Почнува да забегува муабетот од контекст но ке пробам да одговорам.
1. Дали се 100 или 999 дали е воопшто битно? Еве да речеме дека се 100 што воопшто не е мала бројка. на 100 да немаш поплаки и дефекти е одлична бројка, во % тоа се 0% или еве и да имаш на 100 имаш 5 поплаки тоа се 5%. Но бидејќи
@macci нема лично искуство со ниту една ( барем не кажа до сега дека воопшто има ) нашето искуство со еве да речеме 100 е далеку по релевантно според мене одколку рекла-казала муабет. Точни бројки се приватни деловни информации кој не би ги споделиле во јавноста, доколку лично ве интересира повелете во нашите канцеларии не е проблем да ги споделеме со вас.
2. Дали сервисерите на GREE клатат врата и земаат плата ке мора да ги прашате нив, ние не сме GREE ни сме KLIMI.mk и работеме со поголем број на брендови. Но искрено не верувам дека некој сервисери за клими така седат по цел ден и чекаат да се расипе нешто било да се сервисери на GREE или било кој друг бренд, во 99% од случаевите сервисерите се и монтери па со оглед на тоа ако немаат сервис работата на монтажа или слично. Мислам коментарот или прашање незнам што е е стварно нелогично, пробувате да не провоцирате нас или да ги провоцирате GREE или и двајцата ?! Бидејќи ако размислуваме по вашата логика другите брендови или имаат многу дефекти и сервис за сервисерите да не клатата врата, или стварно клатата врата и земаат плата или пак нема сервисери воопшто ?! Нелогично, нели ?
3. Според вас испаѓа дека нема за ниту една клима резервни делови во Македонија бидејќи и MITSUBISHI, VIVAX, TOSHIBA, DAIKIN, HYUNDAI и TESLА доаѓаат од Кина па по обичај и по ваша логика треба да се топтан во контењер без резервни делови. Ке пробам на твоето прашање или коментар не сваќам искрено што е да одговорам со прашање во ваш стил:
- Од каде информација дека климите на GREE или пак било кој друг бренд доаѓаат топтан од Кина и нема резервни делови за нив. По кој параметри тоа вие го одредивте и зошто да ви веруваме?
Да се вратам во контекст на муабетот, коментарот беше дека конкретно lomo eco моделот имале многу дефекти и немало резервни делови. Коментарот според наше лично искуство е тотално погрешен и спротивен.
Доколу
@macci пиша дека пример vivax AEZI или MITSUBISHI FH имаат многу дефекти и немало резервни делови ПОВТОРНО исто би коментирале истото.