Каде се и што прават?

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Добро е постои видеото на јутуб сеуште :icon_lol:
Гето стил, санкир Бруклин се. То уствари Охрид пред коцкарница да ти биле, мања-веча, црно-црвено...
Ќе си помагале меѓу себе, он на неа а она нему за рап ќе му помагала.

Ете од многу што му помогнала она сега е јак рапер со пчелите рап битки води :icon_lol:
Оваја коконава фураше не ми теквит как се викат, учеше гимназија и Биљи и го тури. Ај шо и го тури после истаде шо истаде некоја си песна "Презерватив", ти незнајш кој ремет му го маваја на братот, абе низ нозе го фаќаја до солзи дур не пуштит го дриблаја.
Тука си е Владо. Пее по клубови, натака навака. И постојано дур пее го потенцира стихот од Евергрин: „Често на улица ќе наслушнам, види го шета како ѓавол сам, ма луѓе се, нек си прозборат“. Така нешто, ама често знае така да нагласи за хејтерите што збореле против него, во тој контекст. :P Башка песната Е, ама јас те сакам тебе му е поприлично нова мислам. Пјер е малку постара... така да тука е некаде. :D

Него кај се овие од ХХЛ? Посебно едната што пееше: За да го потсетАААаАм? :ROFLMAO:
Овај Владе многу нешо мангуп тип, демек сум јас:pos:
Пред некоја година на сам ден Водици, кај шо имавме резервирано во еден локален ресторан, ти идат Владе. И сеа ние пред време дојдени си стојме на шанк си акаме пивцина и батево му викат на келнерот (мој познаник) "Сакам маса овде" и покажвит каде со прст. Во ресторанов динга келнеров му викат "Извинете, немат слободна маса"
Во меѓувреме нашата маса барат сметка кај друг келнер и си чекаме ние легачана полека да станет да си седниме.
Владе вријат, го барат пак келнеров и му викат онаја маса ја сакам онде. Тој му кажвит резервирана е. И идат Владе кај нас, на шанк ни викат да ви дам пари за пијачкиве. На шо луди брат Мите му викат "Бегај бе, тој ќе ни даел пари, ние не сме проститутки":pos:
По шо првин шанкеров почвит ненормално да се смејт а ние почвиме да се превртвиме натре, виде не виде Владе си фати нафуран си замина:pos:
Ние појма неаме, шакеров викат овај е Владо Ј., ние уш толку се пресмеавме. Уствари тој стварно да ти бил, песни пеел.
 
Последно уредено:
Угро?
Нулта Позитив?
Нови Дечки?
Александра Пилева?

Мече од Нулта Позитив живее и работи во САД. Другиот стана свештеник, отец Максим мислам се викаше. После слушнав дека бил од оние што го поддржуваа Јован Вранишковски, па бил расчинет. Само не знам дали ова последното е вистина.

За Нови Дечки, Коки е син на Трифун Костовски, така да води голем дел од фамилијарните бизниси. Камењар како што знам е менаџер на ноќен клуб во Скопје. За другите двајца немам појма, ваљда и тие вртат некои бизниси.
 
За Нови Дечки, Коки е син на Трифун Костовски, така да води голем дел од фамилијарните бизниси. Камењар како што знам е менаџер на ноќен клуб во Скопје. За другите двајца немам појма, ваљда и тие вртат некои бизниси.
Па не баш. Мац беше дел од М&Ф месарите, кафичот и се збореше дека тотално банкротирале, а тој работел во Кам маркет негде. Четвртиот мислам дека има кафич у Дебармаало. А камењар нели беше некој инспектор во МВР или така нешто.

Стварно, со „мегапопуларниот“ :D Угро што се дешава?
 
Стварно, со „мегапопуларниот“ :D Угро што се дешава?
Пишав тука во темава аали ај ќе повторам и ќе надополнам.
Угро едно време имаше емисија на Скај Нет и им снимаше спотови на рапери. Еднаш сними песна со Фифи. После тоа замина да работи на брод и од кога се врати беше гостин во емисијата Во недела попладне на Алфа каде збореше за работата на брод. Женет е и мислам дека има две деца.
 
Овој лик? Хит до хит беше човекот. :)

 
А оваа забеганава што водеше Сител Бамбини? Баш ме занима каква е сега и што работи.
hqdefault.jpg
 
А оваа забеганава што водеше Сител Бамбини? Баш ме занима каква е сега и што работи.
hqdefault.jpg

Девојкава го имаше најиритирачкиот глас што некогаш се има појавено на македонскиве телевизии. Ја слушаш 15 секунди и добиваш воспаление на уши :несвест:
 
Глорихантери имало и во МК? ништо чудно уствари.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom