Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Сакав да пишам нешто за 2016та во врска со филмовите ама се сетив дека и овде е како во мојата струка да годината се затвара во март 2017та :)
 
Еееј мајка и била на Кери Фишер оваа...:(
 
@Corvus ме кара не сум постирал тука..

Passengers - Мех. Филмов е така досаден што да имаше инди директор ќе го сметаа за ремек дело. Е до толку ништо не се дешава.
Не е срање пошто покажува here and there glimpses од што тоа можеше филмов да биде...али буквално ништо посебно. Ова му доаѓа ко на некреативен човек да му текнало "Еееј ќе направам филм со интересни теми!" и потоа ништо не направил со тоа само некако си дополнил празнини за да испадне филм што ќе има нешто без нешто.

Лоренс не ја хејтав у филмов, солидно глумеше, ама има лајк од мене Крис Прат за неговово глумење во филмов. Во сите блокбастерски филмови негови сегде ми беше ист освен во овој филм (ГотГ, Магнифисент 7, Џурасик Ворлд), овдека малце повеќе ми изгледаше ко да пробал да биде повеќе од Крис Прат. Во претходниве филмови што ги спомнав некако не ми изгледаше ко сам да може да држи филм, али тука мислам дека покажа leading power.

Се на се. Forgettable филм што ќе беше поуспешен на боксофисот да имаше паметни луѓе задолжени за маркетингов на филмов (или барем луѓе што не се ретарди)

П.С. Да не планира уште некој да иде на Пат и Мат во Синеплекс другата недела? :ROFLMAO:
 
Passengers - Мех.
А бееее земав веќе карта за у недела аааааааааа
Кој те врти бе. Си имам зацртано дека ќе биде добар филмот.
Џенифер Лоренс. Со трејлерот со водата со телото нејзино... а бе топ ќе ми биде филмот, не замарај!
Анон бил на кино Моана да го гледа :ROFLMAO:
Еве го овој каков заклучок извади од Moviespotting.
Ајде да разговараме повеќе околу тоа :D
Мислев дека е некој трибјут на оваа
https://en.wikipedia.org/wiki/Moana_Pozzi
 
Па сосема ок филм е Моана, нема проблем и без внуче да се гледа...
А бееее земав веќе карта за у недела аааааааааа
Кој те врти бе. Си имам зацртано дека ќе биде добар филмот.
Џенифер Лоренс. Со трејлерот со водата со телото нејзино... а бе топ ќе ми биде филмот, не замарај!

Еве го овој каков заклучок извади од Moviespotting.
Ајде да разговараме повеќе околу тоа :D
Мислев дека е некој трибјут на оваа
https://en.wikipedia.org/wiki/Moana_Pozzi
Буквално таа сцена што ја спомна со Лоренс облечена во тоа што е облечена како скока во вода е без поента. Чисто да се види дека ете Лоренс чила во бродот. И има и уште еднаш или два пати истата сцена од 5 секунди. Тоа е тоа. :D

Али да, секси си е Лоренс во филмов :D[DOUBLEPOST=1483055444][/DOUBLEPOST]Уствари таа сцена е буквално фан-сервис и ништо друго :D Не дека би се бунел некој нели :D
 
Анон бил на кино Моана да го гледа :ROFLMAO:
Не сфаќам што е "проблемот" :D.. јас бев и на Моана и на Зутопија и на Синг во кино, и ако има нешто различно, тоа е што се поубаво друштво дечињата него ли средношколците и студентите
П.С. Да не планира уште некој да иде на Пат и Мат во Синеплекс другата недела? :ROFLMAO:
Ја денес го изглеав, приватна проекција.. јас пат и мат. Не прочитав ништо за филмов и едино за тоа се разочарав малку, што беше само збирка на нови кратки, а ја очекуев долгометражна приказна.. важно на ниво си беа, цареви :D
 
Ептен според очекувањата беше The Girl On the Train. Очекував малку повеќе од главниот лик заради книгата ама некако целиот филм ми беше во стилот на Очајни Домакинки. Може една оцена повеќе е ама од мене 7ца.
 
Седнав да го гледам The Magnificent Seven иако не сум по вестерни. Некако Тарантино со The Hateful Eight му даде шарм на жанров. Барем за мене. Очекував повеќе, трејлерот беше поарен, очекував барем приближно да биде како Hateful Eight на Тарантино, ама ништо од тоа.
 
Седнав да го гледам The Magnificent Seven иако не сум по вестерни. Некако Тарантино со The Hateful Eight му даде шарм на жанров. Барем за мене. Очекував повеќе, трејлерот беше поарен, очекував барем приближно да биде како Hateful Eight на Тарантино, ама ништо од тоа.
Нормално лол, филмот е The Hateful Eight за сиромашни.
 
Не зезајте, The Hateful Eight цел филм беше со 8 души и како си прават муабет. Овој скроз има друг начин на претставување на работите, не знам мене ни на крај памет не ми текнало да ги споредам, ниту мислам дека можат да се споредат од некоја гледна точка.
 
The Girl on the Train. 7. Оддамна сум немал поантипатичен главен женски лик на филм, што значи Емили Блант одлично изглуми. Ги собрале Дона од СевнтисШоу и Фиби од Френдс бе! Да видиме колку остареле чисто :ROFLMAO:
 
Просечен филм The girl on the train. Може да се каже и подпросечен. Цел филм беше некако рамномерен. Никаква промена, никаква тензија. Воопшто не успеа да те заинтригира.
Од почеток се обидоа да наметнат неколку можни сценарија, но расплетот се наѕираше уште на сред филм, барем за мене...
Очекував дека ќе биде биде како Gone Girl, но ме разочара. Иначе кога сме тука, таа кучката, втората жена, што и го превзема мажот, такво има некое антипатично лице што од кожа ме вадеше секој пат кога ќе ја видев. Не знам дали глумицата е таква или така изглуми. :D
На крај филмов може само да му се допадне само на понежниот пол, посебно на оние кои изглегле од долга врска во скоро време, во која биле со некое преварантско ѓубре.
Се чудев зошто Хоуп го има оценето само со 5, но после гледањево потполно ја разбирам. Од мене, со тешко срце добива една преодна 6, за атер за книгата. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom