Australian Open 2017

Кој ќе го освои Australian Open 2017?

  • Andy Murray

    Гласови: 10 17,2%
  • Novak Djokovic

    Гласови: 18 31,0%
  • Milos Raonic

    Гласови: 4 6,9%
  • Stanislas Wawrinka

    Гласови: 4 6,9%
  • Kei Nishikori

    Гласови: 1 1,7%
  • Dominic Thiem

    Гласови: 2 3,4%
  • Rafael Nadal

    Гласови: 13 22,4%
  • Roger Federer

    Гласови: 11 19,0%
  • некој друг (наведете во мислење)

    Гласови: 3 5,2%

  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Случајно се разбудив накај 5 и нешо, пуштив само да проверам резултат, тогаш само што заврши вториот сет. Видов тогаш дека има пренос, незнаев дека пренесуваат квалификации и го гледав третиот. Лина сервираше одлично, речиси сите поени на прв сервис ги освојуваше, имаше доста асови и сервис винери. На втор сервис пак беше очајна, не памтам поен да зеде на втор сервис во третиот сет. Викери подобро го почна третиот сет, подобра беше на терен и имаше прва брејк топки. Според мене еден доста важен поен го одлучи сетот на 1-1, Лина на сервис, 30-30, Викери имаше еден смеч на мрежа во спротивната страна од која беше Лина, но успеа со краен напор да го стигни топчето и да го врати в терен и во продолжение го освои поенот и спаси да не дојде до брејк топка. Веднаш потоа во наредниот гејм Лина направи брејк и тоа од 30-0 за Викери. После тоа како да се распадна Викери, ептен агресивно играше, Лина повеќе чекаше на нејзини грешки.

За пофалба се и 20тина Македонци што ја следеа, се отепааа од навивање. :cuc:[DOUBLEPOST=1484221323][/DOUBLEPOST]
15940813_1222461301164661_605071457012000334_n.jpg


:sekcza::sekcza::ljubove:
Deka ima prenos?
 
Тепала Лина а? Го гледаше некој мечот?

Не сум пишувал никогаш на делот за тенис (обично сум строго НБА + ракомет, иако одамна пратам и женски тенис), ама ете случајно испадна да сум буден рано (оти сум ненормален :D) и на грешка ја фатив рано во првиот сет, (мислев е завршена и сакав резултатот да го видам) па решив да погледам (изгледав некои 80-90% од мечот).

Не беше лоша Лина, очигледно е дека има солиден потенцијал и дека вреди да се работи со неа.

1 сет: Лина лесно доминираше, Vickery тоталка беше надвор од дуелот, грешки милион. Лина беше подобра на противничкиот сервис отколку на својот. Од 2-2 ги освои следните 6 гема и попатно го освои првиот сет.

2 сет: Со последните 2 гема од серијата од 6 последователни поведе и во вториот со 2-0, но после тоа несфатливо наместо да финишира, почна да се распаѓа. Истовремено и Vickery значително го подигна нивото на својата игра и релативно лесно направи пресврт и израмни на 1-1 (имаше серија од 5 гема од 1-3 на 6-3). Vickery почна да игра малку поофазнивно, а Лина почна да греши.

3 сет: Голема битка имаше на стартот на третиот сет и во првите неколку гема се чини се скрши натпреварот. Психички Лина надвладеа и откако го направи првиот брејк, Vickery веќе до крај изгуби контрола врз натпреварот.

Се на се на прв поглед (само малку од еден претходен натпревар имам гледано),

позитивно:
- доста солиден прв сервис, иако дури во третиот сет имаше некој повисок процент, претходно доста и на втор сервис се играше. Имаше дури 11 аса, главно во 3 сет.
- опасен форхенд, има и јачина и прецизност (особено топ спин паралела).
- доста солидна игра на мрежа (се гледа дека не случајно е добра во двојки)
- кондициски делуваше солидно, во однос на движењата просечно

негативно:
- Имаше премногу почетнички грешки со бесмислени форхенд слајс обиди
- на прв поглед не бев импресиониран од бекхендот
- тактички има доста простор за напредок
- доста неконстантна беше во залагањето. На моменти изгледаше супер концентрирано и целосно беше влезена во ударите и поените. Други моменти како незаинтересирано и бесмислено да го удираше топчето (ова веројатно е дел и од неискуството).

Штета е што 90% на земја игра, имам впечаток дека ако тренира квалитетно на подолг рок побрзи подлоги повеќе ќе и одговараат. Поголем потенцијал има како напаѓач отколку како дефанзивец според мене.

П.С. Да се надеваме доволно ќе напредува наскоро па да можеме полесно да ја гледаме на ТВ турнири.
 
Во воведното мислење од темата имам оставено линк каде можат да се следат натпреварите од сите терени.
Лина игра против Далма Галфи и според букмејкерите е сличен аутсајдер како вчера против Викери.
Интересно е тоа што повторно ќе го игра третиот меч на теренот број 22, а за да дојде на ред ќе треба да ги чека мечевите Boserup-Glushko и McGee - Millot. По некоја слободна проценка би требало да игра околу 3 30 - 4 00 на утро по македонско време.[DOUBLEPOST=1484265954][/DOUBLEPOST]Официјалниот жреб ќе се пренесува во живо на фејсбук, церемонијата веќе започна. Еве линк.

Djokovic - Verdasco прво коло.
 
Последно уредено:
Мaреј
1/4 Нишикoри
1/2 Вaвринкa
Финaле Ѓoкoвиќ

Ѓoкoвиќ
Имa две мини
Вердaскo у првo и Димитрoв у 4тo
1/4 Тием/Гoфaн
1/2 Рaoниќ/Мoнфис/Зверев
 
Мaреј
1/4 Нишикoри
1/2 Вaвринкa
Финaле Ѓoкoвиќ

Ѓoкoвиќ
Имa две мини
Вердaскo у првo и Димитрoв у 4тo
1/4 Тием/Гoфaн
1/2 Рaoниќ/Мoнфис/Зверев
Мареј 1/4 финале Роџер. Ќе видиш кога ќе го плесне Роџо на Јапанчево.
 
Nadal to final :
1st - Florian Mayer
2nd - Baghdatis/Youzhny
3rd - A.Zverev
4th - Monfils
QF - Raonic
SF - Djokovic
F - Murray
 
Како што стои со временската прогноза, скоро невозможно Лина да го одигра својот меч денес.[DOUBLEPOST=1484294735][/DOUBLEPOST]Престана дождот во Мелбурн, по крајот на мечот McGee - Millot, на терен 22 Лина ќе игра против Галфи. Мечот треба да започне за околу еден час.
 
Последно уредено:
Зашо да тролам? 1/8 Кирјос (што може и да откаже ради коленото), 1/4 Чилич, Сок, Цонга.
Аиииииии Лина ли е Плискова ли е :D :ROFLMAO: . Рано е, да не бидам малер, ама до сеа како ја доминира од основна... И сервира доста подобро. Ептен агресивна е само да не почне да лупа зицери у аут.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom