поминаа 17 дена од 2017та, не играв многу, можеби вкупно 10тина бета, и пази што се се дешава
Прво една кошарка Ј.Кореја, ај тоа што водеа 6 разлика на 1:30 до крај го тргам настрана, ај и тоа што водеа 4 разлика на минута до крај на првото продолжение го тргам настрана, се се сведе на ова, на една секунда до крај екипата на која има одиграно има 2 слободни фрлања, ги изведува плејмејкерот, да погодеше барем едно 99,99% бев добитен, ги промаши двете, изгубија во второто продолжение, второ се дешава ова
се играше тесен меч скоро без брејк шанси, секој сигурен на свој сервис и ситуацијата беше следна,
7-6 добиен прв сет за Минчев и во втор сет клучен брејк на 5-5, значи води 6-5 и сервира и се што треба е да го земе гемот и сум добитен, до тој момент на прв сервис 85%, на втор 60%, 15тина аса, нормално јаде брејк, трет сет ми треба да го добие 6-3 за да бидам добитен, прв сервира, на 3-2 има 40-15 2 брејк топки, нормално не ги користи
наредно ова
тежок фаворит во мечот, во втор сет имаше 1-2 и брејк топка, сетот завршува 6-2 за аутсајдерот, 6 коеф беше во тој момент за да го земе сетот
па следува ова, прв тикет Австралија опен, редам фаворити, дополнителни хендикепи, триста глупости за да направам едвај 3 коеф, 6 натпревари вкупно, и пази успеав да погодам дури три
Халеп губи од Роџерс, ај до негде оправдано бидејќи беше повредена, Бедене, млад надежен тенисер губи од Естрела Бургос, пензионер земјаш, Махут на дополнителен хендикеп од 7.5 гема он губи 9 гема разлика од Харисон, а важи за тенисер со добар сервис и солидна игра на мрежа
Па денес ова
резултатот беше 3-6 4-1 во втор сет за Гаврилова, и викам ќе играм Гаврилова да врти, се логирам гледам мочан 1.36 коеф, и го гледам хендикепот -2.5 на 2 коеф, и си мислам сега е во налет Гаврилова има шанси за уште еден брејк во втор сет и да заврши 6-1 или 6-2 и потоа со било какво победа во трет сет сум добитен, уплаќам, и од 4-1 после 5 мин беше 4-4, скоро перфектна игра на Броди во тие 3 гема, асеви, сервис винери, длабоки топки на самите линии, нормално крај победник беше Гаврилова ама не со хендикеп
па после тоа ова
губеше 1-0 во сетови Шкугор и го играм да врти, во првиот гем во втор сет имаше брејк топка не ја искористи, во наредниот на сервис на противникот имаше 0-30 пак ништо, во наредниот имаше 2 брејк топки пак ништо, па почна да губи 3-5 , се врати на 5-5 спаси и меч топка и си викаш сега овој другиот ќе падне психички, курот братко, во тајбрејкот од 1-5 се враќа на 5-5, и губи 5-7
ова ти е во пола месец, замисли вака цела година
во тенис, одбојка, ракомет и кошарка веќе го имам достигнато максимумот
тенис- од 6-0 тајбрејк на 6-8
кошарка Цска во финале евролига, +15 разлика средина на трета четвртина за пораз на крај
одбојка, Динамо Казан жени, 2-1 водство во сетови и 23-19 водство во четвртиот сет за пораз на крај
ракомет досега преку 50 пати ме паѓано кога чекам последен на тикет и завршува нерешено