Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Голот со титаник музиче :place:
https://streamable.com/ugvmv


Иначе сеа со сите стопери здрави не гледам причина зошто да не се продолжи со оваа формација.. ПОСЕБНО ВО ГОЛЕМИТЕ УТАКМИЦИ
 


Чекам @Vilanova да каже како поминал , каков среќник си на ваков натпревар да одиш на Камп Ноу . :aplauz:
 
Прво оп стоп за аватаров!

@Vilanova мислам дека сите го знаеме тука како најголем оптимист, мило е што баш тој појде на оваа утакмица. Поздрав до тие што коментираа да не сме помислеле на ремунтада, да не сме се глупирале и слично. Нормално дека прв тим кој што ќе го направи ова ќе биде Барса.

Енрике, како што пиша @gerard погоре - каде беше пред три недели, каде сега. Фала ти легендо, за неколку години ќе се сеќаваме на тебе како еден од најдобрите играчи/тренери на Барселона на сите времиња. Немам друго што да додадам. :kruna:
Нејмар, од јануари досега е цар. Ама оваа утакмица веројатно ќе го направи играчот што отсекогаш требаше да биде. Симнувам капа, уште многу вакви утакмици да има.:cuc:
Тер Штеген, човече. Го обожавам, во противничката половина изваде фаул и победивме после изведувањето. Клучни одбрани имаше и овде и во Париз. Која легенда од голман е, исто многу созреа последниве месеци.:misticen:
Роберто, дете на клубот, му се исполни сонот сигурно уште од мал. Секогаш ќе го памтам голов, се надевам и неговата кариера - како среден играч - ќе оди далеку сега. :ojeaa:
Умтити уште морам да го спомнам, Господ да го поживи, се гледа дека е срце од човек. Сите го засакаа уште одма откако е дојден, карпа е во одбраната. На 22 години како игра јас не знам кaј ќе му биде крајот на детево. :zver:

Дечки, ова не е само пресврт со кој одиме во четвртфинале, не е само најголем пресврт во историјата на ЛШ и претходно кога било на ниво на Сандеј лига, туку е и пресврт на сезоната на клубот. Мислам дека сите овде го знаеме тоа, сигурно и играчите го чувствуваат. Отсега очекувајте секоја утакмица секој играч да игра на највисоко можно ниво. Очекувам во следните утакмици и Пако да има хет-трик и Маскерано да спука гол и Андре Гомеш да биде ала Ривалдо. Ќе ги крене сите оваа утакмица и одиме до тројна пак.

Го обожавам клубов. :love:
 
Последно уредено од модератор:
мора да се спомне и серхио бускетс, одигра конечно како што знаеме дека може.
пресингот наш беше страшен, ех кога би играле со ваква посветеност секој меч, 3 години би терале со победи ред по ред.

на псж им се врати од глава што играа како пички, со кавани се бранеа, кавани прво полувреме го помина во полугругот на шеснаесетникот. брука за тим со потенцијал на псж.

инаку резултатот 6-1 како резултат не е ништо ново за барселона, еднаш месечно некој го јаде од нас со по 5-6-7.. меѓутоа тоа се претежно лигашки утакмици, каде во 85та на пример на 4-1 на никој не му е важно како ќе заврши утакмицата т.е. егизибиција се последните минути. овие 6-1 имаат (послебно последните 3) тежина на светски првак во фудбал. не знам дали воопшто се има десено во историја на фудбалски утакмици, каде во 88ма минута на еден тим му се потребни уште три гола, и да ги постигне. не да ги даде кога не му требаат.
сега се случи, и никогаш више.

читам коментари како иако сме победиле, ништо посебно не сме изиграле. разбирам, завист е опасна работа.
топ 10 тим, во дуел со топ 10 тим, освен барселона, во било кое време на било кое место во било која фаза може да сонува (дури и сонот е под знак прашалник) за пресврт од ваков тип. може да сонуваат за резултат од 6-1 макар и во пред-сезона подговотвки во сад или кина. јас разбирам хејтери, комплексаши и слични, но после еден ваков резултат, се што треба да се направи е да се спушти капа и да се честита. мрсули ни едни! :) немало убавина!

кога зборевме пред 3 недели, дека подоле нема, дека можеме само нагоре, не мислев дека волку горе постои. од тотално деморализирачка безизлезна ситуација, се вративме од мртви во ЛШ, а примера дефакто е во наши раце доколку тепаме се до крај, у смисол не треба да чекаме веќе никој да изгуби. март сме, има уште април и пола мај. неверојатно, нема тука здрав разум.

се што сега сакам е малку и нас да не посака среќа со ждрепка во ЛШ, 3 години по ред добиваме тешкаши во ждрепка, нема утка! па дај и нас нека ни падне еднаш лестер!

среќлијата од кајгана на стадион, што да се каже? :) денот на животот, без дилема. вчерашниот ден цена нема, потребни се 100 години, плус да се погодиш таму! не постои коефицинт за тоа.
 
BTW Реал во четвртфинале го сакам, иако сите знаеме дека нив ќе им се падне Лестер, нас Атлетико/Јуве/Баерн.

Verratti : The qualification of Barca is deserved. It was difficult to play, to make passes. They pressed too much.

Се надевам го натеравме детево да дојде да игра за нас со утакмицава.
 
За 1/4 финале сакам некој од дуелот меѓу Сити/Монако, овие две екипи се со најслаби одбрани според прикажаното до сега. Лестер не иде 99 % сум сигурен , а напалената Севиља во никој случај не би ја сакал за противник.
Ел Класико нема шанса да пуштат уште во 1/4 финале , е сега остануваат Баерн Јуве Дортмунд и Атлетико. Со било кој од овие 4 да се паднеме ќе биде тежок двомеч.
 
Дортмунд е најлесен според мене, имаат млад и неискусен тим, мислам дека лесно ќе ги поминеме.[DOUBLEPOST=1489060886][/DOUBLEPOST]Иван Ракитиќ заборавив да го пофалам вчера, изгина човекот, растури. Не сакам да видам никој од Гомез, Денис, Туран пред него да игра прва постава. Измислен е за нив и во напад, а посебно во одбрана, милион топки одзеде на средина, секаде го имаше, трчаше за тројца :cuc:
 
Последно уредено:
Ги отворивме ко паштета.
 
Како знаеме? еве јас искрено незнам и како би ме убедил дека тоа е барселона ?
Не го сваќај како провокација ова, сериозен сум.

6-1... Eте како, повизуелно од ова неможам да ти објаснам. ;)
 
И да, Штерген заедно со Нејмар мислам дека беа клучот вчера... На 3-1 коа искочи сама Кавани му фати зицер и последниот фаул беше направен над него :)))
Злато вреден голман. Дефинитивно права одлука да биде прв голман и во ЛШ и во Лигата...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom