Premier League - Season 2016/2017

Кој ќе биде шампион во оваа сезона?


  • Вкупно гласачи
    218
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.148
Поени од реакции
7.850
Никој не ги спомна рекламите на стадион за твитерот на играчот, живи комедии. Прави пенал и губи 1000 топки на средина, битно во позадина се вртат емоџис со неговата глава и хаштази.:pos:[DOUBLEPOST=1484516925][/DOUBLEPOST]
Супер изигра Фелаини, не зборете напамет, никој не го сака ни од кај нас ама закана плус беше во шеснаесетникот и добиваше дуели на средината.
Е ова. Фелаини играше како класичен сидраш и направи многу проблеми, израмнувањето е по негова заслуга според мене.
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
15941258_10154818998091132_4051039436898862787_n.jpg
- Чиста линија.
- Одлична партија на 100 милионскиот играч.
- И без пола тим, презадоволен сум од настапот, штета што не издржавме уште 10 минути, ама што е тука е.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.789
Поени од реакции
63.391
Не знам што е помизерно, што пробуваш да се скриеш зад фенси хештагови кога ќе истрескаш нешто или упорноста да го искористиш како некаков аргумент Пеп за тоа што сум го гледал како подобра опција од Мурињо. Со акцент на минато завршено време.
И немој да мислиш дека немало да го зборам истово ако беше Пеп, дури и повеќе ќе трубев за него.

Него кажи ми, како со оптимизмот, до каде сме со намалување на дефицитот на 7 бода до 15-ти Јануари? Ај дај ми некое линкче на Клоп или Мурињо за менталитетот. Знам дека мнооогу сакаш. :X3:
Читав до болдираното.
 
W

wicked_1

Гостин
Никој не ги спомна рекламите на стадион за твитерот на играчот, живи комедии.
Комедија невидена, on court реклами со ликот на Погба на сред утакмица. :icon_lol:

Погба е огромен талент и играч, ама апсурд е да бомбардираат вака цело време со играч што нема постигнато којзнае што за е во ваков фокус. Многу лош тренд.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.085
Поени од реакции
17.868
Што прави помошниов судија таму кај што е ??:vozbud:
 
H

HoT IcE

Гостин
Баш Фелаини му беше измена на место. Пишав и во фан клуб Јунајтед, игравме спора, неповрзана игра, тој ги става полупензионираниот Руни и Мата кои ни се најспори офанзивци во цел тим. Па кога веќе никако неможевме да играме фудбал по земја, а Ибрахимовиќ беше во џеб ставен од штоперите на Ливерпул, го пушти Фелаини да направи гужва во 16ник, па Ибрата го искористи просторот што му се ослободи. :)
Не ме заебавај, лево сметало беше како он бил позитивна измена. НИШТО НЕ НАПРАВИ. НИШТО. Дадовте гол затоа што Ливерпул паѓаат во трансови кога топката ќе се задржи повеќе од 15 секунди во 16ник и не знаат кај тераат, Фелаини немаше никаков придонес.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.977
Поени од реакции
1.935
Чекај како тоа покажа Јунајтед дека може да игра против појаки противници... Сериозно???
Ванијалдум, Чан, Дедо Милнер и тинејџер што има одиграно вкупно половина час професионален фудбал против средина шо чини 300 мил ?

Јунајтед денес беше очаен, ваков Луверпул требаше да го пикне во шише за 30 мин а не да се вадат со среќен и дискутабилен гол.

Погба бил фудбалер :lolzz:
Да направеше Коста таков захват до сега ќе беше осуден на доживотна... ама за секој друг е оправдано, понесени се од жарнот на играта.


Пепот изгледа ќе се пензионира пред да заврши сезоната. Епа чекај нема тука Елче, Гранада, Дармштад, Маинц па да ги тепа со по 5-6 парчиња.
Бековите се проблем, ама штоперите не. Главен проблем му е што го нема оној пресинг како што го имаше во Барса. Пресинг што го има сега Тотенхем, Челзи и Ливерпул.
Далеку од тоа дека е лош менаџер, ама тоа што го бара и експрементира со задната линија нема шанса да профункционира во пл.
Секој од 20 тима умее да излезе и да ти игра висок пресинг, не е ова Примера па екипите на Кампот идат со намера да примат што помалку голови...

Ако не се адаптира и не покаже резлтати ништо чудно догодина ова време да го спакуваат.


Пред некое време правев со некој член на лфц за тоа дека му треба напаѓа на Лфц (незнам кој беше точно) ќе се познае.
Ливерпул нема напаѓач, Ориџи не е. Ме убедуваше има статистика.
Тие 2 шанси, да беше Коста, Кејн ќе беше резултат 0-2 за ливерпл... дед гејм 3 бода во џеб...

Да не зборам за тоа колку погрешни потези и погрешни топки даде.

Стојам на тоа дека Клоп е правиот човек за лфц, ама ако не донесе 2-3 класа на фудбалери нема ништо да направи, ќе си бидете Арсенал менталитет... за малку до врвот ама никако на него.
Напаѓач и мидфилдер пред се.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.789
Поени од реакции
63.391
Абе од она што си читал до сега и тоа е дискутабилно колку добро си го прочитал... :toe:
:icon_lol:

Не ме заебавај, лево сметало беше како он бил позитивна измена. НИШТО НЕ НАПРАВИ. НИШТО. Дадовте гол затоа што Ливерпул паѓаат во трансови кога топката ќе се задржи повеќе од 15 секунди во 16ник и не знаат кај тераат, Фелаини немаше никаков придонес.
Не знам која утакмица си гледал ти денес, али грмушката денес спушти еден куп топки за крилата, погоди статива, и заради него изедначивме.

Генерално, воопшто не го преферирам ликов, и мислев дека мечот е готов кога тој влезе, но, денес го одигра тоа што се бараше од него.

Ослободи премногу простор за Ибрахимовиќ, зашто Носоња не се виде пред да влезе грмушката.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.200
Поени од реакции
14.512
Погма има се за да биде најдобриот средњак во наредните 7-8 години, али ако целта му е почесто да биде кловн и во фокусот, отколку да покажува лидерски игри на терен тогаш ќе остане само добар играч и ништо повеќе.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.789
Поени од реакции
63.391
Погма има се за да биде најдобриот средњак во наредните 7-8 години, али ако целта му е почесто да биде кловн и во фокусот, отколку да покажува лидерски игри на терен тогаш ќе остане само добар играч и ништо повеќе.
Често пробува атрактивни пасови, во делови на теренот каде не смее тоа да го прави. Денес се обиде со пета да го турне во фор Дармиан, и замалку не примивме гол. Често се обидува со финти кои се својствени за фудбал на плажа, и тоа е делот кој мора Мурињо да му го среди, заедно со залагањето во дефанзивниот дел.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.505
Поени од реакции
42.893
Погма има се за да биде најдобриот средњак во наредните 7-8 години, али ако целта му е почесто да биде кловн и во фокусот, отколку да покажува лидерски игри на терен тогаш ќе остане само добар играч и ништо повеќе.
Баш тоа. Мора малце да излезе од филмот, иначе има потенцијал да биде најдобар везњак во фудбалот.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.840
Поени од реакции
10.208
Погба петардо една кој талент го имаш не си свесен ама имаш мозок од абортиран петел. Џабе ти све. Му сврте грб среќата на Диаби, НЕМАШЕ да ПОСТОИШ да не го ебеа повредите. За разлика од тебе Диаби имаше се освен среќа, а ти ќе останиш само на то.
Хк пу шо би рекол Џонтра
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Ај што ни збиберија гол од офсајд, очекував да падне зошто реално голот ни висеше скоро цело второ полувреме. Неочекувано за Клоп, се повлече мнооооогу рано и со ваква одбрана, логично е да очекуваш да примиш гол, жива среќа што Мињоле денес се претвори во Буфон па можам да кажам дека не спаси од пораз. Можеби гледам субјективно за стартови над Ливерпул кои не се казнувани ама:

- Погба мораше да добие жолт уште у 30та минута со зафатот над Хендо (нешто што ќе напраеше да биде уште понепостоечки на терен, не дека може да изигра подно утакмица од оваа).
- Гол од офсајд
- Руни требаше да сркне црвен за стартот над Милнер, како што Стиви сркна пред некоја година, заслужен. (да додадеме дека Ловрен доби жолт за дааааааааааааалеку послаб старт, старт во кој ја собра и топката).
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.529
Поени од реакции
6.179
Најјако е што фанови на Арсенал, Челзи итн. пишуваат ''ваков"(демек слаб, никаков, катастрофален тим) Ливерпул а истиот на нивните тимови им фукна по 3-4 гола.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom