартхејдот итн. Треба да најдете начини да ја протнете вашата идеја во општеството, кое веќе не се занимава со вас, како што било некогаш кога се лежело до 3 г. затвор за хомосексуалност, или уште полошо, биле истребувани. Јас сум само реален, па ако солзи ти доаѓаат во очите поради моите ставови, не мора да пишуваш на форумов. Тоа е и право и привилегија. Па ако сметаш дека си привилегиран, тогаш завземи јасен став и докажи дека не сум во право.