Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Се надевам дека Лукаку и Бакајоко се завршени трансфери затоа што со Матиќ и Коста лошо ни се пишува. Матиќ знае да биде животно на средина ама ја немам гледано во мојот живот понеконстантен играч од Немања, не само што формата му варира од утакмица во утакмица ненормално туку и се губи среде утакмици, знае да изигра професионално прво полувреме и да се изгуби скроз во второ, денес исто имаше една од полоши утакмици. Премногу е неконстантен колку и да е добар кога е во топ форма за клуб како Челзи, мора да имаме некој поконстантен на средина со Канте, имаме среќа сезонава што му се покриваат голем дел од грешките, ме чуди што му се случува, има блесоци како најдобар играч на таа позиција и одма после тоа ќе се посере.
А за Коста не ни сакам да коментирам, бескорисен е, со топки што го ранат секоја утакмица МОРА многу повеќе а посебно откако се појавија оние шпекулации за Кина, не постои на терен.
 
Ако така гледаме и Хазард е сличен со форма на Матич.
Најконстантни играчи сезонава се Аспи, Канте, Мозес, Алонзи и Луиз... останатите се со променлива форма.
Луѓе се .некогаш и тебе ти се има случено да не ти се работи или учи...

Јас од Матич сум задоволен како ја одигра сезоната, ако очекуваш креирање на игра како Алонзо или Крос, заборави тоа од Матич нема да видиш.

Матич е добра комбинација за ротирање со Фабрегас... во зависност од противникот.
 
Фабрегас за разлика од Матич на неколку меча по ред е измислен, бар по мое мислење ;)
 
Како бе ако така гледаме? Хазард ни е констатно најдобар играч сезонава, без него не постоиме во напад, секоја акција преку него оди и е клучен за разигрување во напад и отварање простор.
Разликата е во тоа што Матиќ игра многу клучна позиција, битна за тимот и неговата неконстантност претставува проблем, ја сфаќам дека е србин па имате симпатии кон него ама типот воопшто не е Челзи материјал доколку не си ја среди главата, Канте премногу покрива за него, прави непромислени излети и често се заборава со топка. Фабрегас од неколкуте шанси што ги има добиено е многу подобар партнер со Канте затоа што знае да разигра во напад со долга топка и дијагонали, нема подобар во лига од него за тоа.
Мене ми е криво што играва на Матиќ не се толку приметува ради добрите игри на тимот во глобала ама не смееме НИКАКО да се ослониме на него за таа позиција следна сезона кога ќе играме и ЛШ, мора да му се донесе конкуренција и играч да ротира со него.
 
Голот на Педро - гол вреден титула.

Шампионска партија. Ама не од оние шампионски партии каде што се игра неубаво, тврдо, со малку шанси и каде што еден случаен потег решава се. Туку од оној другиот вид. За да ми биде уште подраго.

Домашните натпревари ќе ги добиеме, па дури и со пораз од ВБА и четири по ред победи на Тотенхем, стануваме шампиони.


Живели.

C-qxAcYXkAAiCEo.jpg
 
Ме мрзи да го ставам клипчето од Еменало и Лукаку кај си муабетат после утакмицата, ептен пријателски Еменало со него. Скоро е сигурен трансферов на Ромелу и се надевам дека ќе дојде затоа што е фан на Челзи и знам дека ќе сака да се докаже.
 
Bertrand Traore 2 gola i asistencija vo polufinale od LE.
Да не претерувам али уште од лани + од моето искуство на ФМ (пошто нели тоа е најбитно :D ) се гледа дека ни е најјак од сите играчи на позајмица.
Јас да бев менаџер на Челзи ќе го продадам Педро и ќе ги вратам Траоре и Куадрадо... (иако нели Педро е ѕвер сезонава ама од следната..шо знам..)

Мора да му се даде шанса на Траоре следната сезона (а нели тоа би значело продажба на еден од Педро/Вилијан)
До толку имам доверба во Траоре како играч што секоја втора утакмица би ни бил во прв тим и би ни бил клучен
 
Kakov Kvadrado toa vi e zavrsena prica.. Nema sansi da se vrati ne ni saka da se vrati vo Celzi...
 
Се шпекулира дека Коста потпишал преддоговор со Тианжин, 90 мил. трансфер цена / 30 мил годишно. (n)
 
Се шпекулира дека Коста потпишал преддоговор со Тианжин, 90 мил. трансфер цена / 30 мил годишно. (n)

Daj boze, za tie 90 milki ke se donesat Lukaku, Bakayoko ili kako i da e od Monaco tipov i uste eden :)
Inaku deneska Bakayoko pokazha deka seuste ne e spremen da igra na tolku visoko nivo...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom