Ок, ајде малку полека попозитивно сеа..
Гледам сите барате резултати (многу нормално), гледам на сите ви/ни е преку глава од тоа топло-ладно..па се нема трпение за да се крене тимот..да тргне конечно машината...разбирам..се разбирам.
Од критиките..најмногу во очи ми паѓа тоа што Мурињо се споредува со неговите резултати од ланската сезона, и искрено со оглед на резултатите каде и да бил..мислам дека е тоа најголемата грешка. Од една страна да, тоа е најпресно па се памти...или од фанови на други клубови ..мн нормално дека хејтерски.. така ќе бидат критиките..но, ајде од една друга страна.
Мислам дека ако веќе правите споредби..тоа треба да биде сезоната 2013/14 т.е. првата сезона од неговиот повратак во Челзи.
И тогаш почна со игри топло-ладно, порази од Њукасл, Сандерленд, Евертон..па на 2 пати од Базел пораз во ЛШ..игра..на моменти очајна...каде и тогаш ги слушав истите муабети, дека човекот е веќе фудбалски диносаурус со неговите тактики и размислувања...не го бива...се губи...итн итн.
Како одминуваше времето...полека но сигурно, Жозе го составуваше тимот..кој, како, што..и покрај тоа што да напоменам дел од играчите веќе ги знаеше, што е голем плус..за разлика од кај нас...му требаше време. Сепак ова не е умрената, од Господ заборавена..очобол, жабарска лига со нула компетитивност...или пак Ла Лига..ала лига село без кучиња со 2 пит була мавнати на horse power..и другите сите глувци.
Некаде почетокот на Фебруари..паметам добро ја следевме со другари утакмицата на Челзи со Сити во гости.
Челзи знам дека победи...но она што добро ни падна во очи..е дека Мурињо конечно го скоцка тимот целосно..и дека очигледно беше дека само им фали уште екстра напаѓач..позиција која ги кочи.. и дека со купување на таков, спремни се за титула. Наредно лето...како што очекувавме..го купи Диего Коста...кој изигра брилијантна сезона..и Челзи далеку пред сите освои титула.
Целта на сето ова...тогаш и при познавање на дел од играчите му требаше пола сезона..да увиде кој му е најдобриот тим..и каде му фалат класа играчи.
Н
е се сомневам, дека и приказната кај нас ќе биде слична, како иде периодот играме се подобро...иако изостанува реализација како што ни е познато.
Очекувам негде при полу сезона точно да се знае кој ни е моменталниот најдобар тим..и каде сме најтенки...и таму..дел на зима, поголемиот дел на лето, да се надополни со екстра играчи..и тоа е тоа ..спремни сме за титула.
Затоа рилекс другари..нека се ситат хејтерите уште малку...пошто уште толку и ќе можат...сепак сме им ја ваделе душата премногу долго..па нека издишат малку и тие