Дечки немам многу време да ве читам и да пишувам на темава, ептен сум слаб со време.
Со победава би требало да е готова титулата. Треба да се повреди половина тим за да не освоиме.
Веќе некое време утакмиците ги добиваме само поради индивидуални мајстории. Но неможам да дадам замерка за стручниот штаб предводен од Конте.
Презадоволен сум од завршената работа во Челзи, наследи тим кој беше на 10 место, половина тим беше надвор од форма, некои на излезни врати не направи некои скапи трансфери како што направи штабот од градот Манчестер. Трошење еднаково на Арсенал, Ливерпул но со далеку понарушени работи во клуобот...
Успеа да го стабилизра пред се менталитетот на терен, дел од играчите да ги мотивира, на дел од нив да ја имаат животната форма, тука мислам на Алонсо, Луиз, Мозес па и Педро премина во една од главните алки на тимот... за на крајот најверојатно да ги собере највредните плодови во Англија...
Секоја чест, капа доле...
Имам замерки само во поглед на замените, премногу се доцни, не дека ротациите не беа во ред, но проблем е што голем дел од играчите можеше да ги заштеди со замена после 70 мин.
Наредната сезона мора да внесе свежа крв, но пред се тоа да биде играчи (најмалку 2-јца) кои ќе бидат наметливи во првиот тим а не само да служат како играчи за ротација.
Напаѓач мора да се менува, Коста после онаа шпекулација од Кина е вон форма, како да играме со играч помалку, Бербатов од Манчестер е Меси за овој... Рачна кочница ама онаа од локомотивите... токмак.
Секој од Лукаку, Мората па и оној од Торино (му го заборавив името) ќе го направи нападот за 50% посилен. Желба ми е секако Гризман или Санчез.
Аке мора да добие посериозна шанса во тимот, презадоволен сум од дуелот со Тотенхем.
Ако се стабилизира и игра редовно може да биде штопер кој ќе ни заштеди мин 50 милки.