Едино ми е криво за мечов што не дадовме некој гол плус, многу шанси имавме ама ептен непрецизни денес обично таквите шанси ги претвараат во голови.
Канте ако не освои награда за играч на сезона ќе се убијам, каква машина од играч.
Не ми се многу пишува ме мрзи али Коста мора да се седне на клупа и Мичи да добие шанса, од оние шпекулации за Кина, дух е на терен и повеќе штети отколку што користи.
Ќе биде интересно, но и доста тешко. Тие се силна екипа, со цврста одбрана и со солиден напад. Ако ги поминеме, на хартија, ќе имаме полесен противник во финалето. Барем Сити и Арсенал ни се стари пациенти, а со овие мака мачиме неколку сезони наназад.
Тибо, змај.
Хазард, змај.
Канте, во претходниот живот го има измислено фудбалот.
Кога го видов Кејхил и неговото препознатливо ,,вртење гз при играње одбрана'' ми се вратија опасни флешбекови од изминативе години. Магаре старо, а уште не научи дека не треба така да се игра, особено против брзи и полетни играчи.
Победата заслужена, бавно стартувавме, некако со половина гас ми се чини, но сепак целта е остварена. Тотенхем на Вембли... нив и ги посакував.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.