Никаде не го спомнав Хал, нити пак ги кривам за начинот на кој играат фудбал, си кажувам за нашата неефикасност да дадеме гол. Хал шансите за гол ги направи од контра во последните 10-15 минути откако почнавме да играме без средина, бркајки победа, и пак заради нашата неефикасност. Тогаш и Марковиќ погоди статива.
Секој економист ке ти каже дека што е поголем статистичкиот примерок, толку порелавантна е статистиката. Во овој случај се работи за скоро 400 креирани шанси, а не 10 на 3 како што викаш. Изедначени сме со екипите пред нас по број на шанси за гол. Разликата е што Челси еднаш помина центар против ливерпул и даде гол, а на нас ни се потребни по 10 шанси за гол. Вака на прва што ми текнува, 1-1 во шанси за гол би требало да биде со Хал, немам гледано повторно хајлајц, шансата на Мата, што требаше да биде гол, и шансата на Марковиќ.
За Евертон... И јас му го гледав интервјуто, и не слагам со кажаното за Евертон дека сме заслужиле да победиме, иако, Евертон во игра резултатски ги врати најдебилниот потег на Фелаини сезонава. Тука грешката е само на Мурињо, се повлече уште во 62-ра минута и почнавме да се браниме со земјоделските испуцувања во одбрана, место полека да изнасаме топка и да поместува тежиште на игра, па Евертон ни правеше шанса секои 2-3 минути, а како бонус го внесе и Фелаини кој направи пенал. Да беше пречката на Ерера гол за 0-2, тогаш бранењето до некаде и ке го разберев.
Ако не го поправат проблемов со ефикасноста, нека кажат збогум на Топ 4 сезонава. Што реално, ке биде катастрофа од епски размери.