Поздрав до сите, пред неколку дена обично пред да ја мијам косата ја трлам со рака да ја размрсам, и приметувам дека додека го правам тоа од неа ми паѓаат по неколку влакна постојано.. значи секој пат додека ја трлам губам по 5-10 влакна да бидам буквално прецизен...
Прашањето ми е дали ова може да сугерира на почеток на опаѓање на косата, или не мора да значи... бидејки воошто не сум обратил внимание порано на ова не знам дали било случај во минатото или почна од сега.. инаку косата ми е нормална како и секад, значи не забележувам дека негде имам изгубено влакна буквално ми е нормална како и секад ме загрижува само тоа што кога ја трлам силно со рака ми паѓаат влакна. Инаку машко сум и немам баш долга коса.
Би ве замолил да ми пишете што мислите околу ова, многу би ми значело прво на памет ми текна тука да се обратам
поздрав до сите.
...неколкуте влакна кога опаѓаат од косата на главата се е тоа во нормална граница, дури може еден период да биде и поизразено да речеме пролет и есен кога и таа самата се регенерира (ако имаш папагал дома ќе видиш дека има период кога ги губи пердувите и се обновува, така и кај човекот), исто како и кожата која се љушти и самата се регенерира,
...за размислување е кога опаѓа цела дланка влакна односно на глава се забележува кругови од скалпот каде коса нема, тогаш зборуваме за некој здравствен проблем во телото од друга природа кој дава покрај другото и ваков симптом на опаѓање на коса и најчесто е од хормонско потекло...
...доколку во фамилијата родителот е ќелав највероватно и неговите синови уште порано од него ќе оќелават без никаква здравствена причина едноставно наследен фактор е одговорен за тоа ( генетика)...
... што треба да се прави? едноставно да не ја малтретираме дополнително косата со груби чешли, секојдневно и често миење и сушење со фен, често фарбање, често ставање на разни восоци и гелови (посебно модерно денес кај машките) доколку си има ,,мака,,косата сама ќе се регенерира и ние треба да помогнеме дополнително само можаби во исхраната посебно Вит Е дава зараснување на косата оти е многу важен и за сексуални проблеми настанати од дисбаланс на сексуални хормони кои се поврзани со растот односно паѓањето на косата и циркулативни движења со прсти на скалпот како масирање да би се подобрила циркулацијата на скалпот која ,, ги храни,, влакната ...
...доколку опаѓањето е наследно здравствен проблем нема- тоа е тоа ! нема што да се прави, сите комерцијални совети од лекови во вид на разни течности,ампули и што ја знам други средства се краткотрајни со ефект кој можеби е моментален и тоа сосема незадоволувачки во густина на растот, единствено што е негативно е што личноста со свои 30 години а скоро оќелавен изгледа мнооооооогу постаро, затоа пак има други моменти да се подобрат да се набилда телото да се изгледа убаво, па коса дали има нема девојките многу многу нема да приметат !
( се обрќам на дечково од фотосов
) - и не ме гледај така депресивно и стересно оти стресот и те како делува на други механизми кои прва работа ќе удри на опаѓање на косата, стани од кревет џогирај, вози велосипед изиграј некој баскет и ќе бидеш топ имал коса или не !