Баш за овој муабет оди реприза на Телма од Топ Тема, само треба да знаете вие што ќе „уништувате петта колона“, тоа е пола од македонскиот народ можеби и повеќе, прифатете го тоа, прифатете дека за добар дел од народот Ќосето и Александров никогаш, никогаш нема да бидат херои и битни историски ликови, ниту ја прифаќаат таа идеологија и идеја. Што побрзо го разберете тоа, полесно ќе прифатите дека вашите ердогански влажни соништа се само тоа- соништа.
Болдираниов текст е еден многу силен податок и факт со кој страната на небањатите нема храброст да се соочи. На тоа кога ќе се надодаде дека тие што ја формирале првата држава во која изјаснувањето дека си Македонец, зборуваш на македонски јазик и државата да се вика Македонија, ја формирале левичари, комунисти - тоа им иде на нерви, ама тоа им е судбината кукавичка. Нивните квази-историчари ги ископаа од заборавот на срам овие гнасни ликови, кои меѓу другото немаат апсолвирано конечна страна и плутаат меѓу бугарштината или некаква независност но со бугарски предзнак.
Од тоа што го видов, овие „здруженија“ се патетично смешни. Практично немаат никаква моќ, посебно не интелектуална. Тоа се заведени луѓе, кои немаат ни воена обука, ниту образование, а со тоа и дијапазонот на делување им се сведува на обично џавкање и заплашување. Опасноста од нив е што може за ефтини пари да се купат за да предизвикаат инцидент, кој прашање е дали ќе прерасне во конфликт, затоа што пред две години обидот со Диво насеље не успеа, а беше со таа цел и намена.
Првично и јас бев против, гласав за СДСМ, не за двојазичноста, ниту дека се леви, туку само затоа што тие се единствена сила која може конечно да затвори политичар за корупција, тие се тие кои можат да расветлат сомнителни случаеви за кои државата се крена на нозе. За мене веќе пропаднатото образование, здравството, правосудството се во втор план, веќе стана несигурно да се живее тука.
И да не беше платформата пак ќе беше двојазичноста за која самата СДСМ без никаков притисок даваше предизборни ветувања, пак ќе беа селфите на Заев со албански деца итн...
Биди и ти објективен, овие протестанти не излегуваат против платформата, туку затоа што така им наредуваат.
Знам дека ДУИ вака сака да возврати енергија, истотака бев разочаран што пак ги добија изборите, само затоа што имаа расцепена опозиција. Но сепак имаат поен од мене што не коалицираа со ВМРО.
Некои точки не ги сфаќам, дури сум сигурен дека се ставени таму само за да се бара многу за да се добие доволно. Ама дека треба општа дебата за примена на јазиците и модифицирање на државните симболи и јас сум за во секое време. Сум за за поголема децентрализација на моќта.
Тајмингот е лош, признавам дека е педерски што би рекол волкот, ама кога ако не сега?
Ако барем малку ја следиш темата знаеш отприлика која ми позицијата, ако не - само на кратко. Платформава има и опасни работи со кои не смее никој да си игра. Околу се' се согласувам дека е пропаднато, корумпирано, зачмаено, ама јас ја гледам во моментов платформата како главна пречка за да почне тоа да се санира. Само како за пример - аљи на твоите сограѓани, т.е на нашите сограѓани им нуди некакво институционално и историско признавање на некој геноцид (кој наводно се случил), а геноцидот и егзодусот кој тој го спроведе тој си го прескокнува. Тој ве мобилизираше да одите во војна во 2001, сите го плаќавте тоа, што со пари, што со луѓе и за возврат од него добивте стап, нула, ништо. Се разбегавте по светов, а тие што останаа овде пак се во најголем број физички работници, земјоделци и сиромаштија. И пак ве води жедни преку вода. Зборувам за тој дел од вас што сте гласале за него.
И делот со двојазичноста според мене е апсурден во добар дел од ситуациите, ама ај - на него ставам помал акцент затоа што дпне практично ја спроведе двојазичноста и сега глуми лудило.
Околу државните симболи, треба да имате моќ и мнозинство, а моментално немате. Ретки се случаи на земји како нашава, ама постои и нешто што се нарекува традиција и едноставно мора да се почитува. Од искуство можам да кажам дека и да ги промениме, пак тие нема да ви бидат по кеиф и пак ќе го форсирате само знамето на државата Албанија што не е педерски како што викаш, туку убер-педерски. Вие никаде не веете косовски знамиња на пример, тоа е само некоја форма.
Мора конечно поголем дел од вас да почнат да размислуваат со граѓански резон. Корупција, крадење, парализирани институции, урнисано здравство, образование, правосудство не се решаваат со национализам.