L
Löwe
Гостин
Каде овде гледате сличност?
Па како нема да се издвои кога е најмртвата песна и настап во историјата на Евровизија?И покрај се, не знам од каде сега толкав хејт за Португалецот. Јас не го ни гледав финалето синоќа, ама од она што претходно го слушнав, песната се издвои од другите и по јазикот, и по начинот на интерпретација. А на Евровизија најчесто победува нешто што е поразлично од другите песни. Плус и пред тоа беа фаворити. Пологично беше да победи од Бугарија. Точно дека детето има убав глас, ама за мене тоа беше само уште една балада која по ништо не се одвојува од другите. Ланската бугарска песна на Поли Генова беше многу подобра.
Имаше еден ваков сличен испрдок во времето на моето детство со плава коса и пипи долги чарап плетенки, 90тите години, на некој фестивал ала Валандово се појави, како дел од кореографија, во магла се сеќавам. Ако некој знае на што мислам, нека сподели, на врв јазик ми стои, и гуглав и ништо...![]()
...co песна против режимот на Грујчо.
Просветли ме, што е толку добро во неговата порака?А пораката што Салвадор ја даде на крајот е јаготката на шлагот. 3:08 почнува.
Цитирам: „Живееме во свет на разиграни/еднократни песни со никаква содржина и мислам дека ова може да биде победа за сите оние кои прават музика која значи нешто. Музиката не е огномет, музиката е чувство, затоа да се обидеме да го промениме ова и да го вратиме најважното нешто, а тоа е музиката.“
Веројатно една од најдобрите пораки.
Дека не секое лајно што тука го величевте и што се величи насекаде низ светов е музика и дека музика треба да се прави, ама и да се слуша за душа, за чувство, да те допре, да те растресе, да те развесели, а не umbrella, ella, ella, бор, смрека и разни растресотини што се нарекуваат музика.Просветли ме, што е толку добро во неговата порака?
Секогаш кога @RickyLFC9 посетувал дискотеки во кои се пушта турбо-фолк, он бил допрен, растресен и развеселен од таа музика.да те допре, да те растресе, да те развесели
Епа тоa и ми е поентата. Братот буквално даде изјава дека неговата песна била real music бидејќи била поинаква од другите и плус дека само тој пеел со емоции. Многу ми се кења од такви арогантни нарциси, кои жанрот на музика кој го пеат го сметаат за единствен и најдобар.Дека не секое лајно што тука го величевте и што се величи насекаде низ светов е музика и дека музика треба да се прави, ама и да се слуша за душа, за чувство, да те допре, да те растресе, да те развесели, а не umbrella, ella, ella, бор, смрека и разни растресотини што се нарекуваат музика.
По аналогија секој филм што не е драма, тешка романса што ќе те дотера до солзи не е филм. I beg to differ.Дека не секое лајно што тука го величевте и што се величи насекаде низ светов е музика и дека музика треба да се прави, ама и да се слуша за душа, за чувство, да те допре, да те растресе, да те развесели, а не umbrella, ella, ella, бор, смрека и разни растресотини што се нарекуваат музика.
Па во право е. Се штанцаат песни и се прават сите пејачи. Да не одиме далеку, да одиме од македонскава музика, кажи ми добар пејач со 5 песни што се бар малку како оние на Тоше Проески. Лозано? Ламбе? Каролина? Тамара? Ни еден прав текст, што ќе те замисли, ко некој Тошев. Не е дека не ги слушам ни јас и овие што ги наведов и од странскиве актуелни што ги спомна Анон, ама немаат вредност тие песни. Влегуваат лесно во глава, да, ама и Врне, врне на Мејс лесно влегува во глава, па не значи дека е добра песна.Епа тоa и ми е поентата. Братот буквално даде изјава дека неговата песна била real music бидејќи била поинаква од другите и плус дека само тој пеел со емоции. Многу ми се кења од такви арогантни нарциси, кои жанрот на музика кој го пеат го сметаат за единствен и најдобар.
Ако се буквално читаш, така ќе е, ко што си пишал/а.По аналогија секој филм што не е драма, тешка романса што ќе те дотера до солзи не е филм. I beg to differ.
Различни стилови на музика исполнуваат различна функција во опшествениот живот. Нема да излезам во сабота навечер и да слушам Адел.
Таа изјава е арогантна, да не речам навредлива за 70% од учесниците на Евровизија.