UEFA Europa League 2016/17

  • Креатор на темата Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион сезонава е..


  • Вкупно гласачи
    67
  • Гласањето е завршено на .
Ако не добил Дела Вале некое милионче пред второто полувреме, јас еве кај сум... Ова не е германски менталитет, ова е класична жабарска местенка.

П.С. На ливче ме паднаа, крвта нивна виолетова:mad:
Соуса сам ја усра утакмицава,со најглупата формација (3-4-2-1),изборот и рапоредот на играчите
Санчез ДМ игра стопер,Бернадески,Киеза и Борха на обратни позиции,Весино изгубен у свемирот,Родригез со паметот у Рома/Интер,Бадељ исто ... а измената Иличич-Берна му беше најјак потез :facepalm:
 
Башка Јунајтед играат со Арсенал и Тотенхем у гости во последни 3 кола, така да ќе биде многу тесно.Инаку има некој стрим од ждребањево?
http://www.uefa.com/uefaeuropaleague/season=2017/draws/round=2000794/index.html[DOUBLEPOST=1487938971][/DOUBLEPOST]
C5bgetTWcAEab0T.jpg


Ете ја Гент-Генк :D
 
Последно уредено:
Да видиме кој се поголеми Германци :) ...
Германскиов дуел, Лион-Рома и Турците со Грците се поинтересни двојки, а другово е боранија. Ајде Ростов-Ман.Ј., бидејќи станува збор за Ман.Ј. инаку Ростов што ги гледав два пати во живо сезонава се чорба. Не знам како до овде стигнаа.
 
Абе со муабетиве немало послаби тимови до сега сварно глупо звучи!!
Кој му е крив на Билбао што испаѓа од Апоел??
Тотенхем испаѓа од Генк..
Виола што се сретна со Гладбах, Шахтјор кој е секогаш до завршницата падна со Селта и нај звучниот пар Рома - Виљареал!!
Има квалитетни тимови во најтесен круг би ги ставил Рома,Јунајтед и Бешикташ..
Лион, Шалке, Гладбах од сенка фаворити.. Но се зависи утре кој на кого ќе налета..
Ако гураат далеку Рома и Јунајтед пред полу финале не би паднале мислам..
Да не ме сфати погрешно, истото го мисчам, никој не им е крив на Билбао и остали што испаднаа. Само велам дека од преостанатово има само 2-3 звучни тима на хартија (ете и ти ги пиша) и мали се шансите уште од прво коло нокаут да се паднат меѓусебе.

Лошо е што на Манчестер му се паѓа СССР тим од поглед на долгото патување и големи се шансите првиот меч да е смрзнат теренот, слично како кога им штракаа копачките кога трчаа на стадионот на Зорја. :tapp:
 
Да не ме сфати погрешно, истото го мисчам, никој не им е крив на Билбао и остали што испаднаа. Само велам дека од преостанатово има само 2-3 звучни тима на хартија (ете и ти ги пиша) и мали се шансите уште од прво коло нокаут да се паднат меѓусебе.

Лошо е што на Манчестер му се паѓа СССР тим од поглед на долгото патување и големи се шансите првиот меч да е смрзнат теренот, слично како кога им штракаа копачките кога трчаа на стадионот на Зорја. :tapp:

Ростов е на југ, скоро на самиот брег на Азовско море и климата ќе е сосема добра за фудбал во март.
За Ман. лошо е долгото патување, но добро е што првиот натпревар го игаат во гости.
 
Шпанците се прославија. Виљареал декласиран од Рома, Билбао од АПОЕЛ испаѓа.
4 тима 1/8 финале и 3 во 1/4 финале во ЛШ. Во младинската ЛШ 3 шпански тима во 1/4 финале. Во ЛЕ киксна само Билбао, Виљареал заслужено испадна пошто Рома е за класа подобра, останува само на Селта да ја брани честа.
 
Ќе ги шлепаат до финале како лани Реал што го шлепаа против боси екипи[DOUBLEPOST=1487965578][/DOUBLEPOST]
До кога со тој муабет, дека на УЕФА не и одговара неатрактивни противници да играат во финале? :)
Во 2015та сигурно Наполи-Севиља ќе беше поекспонирана од Днипро-Севиља, па ќе ги местеа нив за финале, или година две пред тоа, финале ЛШ, сигурно Барса-Реал ќе им донесеа повеќе пари од Дортмунд-Баерн.
Со второво само го потврдуваш тоа погоре. Никој не им е крив на Наполи што испаднаа од Днипро. Исто и Барса-Реал. Не значи дека ако сакаат такво финале со сигурност ќе го добијат. Треба и екипите да изиграат нешто. Да не треба по 10 пенали да им судат за да поминат?
 
Наполи тогаш беше страшно оштетен, примија гол на домашен терен од 2 метри офсајд прелесен за сигнализирање. Де Лаурентис направи шоу после тој меч.
 
Тоа се тие екипи скапани. Играат на мотивација. Со позвучно име очи ќе извадат, ќе трчаат како да нема утре, а со некој умрени ако играат делуваат како второлигашка екипа од Пакистан!
Неколку пати кога ги гледав во домашното првенство Ростов не можеа да мрдаат. Последно со Амкар се сеќавам ги гледав па немаа шут во голот 90 минути. 1-0 изгубија ако не се лажам. Како преебани се движеа.
Па им доаѓа Баерн Минхен и прима 3 комада од овие! Како бе другари?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom