Само да повторам некој тврдења на некој самопрогласени „експерти„ овде на форумот. Луѓе кои пишуваат фермани а очигледно во животот не држале топка во рацете држеа предавања на форумот дека Червар бил прочитана книга, Стојанче бил завршена емисија, Манасков исто така, Лазаров на залез на кариерата и дека нема што да понуди и уште еден куп тврдења кои сега може да си ги земете со себе кога одите во ВЦ и да ги фрлите во шоља пред да пуштите вода.
Морав да те цитирам овде.
Јаката репрезентација сме ја победиле, па треба капи да му симнуваме

Секој што прати ракомет знае во каква ОЧАЈНА форма е Столе во текот на целата сезона во Вардар. И едноставно е, не е дека не добива шанса, туку не ја ни заслужува, затоа што е очобол. Што да кажеме за Манасков и неговата кариера?
Додава шишиња и пешкири во Рајн Некар, не е дека некој зборува за инает, фактите говорат.
Тешко дека некој зборувал против Лазаров. За сите членови на форумот е јасно дека Кире е алфа и омега во тимот, дека со една нога и една рака да игра, пак ќе биде најдобар.
Околу Червар. Првенството е на сам почеток за да се суди за неговиот учинок. Досега немаше некој посериозен тест.
Во баражот игравме против драстично ослабената Чешка и одвај поминавме, благодарение на големата победа во Македонија.
Во квалификациите за ЕП, победивме на мускули со Украина, без некоја убавина во играта, а загубивме како МАГАРИЊА од Чешка.
Го тепавме Тунис, во израмнет дуел, екипа која преклани ја раштимавме 100 разлика, а лани не отворија како црква во недела, ама екипа која не е никакво мерило за нашата јачина.
Составот реално е слаб, не ни може многу да му се замери на Червар, дури и да останеме само на две победи. Ама победата над Тунис не е нешто неочекувано, па да пишуваш вакви постови.
Шансите беа 50-50, се беше отворено на тој дуел, не е дека сме биле аутсајдери па сега треба да летаме во облаци.