- Член од
- 5 јуни 2015
- Мислења
- 696
- Поени од реакции
- 445
Андерлехт снемаа душа 60 минута, и тие се влечеа на терен... ама финтата е што и Јунајтед беа на нивно ниво, а играат со "ѕвезди" во тимот
И нема да се сложам со тебе дека Јунајтед се во пол позиција да ја освои ЛЕ годинава... според начинот на којшто играат, според тоа какви партии покажаа со Ростов и Андерлехт, воопшто не ги сметам за фаворити во ЛЕ. Ајакс и Лион според мене најмногу покажаа годинава во ова натпреварување. Знам зошто имаш такво мислење дека се први фаворити да ги видиме во Скопје, сепак Јунајтед е име во фудбалот,али тоа веќе не важи во денешно време, секој може да те тресне од земја.
Единствена предност што некој сака да ги виде Јунајтед во Скопје е фановите што ги има низ земјава, ок тоа... али според играва што ја прикажуваат... па Јувентус да беше очи ќе нејќев да им видам во земјава.
Имам мислење дека се први фаворити за освојување на Лига Европа, бидејќи има искуство Мурињо во вакви ситуации.
И нема да ја испушти шансата да освои титула, и после да се обиде во Август да освои супер куп на Европа и можеби и во Декември светска титула.
Со освојување на лига на Европа, Мурињо влегува во потенцијална шанса да земе уште две титули, нема Јунајтед да ја пропушти шансата.
Јас воопшто не сакам во Скопје да дојдат Јунајтед или Јувентус, навивам за Ливерпул и Милан, но свесен сум дека 99% Јунајтед доаѓа во Скопје, а за Јувентус 50-50 се шансите да дојде во Скопје.